Author: Ана Василевска

„Нема збор што може да ја опише самата помосила за тоа што се случувало на Клиниката за онкологија. Најблаго кажано е дека се изгубила човечката димензија. Ова се состојби што траеле подолг временски период. Имаше неколку јавни написи, одредени пријави до МВР и ОЈО, поради што се отвори предметот и се преземаат процесни дејствија“ рече министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „Клик плус“ на ТВ21. Тој додаде дека колку и да е лошо и колку да боли овој случај мора да биде истеран до крај и мора да се анализираат сите аргументи и докази што се пронајдени. Министерот Спасовски…

Read More

Шпанскиот актер Габриел Гевара, ѕвезда на шпанската франшиза за тинејџерски филмови „Амазон прајм“, „Моја грешка“, е уапсен за време на филмскиот фестивал во Венеција под обвинение за сексуален напад. Апсењето е потврдено од Венецискиот филмски фестивал. Гевара беше баран со меѓународна потерница против него за наводен сексуален напад во Франција. Апсењето првично беше објавено од венецискиот дневен весник La Nuova Venezia. „По вестите што се појавија на различни веб-страници, во врска со апсењето на шпанскиот актер Габриел Гевара во Венеција, Биеналето со ова појаснува дека неговото присуство во Венеција не било поврзано со какви било настани или продукции поврзани…

Read More

Фрапантни и згрозувачки се јавно достапните информации за сомнежите за злоупотреба на терапијата за лицата болни од рак. Наместо на тие лица соочени со најтешката дијагноза да им пружи целосна поддршка и заштита, здравствениот систем очигледно потфрлил, со што е изгубена довербата не само кај тие болни, туку е доведен во прашање и квалитетот на лекување на секој иден пациент, оценува претседателот на државата Стево Пендаровски по последните случувања на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија. Пендаровски повикува на брзо и ефикасно комплетирање на истрагата и на судско-обвинителско процесуирање без селективност, како и на соодветна казна за сите за кои…

Read More

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека одлучил да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников и да побара од парламентот да го замени оваа недела со Рустем Умеров, шеф на најважниот украински приватизациски фонд. Најавата за разрешување што Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата може да го потресе украинскиот одбранбен естаблишмент, најсериозно од почетокот на руската инвазија, јавија запдни медиуми. Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна да се обезбедат милијарди долари западна воена помош за воени цели, но неговото министерство беше оптоварено со обвинувања за корупција. „Одлучив да го разрешам министерот…

Read More

Европската комисија (ЕК) е загрижена од најавените измени во Законот за државјанство на Србија, кои би можеле да ги олеснат процедурите со кои странските државјани би можеле да добијат српски пасош, јави дописникот на МИА од Белград. -Комисијата изрази загриженост дека планираните измени на српскиот Закон за државјанство може да претставуваат ризик за јавната политика или безбедноста на Европската Унија (ЕУ), со оглед на тоа што граѓаните на Србија уживаат безвизен пристап до ЕУ, се наведува во писменото соопштение од ЕК доставено до Радио Слободна Европа (РСЕ). Во него се додава дека преку поедноставени процедури, граѓаните на трети земји на…

Read More

Ниту еден официјален претставник на ЕУ не рекол дека Западен Балкан нема да влезе во ЕУ се додека Унијата внатрешно не се доуреди, изјави претседателот Стево Пендаровски, кој одговараше на новинарски прашања по актуелни теми за време на неговата посета на Охрид. – Ние што подолго ги следиме процесите на европските интеграции знаеме дека тоа не е ништо ново. Макрон на почетокот на својот говор, специфично во тој дел каде зборува за внатрешно преуредување на ЕУ вели: ова што го кажувам сега ви го кажав и пред пет години. Тоа е неговата стара идеја за продлабочување, пред проширување или продлабочување…

