Author: Ана Василевска
„Нема никого да подложувам на тортура. Јасно посочувам дека САД не избира влади за земјите на НАТО, но поставуваме очекувања. САД ги гледа како природни партнери оние кои се посветени на европската интеграција, на НАТО и на борбата против корупцијата“ рече заменик-помошникот државен секретар на САД, Габриел Ескобар одговарајќи на прашање за што ќе разговара со лидерот на опозицијата, Христијан Мицкоски. Ескобар додаде дека со Мицкоски ќе има отворен разговор и сака да ги слушне неговите ставови. „Се надевам дека ќе имаме повеќе да кажеме на јавноста по нашиот состанок“ рече Ескобар. Заменик-помошникот државен секретар на САД рече дека му…
„Војната во Украина е и војна на вредностите. Или поточно, руска војна против европските и демократските вредности. Но, и наша битка против ужасот, конфликтот, режимот и автократијата“ рече поранешниот премиер Зоран Заев на Корчуланската школа за тинк-тенк организации. Тој додаде дека од аспект на Украинците и нивните политички и воени лидери е војна против агресорот, борба за заштита на нејзиниот суверенитет и територија, но исто така и војна на вредности и битка меѓу демократијата и автократијата. „Станува збор за идеолошка војна на слободата и неслободата, односно тоталитаризмот, како два концепти врз основа на кои се уредуваат демократските, отворени и слободни…
Холандскиот производител на пиво „Хајнекен“ (Heineken) излезе од Русија така што ги продаде своите операции таму на руската групација „Арнест“ за симболично едно евро. Вториот по големина светски производител на пиво објави дека ги добил сите потребни дозволи за договорот и дека најверојатно ќе претрпи екстремно високи загуби од 300 милиони евра. Компанијата својата намера да излезе од Русија по руската инвазија врз Украина во март 2022 година, а сега признава дека целиот процес траел подолго од очекуваното. „Хајнекен“ имаше седум пиварници и 1.800 вработени во Русија, на кои им беше гарантирано вработување во следните три години. Холандската пиварница минатата…
САД биле, се и ќе бидат со нас во текот на сите клучни процеси за демократскиот напредок на земјата, од независноста до денес и се најголем поддржувач на остварувањето на двете клучни стратешки цели на државата а тоа е членството во НАТО, кое што го остваривме и она што следи, членството во ЕУ, рече денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со заменик-помошникот државен секретар на САД и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, кој е во посета на Скопје. Тој информираше дека на денешниот состанок разговарале за развојот на настаните и процесот во однос на нашиот еврооинеграциски пат,…
ЏАБИР ДЕРАЛА Не мора човек да се труди да прави сатира од националистичките, антидемократски и антизападни стуктури, партии и квази-(наведете сами). Овие ликови и групации се смешни и гротескни самите по себе. Уште повеќе, нема зошто да се манипулира со видео снимки од нивните јавни настапи, за да се убеди јавноста дека се антизападно ориентирани, дека го блокираат македонскиот пат кон ЕУ, како што го блокираа патот до членство во НАТО, враќањето на правдата и владеењето на правото. Јавноста знае кои се. Секој ден се занимаваат со производство на лаги, манипулации и омраза. Тоа им е работа. Притоа, неприфатливо е…
Европската унија решително ја осудува руската агресивна војна против украинската независност, што претставува очигледно кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право и се залага за воспоставување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, за барање одговорност од Русија и нејзиното политичко и воено раководство и за решавање на глобалните последици од руската агресија, порача заменик шефот во Делегација на ЕУ во Обединетите нации, Силвио Гонзато во обраќањето на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк посветен на Украина. Амбасадорот Гонзато потенцира дека ЕУ останува непоколеблива во поддршката на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и…
Палатата на нациите во Женева, Швајцарија, која е европско седиште на Обединетите нации, повторно ги отвори вратите за вработените откако утрово кратко време беше затворена поради неодреден безбедносен проблем, јавија британските медиуми. „Љубезно ве известуваме дека проблемот во Палатата на нациите сега е решен. Сите влезови се отворени и пристапот е дозволен“, се наведува во официјалното соопштение од Обединетите нации. Европското седиште на организацијата не даде детали за каков проблемот станува збор, а е поврзан со безбедноста. Палатата на нациите во Женева е дом на Советот на ОН за човекови права. Зградата е и центар за состаноци на дипломати, хуманитарни…
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска одби да донесе указ за разрешување на главниот секретар во МВР, Петар Тодоров. Во соопштението од бугарското претседателство се наведува дека разрешувањето на главниот секретар на МВР во овој момент ќе служи само за лични интереси, а не за јавноста. „Мотивите за предлогот за смена на Петар Тодоров од функцијата главен секретар на МВР се целосно политички и претставуваат продолжување на целосната чистка во оваа институција“. Наведените аргументи за неорганизираност и контрола врз работата на МВР се во остра спротивност со извештаите за работата на министерството за 2022 година и првата половина од 2023 година,…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ денеска ги започна консултациите со граѓанските организации за подготовката на стратешките документи кои се потребни за отворање на првиот Кластер, Патоказите, со цел, како што рече, „квалитетно и навремено да одговориме на барањата на ЕУ“. – За ова придонесот од граѓанскиот сектор е најважен поради знаењето кое го има, долгогодишната експертиза и вештините со кои располагаат во клучните области за Патоказите. Како докажан и кредибилен партнер на Владата во сите досегашни реформски процеси, вградувањето на знаењето, анализите и ставовите на граѓанските организации се исклучително важни во дефинирањето на приоритетите за реформските зафати во секоја…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина нема никаква врска со наводната смрт на Евгениј Пригожин, кој очигледно загина вчера во авионска несреќа во Русија, пренесуваат украинските медиуми. -Ние не сме вмешани во оваа ситуација, тоа е сигурно. Мислам дека сите се свесни за тоа кој е вклучен, рече Зеленски на прес-конференција во Киев, но не даде повеќе детали. Украинскиот претседател, наведе дека, најверојатно, зад падот на авионот на Пригожин стои рускиот претседател Владимир Путин, против кого Пригожин се обиде да изврши државен удар пред неколку месеци и експресно се откажа.
ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Очајничка и крајно лузерска е изјавата на Мицкоски дека „светот и Европа прават стратегија како да го скршат ВМРО-ДПМНЕ и оние 44 да изгласаат предавнички уставни измени во парламентот скроени по бугарски диктат“. Со оваа крајно афектирана и „штракната“ изјава на Мицкоски можеме да си играме мајтап или да ја земеме за сериозно. Гледам дека како таленти за мајтап, народот веќе ја пофати на тој начин и изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ сега е главен хит на социјалните мрежи, а богами и прва тема во кафеанските муабети. „И немојте да мислите дека е лесно, не е лесно. Силна…
Групата „Вагнер“ ќе стане уште поголема закана под контрола на Владимир Путин, смета полскиот премиер Матеуш Моравјецки, пренесува Скај Њуз. -Групата Вагнер сега ќе потпадне под команда на Путин, секој сам нека си одговори на прашањето – дали заканата ќе биде поголема или помала?, запраша поилскиот премиер „За мене тоа е реторичко прашање“, рече тој на прес-конференција. Приватната воена група до вчера беше под комплетна контрола на Евгениј Пригожин, за кој се смета дека загина во авионска несреќа. Платениците на „Вагнер“ во јуни и јули беа преместени во Белорусија, по бунтот предводен од Пригожин, при што нивното присуство во Белорусија…
