Author: Ана Василевска

Косовската царина потврди дека значително е намален влезот на српски производи и дека во јуни и јули годинава вредноста на увозот од Србија на Косово изнесува речиси 20 милиони евра, односно над 50 милиони евра помалку од истиот период лани. Од Косовската стопанска комора (ПКК) соопштија дека во јули вредноста на стоката што влегла во Косово од Северна Македонија надминала 30 милиони евра, јави дописникот на МИА од Белград. Србија до забраната за увоз беше меѓу земјите со најголемо присуство на своите производи на Косово, додека стоката што ја има во продавниците, пред се храната, увезена е пред 15 јуни.…

Read More

Министерот за здравство Фатмир Меџити на денешната прес-конференција која ја одржа заедно со в.д. директорите на Клиниката за онкологија д-р Виолета Клисаровска и Хаљид Матоши, истакна дека тие имаат увид во она што се случувало на Клиниката за онкологија, дека се што е побарано од нив од МВР и од обвинителството им е дадено, но за тоа кој е одговорен за криминалот таму одговори треба да даде обвинителството. Меџити рече дека во периодот кога тој е министер состојбата на онкологија е променета. За биолошката терапија за пациентите сега не одлучуваат еден или двајца доктори туку раководителите на сите 12 оддели…

Read More

Поради внатрешни несогласувања и меѓусебни обвинувања, малата радикално десничарска и националистичка грчка партија Спартанци, која на изборите во јуни годинава првпат обезбеди место во Парламентот, остана без петмина пратеници, откако тројца беа избришани, а двајца одлучија да станат независни, јави дописничката на МИА од Атина. Партијата на изборите на 25 јуни доби 4,68 отсто од гласовите и 12 пратеници, како и отворена поддршка од осудениот поранешен пратеник од Златна зора Илиас Касидиарис, а сега пратеничката група на Спартанци остана со седум членови. На расправата во Парламентот во четвртокот посветена на пожарите во Грција, лидерот на партијата Василис Стигакс, кој остана…

Read More

Активните и идните македонисти знаат дека секое ново делче од мозаикот во запознавањето на македонската култура ќе им биде драгоцено во пренесувањето на нивното знаење со љубов кон нивните студенти или кога ќе преведуваат од македонски на своите јазици. Зоран БОЈАРОВСКИ, Камера и фотографија: Игор ЧАДИНОСКИ Екипата на Рацин.мк го посети Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура (МСМЈЛК) што се одржуваше во Универзитетскиот центар на УКИМ во Охрид еден ден пред неговото затворање. Дел од учесниците веќе беа заминати, некои заминуваа тој ден, но во хотелот и во паркот покрај брегот на Охридското Езеро сѐ уште можевме да…

Read More

Прес-конференција на министерот за здравство Фатмир Меџити во врска со случувањата на ЈЗУ УК за онкологија и радиотерапија, на која ќе присуствуваат и директорите на УК за онкологија и радиотерапија, д-р Виолета Клисаровска, медицински директор, и Хаљид Матоши, организациски директор.

Read More

Според првични информации од случајот со онкологија, мајндмастер на криминалната група е Македонец а негов прв асистент е Албанец. Би требало да е небитен етничкиот аспект бидејќи се работи за криминал од невидени размери. Но, нагласувањето на делот со Косово и наративот “лекот што требало да го земе македонецот бил продаден на албанци/косовари” е сосема погрешен, напиша Агим Селами од ЗИП институтот, на својот профил на Фејсбук. Дали само Македонецот боледува од рак? И дали знаете дека превалентноста на ракот кај Албанците (поради понизок квалитет на живот, понизок степен на свесност за здрава нутриција, и редовни превентивни здравствени прегледи) е…

