Author: Ана Василевска

Кандидатурата за претседател на СИРИЗА, утрово преку социјалните мрежи ја објави Стефанос Каселакис, со што е и петтиот кандидат во трката за лидер на грчката опозициска партија во пресрет на партиските избори на 10 септември, јави дописничката на МИА од Атина. Каселакис е 35-годишен бизнисмен кој живее во САД, а за разлика од неговите противкандидати кои се познати на грчката политичка сцена, станува збор за ново име и многумина во Грција коментираат дека е изненадување во трката за претседател на најголемата опозициска партија. Преку видео порака на социјалните мрежи, Каселакис ја претстави неговата кандидатура, говорејќи отворено за неговиот живот, за…

Read More

Проектот наречен „Здраво пријателе“ на Сара Харалсон и Барни Есвил има за цел да ја претстави кантри музиката во сите нејзини аспекти и варијации – класична и современа, во нејзината американска и европска верзија. Концертната програма ќе биде изведена само еднаш во еден град од секоја од земјите од источен Балкан. Концертната промоција во Скопје ќе се одржи во среда (30 август)  во Јавна соба, со почеток од 21.00 часот, а влезот е слободен за сите. Заедничкиот проект на Сара и Барни содржи интересна мешавина од кантри хитови, песни од новообјавениот албум на Сара Харалсон и оригинални песни од Барни…

Read More

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Прага со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Чешката Република, Петр Павел, со што почна неговата официјална посета на Чешка. Пендаровски, како што информираат од неговиот Кабинет, остварил тет-а-тет средба со претседателот Павел, на која биле потврдени пријателските односи меѓу двете држави. Потоа се одржал и состанок на двете делегации. – На средбата се разговараше за македонските аспирации за членство во Европската Унија, партнерството во НАТО, како и за состојбите во поширокиот регион, во контекст на војната во Украина, се вели во соопштението. Претседателот Пендаровски, како што најавуваат, ќе оствари средби…

Read More

Осум лица се прободени со нож, а стотици се уапсени по немирите што избија на карневалот во Нотинг Хил, западно од Лондон. Во критична состојба е 29-годишно момче, кое синоќа по 21 часот беше прободено со нож, 19-годишно момче е во тешка, но стабилна состојба, додека останатите шест лица се здобиле со повреди кои не се опасни по живот, пренесува „Скај Њуз“. Тие се повредени во одвоени инциденти. Во текот на двата дена на фестивалот, 275 лица беа уапсени поради голем број кривични дела, како што се сексуален напад, напад врз полиција и поседување дрога. Заменик-помошникот на полицискиот комесар Аде…

Read More

Филмската режисерка Тамара Котевска е првиот автор од Македонија која е поканета на ексклузивен настан во рамките на Фестивалот во Венеција, да одржи свечен говор за филмови, кои имаат моќно социјално влијание и прават општествена промена, каде и официјално ќе ја најави премиерата на нејзиниот нов долгометражен документарен филм „The Walk“. Ексклузивниот настан LIGHTS CAMERA IMPACT, секоја година кани 3 светски реномирани автори чие последователно творештво се филмови, кои имаат потенцијал да влијаат на општеството и да ја менуваат свеста на луѓето за одредени важни социјални теми. Првата ваква потврда за авторката се случува на филмскиот фестивал Sundance во САД,…

Read More

Албанскиот премиер, Еди Рама во својот говор за време на Стратешкиот форум во Блед, Словенија, ја спореди Бугарија со Русија, пренесе БГНЕС. „Бугарија лесно може да ја нападне Северна Македонија како што Русија – Украина, Хрватска лесно ќе ја нападне Србија, Србија – Косово, и Босна може да се нападне самата себе“, изјави тој. „Гледајќи го конфликтот во Украина и нејзиниот забрзан пат кон ЕУ, се прашувам: кој кого треба да напаѓа на овој панел за побрзо да влезе во Европската унија, како што тоа го направи Украина? И си одговарам: Бугарија лесно може да ја нападне Северна Македонија без…

