Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Пратеничката и претседателка на Либерално-демократската партија Моника Зајкова во интервју за Рацин.мк вели „да живееш во постојан страв дека сите ти се непријатели и дека еден ден ќе ти одземат се е само израз на сопствената несигурност“. За Зајкова постојаната реторика за избори во тек на значаен процес влева сомнеж дека сепак проблемот на опозицијата не е во дополнувањата на Уставот, ниту во стратешката определба за ЕУ, туку исклучиво во прашање е освојување на власта сега или никогаш, по секоја цена. Зајкова за Рацин.мк вели дека доколку до ноември не се создадат услови за одржување на Втората Меѓувладина конференција со ЕУ, опозицијата повторно…
Македонскиот филм „Домаќинство за почетници“ во режија и по сценарио на Горан Столевски ќе има своја премиера на 80-тиот меѓународен филмски фестивал во Венеција. Фестивалот е организиран од Ла Биенале ди Венеција, а ќе се одржи на венециското Лидо од денеска до 9 септември. Одбележувајќи ја својата 80 годишнина, фестивалот го потврдува своето влијание во филмскиот свет како најава за извонредни остварување и потенцијални номинации за Оскар пред сезоната на награди. На фестивалот ќе бидат прикажани филмски наслови како „Ферари“ на Мајкл Ман, „Маестро“ на Бредли Купер, „Догмен“ на Лук Бесон „Убиецот“ на Дејвид Финчер, „Присила“ на Софија Копола. И…
Индискиот ровер „Прагјан“ потврди присуство на сулфур, алуминиум, железо, калциум, хром, титаниум, манган, кислород и силициум во близина на јужниот пол на Месечината додека бара траги од замрзната вода речиси една недела по нејзиното историско слетување на сателитот на Земјата. Како што соопшти Индиската вселенска агенција, се очекува роверот од мисијата „Чандрајан – 3“ да спроведува експерименти 14 дена. Роверот бара знаци на замрзната вода што би можеле да им послужат на идните мисии на астронаутите како потенцијален извор на вода за пиење или за производство на ракетно гориво. Како што е најавено, роверот ќе ја проучува и атмосферата и…
Северна Македонија и Канада покажаа заедништво во зацврстувањето на безбедноста на источното крило на НАТО. Канада иако не е членка на ЕУ, цврсто е уверена дека местото на Северна Македонија е во Европската Унија, како единствен начин за зацврстување на стабилноста, напредокот и за понатамошен развој на трансатлантската соработка, заклучија на денешната средба министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерката за надворешни работи на Канада, Мелани Жоли, која е во посета на нашата држава. На средбата Петровска и Жоли разговарале за македонско-канадската одбранбена соработка, како и посветеноста на двете земји во зацврстувањето на колективната безбедност на НАТО, преку учество во мултинационалните…
Британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли денеска ја започна посетата на Кина, при што изјави дека Велика Британија сака да има прагматичен односи со Пекинг, но дека ќе остане на своите ставови во кои не се согласува со Кина. Клеверли прво се сретна со кинескиот потпретседател Хан Женг, кој рече дека посетата дополнително ќе го промовира стабилниот развој на билатералните односи. Тој рече дека би било грешка обидот да се изолира кинеската економија, како и борбата со климатските промени да се спроведува без придонес од Пекинг.