Read More

Адмиралот Бауер на денешната заедничката прес-конференција со министерката за одбрана Славјанка Петровска и началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски посочи дека покрај придонесите што нашата држава ги дава на Алијансата, како што е поддршка за борбените групи во Бугарија, Латвија и Романија и на Косово, трупите на Северна Македонија служат под знамето на НАТО во мировна мисија. Адмиралот истана дека за три години Северна Македонија постигнала импресивно ниво на воена интеграција во НАТО. -Вие придонесувате и во силите за одговор на НАТО кои ја гарантираат безбедноста и одбраната на сите сојузници. Од влезот во НАТО Северна Македонија презеде важни чекори…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски во врска со случајот на Клиниката за онкологија за тврдењата за продавање на цитостатици денеска изјави дека пардон нема да има за никого, и побара случајот да не се политизира бидејќи како што кажа се работи за мултипартиски и мултиетнички криминал. Правото на протест на граѓаните е добредојдено, според него, бидејќи врши дополнителен притисок да се реши случајот. -Нема да се дозволи никаков притисок, ниту политички, ниту етнички, ниту каков било друг. Инволвираните ако сакаат нека бидат членови и на свети СДСМ, и на свето ВМРО, и на свети ДУИ тој што се огрешил има да одговара,…

Read More

Речиси половина од големите компании во Швајцарија веќе станаа жртви на кибер напади, често со големи последици, се вели во студијата објавена денеска. Во извештајот се посочува дека 45 проценти од компаниите во Швајцарија, кои имаат 250 вработени или повеќе, веќе биле погодени од најмалку еден кибер напад, според најновиот извештај на SwissVR Monitor. Студијата, спроведена од консултантската компанија Deloitte и Универзитетот за применети науки и уметности во Луцерн, помеѓу средината на мај и почетокот на јули, покажа корелација помеѓу големината на компанијата и ризикот од кибер напади. Врз основа на анкета на 400 членови на одбори и од поголеми,…

Read More

„Ако во деведесетите години битката на таа генерација била да ја создадат независна Македонија, наша битка е да ја однесеме државата во ЕУ и да се избориме со криминалот и корупцијата“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21. Тој додаде дека таа битка мора да биде завршена поради иднината на оваа држава и на граѓаните, особено на младите. „Поради тоа сите механизми мора да бидат искористени. Мора да се води сметка да се применуваат антикорупциските политики во институциите, за да имаат тие кредибилитет да може да работат и да влијаат против коруптивните влијанија и надвор“…

Read More

ТОНИ ПОПОВСКИ Да бидеш граѓански патриот наспроти тврд и параноичен националист, значи да си подготвен без оглед на околностите да останеш на повисока – цврста почва и да избегнеш меѓусебна омраза, пресметки и конфликти. Да бидеш граѓански патриот наместо параноичен националист значи дека си вистински Европјанин и да се стремиш да бидеш интегриран во ЕУ како семејство во кое преовладуваат демократски и цивилизирани држави. Последното издание на угледниот и влијателен седмичен магазин „Економист“ е насловено „Како параноичниот национализам корумпира“ и проследено е со тематски осврт на уредникот како и подолг и сеопфатен – аналитички  прилог насловен „Како циничните лидери камшикуваат…

Read More

Со обновата на македонската опера „Лидија од Македонија“ од нашиот композитор Ристо Аврамовски, на 16 септември почнува новата сезона во Националната опера и балет (НОБ). Диригент на претставата е Иван Еминовиќ. Режисер, Пламен Карталов од Бугарија, обновата на режијата е на Трајко Јордановски, сценографијата е на Панче Минов, а костимографијата на Елена Дончева. Во главните улоги ќе настапат Наде Талевска Спасовска во улогата на Лидија, Игор Дурловски во улогата на Павле, Драган Ампов во улогата на Силас, Марјан Николовски / Никола Стојчевски во улогата на Тимотеј, Васко Здравков во улогата на Ангелот човек, Ана Ројдева Талевска / Катерина Стојановска -Асиа,…

Read More