Read More

„Амнести интернешенел“ денеска ги осуди „произволните притворања од политички причини“ во Венецуела, укажувајќи на „систематски напади“ врз населението и повика да се ослободат околу 300 лица, кои се сметаат за политички затвореници, пренесуваат француските медиуми. „Произволните политички мотивирани притворања во Венецуела продолжуваат да бидат дел од систематски и широко распространетите напади врз народот во оваа земја“, напиша невладината организација во својот нов извештај „Arrested Life“ за притворите во Венецуела меѓу 2018 и 2023 година. „Ова има за цел да ги замолчи луѓето кои не се согласуваат со владата на Николас Мадуро или со постигнувањето на други политички цели“, додаде невладината…

Read More

Откако популарната Школка во Градскиот парк беше обновена во 2019 година кога доби и нови рефлектори и озвучување, сега доби и уметнички дела со ликот на “Мајка Тереза” и Камениот мост. Школката е подготвена за нови дружби и градски забави. Објектот често се користи за културно-уметнички настани организирани во скопскиот парк. Извор: Градска.мк

Read More

Говорот на претседателот на Европскиот совет го гледам како една сериозна пресвртница во политиката на ЕУ кон проширувањето бидејќи за првпат после претходното проширување имаме временска одредница која што официјално лице на ЕУ ја претставува како можен термин за наредно проширување, вели во изјава за МИА вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ. Ваквиот сигнал од ЕУ, според Маричиќ, треба да се искористи и би било жално доколку ја пропуштиме шансата и се блокираме самите себеси. – Тоа е многу важен сигнал од ЕУ што ние мора да го искористиме. Тоа значи дека сите напори што ги вложуваме сега, оваа година,…

Read More

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека сака да изгради нов светски поредок во кој неговата земја ќе игра важна улога во „новата алијанса“. Тој повика на зајакнување на технолошката автономија и безбедноста на независноста на Европа, додавајќи дека зголемената координација меѓу Европејците не го поткопува, туку го зајакнува НАТО. Тој, исто така, повика на „градење на нови партнерства со текот на времето кои би ги вклучиле вселенскиот и дигиталниот сектор“. Зборувајќи за БРИКС, Макрон рече дека проширувањето на организацијата укажува на желба да се воспостави алтернативен поредок. „Обидите за промена на постоечкиот светски поредок се закануваат да го ослабат…

Read More

На маргините на Бледскиот стратешки форум, денеска, министерот за надворешни работи Бујар Османи заедно со министрите за надворешни работи на Косово, Доника Грвала Шварц, на Босна и Херцеговина, Елмедин Конаковиќ, на Хрватска, Гордан Грлиќ Радмн и заменик министерката за надворешни работи на Албанија, Меги Фино, учествуваше на работен појадок организиран од страна на министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон. Покрај шефовите на дипломатијата од државите на Западен Балкан на состанок учествуваа и специјалните претставници за Западен Балкан на Словенија, Анжеј Франгеш, на Норвешка, Арне Санес Бјорнштад, на Велика Британија, лорд Стјуарт Пич и на Австрија, Јоханес Ајгнер. Евроинтеграцијата…

Read More

„Сакам да ги потсетам овие луѓе дека заостанатоста е бескорисна и тие мора да разберат дека има правилна еволуција во разбирањето на прашањата за верата и моралот“, што овозможува доктрината да напредува и консолидира со текот на времето. Папата Франциск го осуди „многу силниот, организиран, реакционерен став“ во американската црква и рече дека католичката доктрина дозволува промени со текот на времето. Папата Франциск ја критикуваше „заостанатоста“ на некои конзервативци во американската католичка црква, велејќи дека тие ја замениле верата со идеологија и дека правилното разбирање на католичката доктрина овозможува промени со текот на времето. Коментарите на Франциск беа признание за…

Read More