Основачот на ослогласената парамилитантна група Вагнер, Евгениј Пригожин е „жив, здрав и слободен“ – и ја планира својата одмазда, сензационално тврди рускиот пропагандист, политички аналитичар и теоретичар на заговор Валери Соловеј кој инсистира дека во авионот наместо Пригожин бил еден од началниците на платениците кога неговиот авион беше разнесен со одбранбена ракета во напад одобрен од самиот Владимир Путин. Шокантното тврдење доаѓа во момент кога Путин одлучи да не присуствува на погребот на неговиот поранешен близок доверлив, кој некогаш го одликуваше со највисоката чест во земјата, медалот Херој на Русија, пренесува Метро. Политичкиот аналитичар, поранешен професор на московскиот престижен Институт за…
Канада како искрен пријател и партнер ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија во ЕУ, а дава и силна поддршка на активностите во однос на нашето претседавање со ОБСЕ. Канада и Северна Македонија се силни поддржувачи, пријатели и сојузници на Украина, при што врвен приоритет останува војната во оваа земја, беше посочено на денешната заедничка прес-конференција на министрите за надворешни работи на Северна Македонија и Канада, Бујар Османи и Мелани Жоли. Османи на прес-конференцијата потврди дека со министерката Жоли, која денеска престојува во работна посета на нашата држава, имале продуктивна средба, при шти отвориле важни прашања за нашите билатерални односи.…
Војниците на националната телевизија објавија дека ја преземаат власта во Габон и прогласија поништување на изборите по објавувањето на победата на Али Бонго Ондимба. Ондимба бараше трет седумгодишен мандат и да ја продолжи 55-годишната политичка династија. Бонго дојде на власт во 2009 година по смртта на неговиот татко Омар Бонго, кој владееше со земјата 41 година. 64-годишниот Бонго го доби својот сегашен мандат со мала разлика во 2016 година поради насилните протести. Оваа година опозицијата се обедини во корист на неговиот главен предизвикувач, професорот по економија Алберт Ондо Оса, една недела пред изборите во саботата. Во саботата право на глас…
Веќе некое време, Чиончи – кој пишува за италијанскиот десничарски весник Либеро – се обидува да шири теорија на заговор велејќи дека папата Франциск е „антипапата“ поставен на функцијата да го замени Бенедикт Шеснаесетти – Џозеф Рацингер – со полиберални ставови и да биде прогресивна фигура. Пораките пренесени со мали авиони над италијанските плажи летово ја шират теоријата на заговор дека папата Франциск не е легитимен поглавар на Католичката црква. Авионите со чудни пораки за Бенедикт Шеснаесетти, поранешниот поглавар на Католичката црква, кој поднесе оставка во 2013 година, откако беше изнемоштен од здравствени проблеми, се појавија на беспрекорното сино небо…
Албанскиот премиер Еди Рама реагираше откако Европската комисија го коментираше предлогот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, кој изјави дека 2030 година треба да се постави како краен рок додека земјите-кандидатки и Европската унија не бидат подготвени за проширување. Портпаролката на Европската комисија, Дана Спинат, денеска на прес-конференција во Брисел рече дека „Европската комисија не е фокусирана на роковите во процесот на проширување на Европската унија“. На ваквиот став Рама преку објава на Твитер оценува дека „иако патувањето до дестинацијата може да биде бавно, останувањето во автобус на ЕУ дури и без седиште е побезбедно од седењето во руски…
„Отворената трибина: ЕУ за македонската економија” ќе биде одржана вечер на плоштадот Јадран во организација на Секретаријатот за европски прашања. Со трибината официјално започнува кампањата „Ние сме Европа“ во рамки на напорите на Владата за исполнување на стратешката цел – полноправно членство во Европската Унија, информираат од СЕП. Кампањата предводена од вицепремиерот задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ, ќе се реализира во осум градови низ државата: Скопје, Битола, Куманово, Охрид, Прилеп, Струмица, Тетово и Штип. Ќе бидат организирани серија настани и информативен караван под мотото „Саем на европски вредности“, на кои ќе се презентираат можностите и придобивките кои ги нуди…
Во Конгресниот центар на УКИМ во Охрид денеска ќе биде промовиран зборникот „Шопов на 11 јазици“, објавен по повод јубилејот 100 години од раѓањето на Ацо Шопов, а во рамките на 56. Летна школа на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (МСМЈЛК при УКИМ). Објавувањето на Зборникот е дел од националната програма „2023. Година во чест на Ацо Шопов“. Станува збор за единствен зборник од ваков формат во кој се објавени преводи на песни од великанот на современата македонска литература и култура, Ацо Шопов, на толку јазици, со вклученост на…