Read More

Директорот на ИФФК „Браќа Манаки“ Симеон Мони Дамевски на денешната прес конференција го објави добитникот на Специјална Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност на 44. Фестивалско издание што ќе се одржи од 23 до 29 септември. Кинематограферот, чиј ракопис стои зад долгогодишната тандемска соработка со Џо Рајт („Покајание“, „Ана Каренина“, „Сирано“), зад „Ноќни животни“ (режија Том Форд), „Треба да разговараме за Кевин“ (Лин Ремзи), „Светски трговски центар“ (Оливер Стоун), „Часови“ (Стивен Долдри), „Висока верност“ (Стивен Фрирс), „Бакнежот на пеперутката“ (Мајкл Винтерботом), како и зад епизодата „Скок на глава“ од серијата „Црно огледало“, за која освои ЕМИ…

Read More

Под мотото „Живо наследство“ од денеска, па во наредните три месеци, ќе се одбележуваат Деновите на европското наследство во 2023 година, со организирање на десетици илјади настани во 48 земји. Целта на манифестацијата е да се покаже живописноста, различноста и значењето на културните традиции, знаења и вештини во Европа, преку одржување на културни настани, изложби, уметнички перформанси, интерактивни работилници, предавања и туристички тури. – Заеднички организирани од Комисијата и Советот на Европа, Деновите на европското наследство се можност граѓаните да научат повеќе за богатата и разновидна култура на Европа и да ја промовираат заштитата на нашето заедничко наследство за сегашните…

Read More

Шефот на шведската дипломатија Тобијас Билстром денеска изјави дека и понатаму се надева оти Турција ќе ја ратификува кандидатурата на неговата земја за членство во НАТО следниот месец кога ќе се состане турскиот Парламент на седница, како што беше договорено со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган на Самитот на Алијансата во јули, пренесоа британските медиуми. Шведска поднесе барање за членство во НАТО минатата година како одговор на руската инвазија на Украина, а повеќето членки на Алијансата брзо ја ратификуваа нејзината апликација. Сепак, Турција сè уште не го сторила тоа, наведувајќи ја својата загриженост за безбедносната соработка. По неколкумесечни притисоци, претседателот…

Read More

Во Зубин-Поток беше разоткриен графит со порака: „Кога војската ќе се врати на Косово“. Претходно се појави на фудбалски натпревар на навивачката група на Црвена Ѕвезда во Белград, а потоа и во градовите на Република Српска во Босна и Херцеговина, во Црна Гора и во Русија, јавуваат косовските медиуми. Албанија  денеска по втор пат ќе го преземе претседавањето со Советот за безбедност на Обединетите нации, откако во јануари минатата година стана дел од овој форум како непостојана членка. Ова се само дел од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од изборот на албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.…

Read More

ЕМИЛИЈА  ЦЕЛАКОСКА Дали денес се работи за дефицит од здраво расудување на македонските националистички партии да „опонираат“ со тотално истата бугарско-националистичка идеја (тогаш, не е опонирање, туку е колаборација), односно, како што ВМРО-ДПМНЕ инсистира, дистинкцијата да не се запишува во Уставот, или, пак, е предавство на македонската национална кауза (тогаш, тоа, веројатно би било под диригентство на своите бугарски колеги од истоимените партии ВМРО во Бугарија), сигурно некои идни истражувачи ќе откријат. Откако министрите Османи и Маричиќ го пуштија зборот „дистинкција“ во етер, тој, некако, се изветви, како да не значи ништо. Овој март, на контекстот во врска со дистинкцијата…

Read More

Ние во моментов се соочуваме со блокада на државата од внатре. Ако досега сме имале блокади од надвор, сега за првпат имаме блокада која што е од внатре. Не смее нашата опозиција да остане коалиција на изолационизам како што беше досега и сметам дека имаме доволно време пред нас да го сменат своето мислење и за првпат во историјата на државата да поддржат одлука за интеграција на Северна Македонија, изјави премиерот Димитар Ковачевски. Дебатата со оглед на сериозноста на прашањата, според Ковачевски, ќе оди толку колку што е потребно за да се донесе одлука којашто ќе значи напредок на Северна…

Read More