Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Британското воено аташе во Москва, Андријан Когил, е прогласен за персона нон грата и мора да ја напушти Русија во рок од една недела, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението објавено на веб-страницата на Министерството се наведува дека денеска во МНР е поканет претставник на британската Амбасада во Москва на разговор на кој му е упатен остар протест поради „непријателската и неоснована одлука“ донесена од британските власти на 8 мај, кога беше протеран воениот аташе во руската Амбасада во Лондон. „Британскиот дипломат беше информиран дека, како одговор на гореспоменатата одлука, военото аташе во британската Амбасада во Москва,…
Две лица се тешко повредени, а уште четири се полесно ранети во напад со нож врз случајни минувачи во северниот швајцарски град Зофинген, на околу 50 километри јужно од Базел и германската граница, соопшти локалната полиција. Нападот се случил вчера околу 17 часот. -Имаме неколку повредени лица, изјави портпаролот на полицијата за ДПА, додавајќи дека тие се пренесени во болница. Полицијата соопшти дека добила повици дека маж нападнал луѓе со нож на локална железничка станица. Напаѓачот потоа избегал во блиската зграда, повредувајќи ги и лицата што ги сретнувал по патот. Полицијата на социјалните мрежи потврди дека насилникот бил уапсен од…
Премиерот на техничката Влада Талат Џафери смета дека имало договор за надгласување во Државната изборна комисија за прифаќање на одредени приговори за изборните резултати и прегласување, и оти на ваков начин се прави обид за изборен инжинеринг за менување на бројките во Собранието и изигрување на волјата на граѓаните. Изборниот процес кој беше оценет како кредибилен и демократски, сега е во рацете на Управниот суд, рече Џафери и повика сите институции да постапуваат согласно закон без партиски директиви од која било страна. -Како премиер на Владата на Република Северна Македонија и одговорен за успешноста на изборниот процес на претседателските и…
Вицепремиерот Битиќи прво ќе делува како независен пратеник, но ќе биде на линија со ВЛЕН кога ќе биде потребно Бадентерово мнозинство, а потоа и формално ќе стане дел од оваа коалиција, во чии рамки има размислувања дали да продолжат во сегашната форма или да формираат нов субјект, неофицијално дознава „Фокус“. Се уште актуелниот вицепремиер за економија, Фатмир Битиќи, кој најави оставка од позицијата потпретседател на СДСМ по дебаклот на претседателските и парламентарните избори, ќе стане дел од ВЛЕН, дознава „Фокус“. Според неофицијални информации, Битиќи нема да ги одмине внатрепартиските дебати и разврски во СДСМ по изборниот пораз, откако партискиот лидер Димитар Ковачевски најави…
Обидот за атентат врз словачкиот премиер Роберт Фицо има „политички мотив“, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток во болницата во Банска Бистрица, каде што Фицо (59) беше опериран, јави ДПА. Неговата состојба се оценува како животно загрозувачка. Борејќи се солзите, министерот за одбрана Роберт Калинак, исто така, ја нарече состојбата на Фицо „исклучително сериозна“. Калинак е еден од замениците на Фицо во партијата и владата. Според информациите на ТВ каналот ТА3, напаѓач е Јурај Ц., поранешен вработен во приватна фирма за обезбедување. И покрај ембаргото за информации, радиодифузерот можеше да добие видео снимка од болницата. Во неа,…
Министерството за правда изрази благодарност до турските власти за преземањето на сите неопходни мерки за екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, кој вечерва од Турција е пренесен во земјава и спроведен во истражниот затвор Шутка. – Министерството за правда и министерот Кренар Лога изразуваат голема благодарност до турските власти, особено до министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч за нивната брза реакција и преземањето на сите мерки за екстрадиција на Љупчо Палевски. Целата постапка се спроведе во релативно краток период за неполни пет месеци. Ова е добар знак за општеството и порака дека правдата ќе ве стигне, каде и да сте,…
Љупчо Палевски-Палчо, првообвинет за двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски е екстрадиран во земјава. Вечерва тој слета на скопскиот аеродром и се очекува да биде пренесен во затворот „Шутка“. Тој лани на 6 декември беше уапсен во Баликесир Турција, во обид да избега.
Словачките медиуми го опишаа напаѓачот како 71-годишен маж кој пишувал песни, а претходно работел како чувар. Обидот за атентат е прв врз висок политичар во историјата на модерна Словачка, која се стекна со независност во 1993 година. Словачкиот премиер Роберт Фицо моментално се наоѓа во болница по пукањето што се случи по седницата на неговиот кабинет надвор од дома во градот Хандлова. Словачките медиуми го именуваа стрелецот како Јурај Цинтула од малиот западен град Левице. Според словачкиот дневен весник „Денник Н“, осомничениот сторител е на 71 година, писател и основач на Книжевниот клуб ДАХА. Има напишано три збирки поезија и…
– Денешната средба меѓу претставниците на Белград и Приштина за изнаоѓање одржливо привремено решение за луѓето кои се најпогодени од регулативата на косовската Централна банка за забрана на сите останати готовински трансакции освен во евра, покажа дека страните не можат да најдат компромисно решение за преостанатите отворени прашања, соопшти вечерва Европската служба за надворешни работи. – ЕУ жали што денеска не можеше да биде постигнат договор и оценува дека нема подготвеност да се најде компромисен договор, се додава во соопштението. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, од 28 февруари, па до денеска, ова беше седма рунда преговори меѓу…
Рускиот претседател Владимир Путин и американскиот претседател Џо Бајден денеска го осудија атентатот врз словачкиот премиер Роберт Фицо и му посакаа брзо закрепнување на лидерот кој беше хоспитализиран откако беше ранет со неколку истрели од огнено оружје. Во телеграмата објавена на веб-страницата на Кремљ, Путин напиша дека е огорчен од „монструозното злосторство“, пренесуваат руските медиуми. „Го познавам Роберт Фицо како храбар и силен човек, навистина се надевам дека овие квалитети ќе му помогнат да ја издржи оваа тешка ситуација. Му посакувам брзо закрепнување“, напиша рускиот лидер. САД го осудуваат нападот врз словачкиот премиер, изјави американскиот претседател Бајден и порача дека…
Активист на граѓанското општество раскажува за Еуроњус како владејачката партија во Грузија почнала да создава непријателски амбиент за невладините организации финансирани од странство долго пред усвојувањето на таканаречениот „руски закон“. Грузија е вознемирена од некои од најголемите и најлути протести во нејзината модерна историја, откако нејзиниот парламент усвои закон со кој невладините организации кои добиваат значителна поддршка од странство да се регистрираат како „организации финансирани од странство“. Противниците го осудија Законот за странско влијание како „руски закон“ бидејќи наликува на законодавството наметнато од Кремљ. Законот претставува голем удар врз продемократските невладини организации кои работат против изборната корупција. Сепак, нивните проблеми…
Првиот заменик претседател на Владата за европски прашања Бојан Маричиќ учествуваше на Регионалниот состанок на министрите за европски прашања и финансии на Западен Балкан посветен на Планот за Раст. Регионалниот состанок му претходи на Лидерскиот самит на западен Балкан кој ќе се одржи утре, 16 мај 2024. Како што соопшти СЕП, средбата ја отвори домаќинката на регионалниот состанок, министерката за европски прашања на Црна Гора, Мајда Горчевиќ истакнувајќи ја важноста на соработката во регионот кој има заедничка визија. На средбата се обрати Герт Јан Копман – Генерален директор на генералниот директорат за соседство и преговори за проширување. (ДГ НЕАР), висок…