Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гонзато: Секоја иницијатива за мир во Украина мора да се заснова на почитување на нејзините меѓународно признати граници

0
By Ана Василевска on August 25, 2023 ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Силвио Гонзато
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, August 25, 2023 10:52

Европската унија решително ја осудува руската агресивна војна против украинската независност, што претставува очигледно кршење на Повелбата на ОН и меѓународното право и се залага за воспоставување сеопфатен, праведен и траен мир во Украина, за барање одговорност од Русија и нејзиното политичко и воено раководство и за решавање на глобалните последици од руската агресија, порача заменик шефот во Делегација на ЕУ во Обединетите нации, Силвио Гонзато во обраќањето на состанокот на Советот за безбедност на ОН во Њујорк посветен на Украина.

Амбасадорот Гонзато потенцира дека ЕУ останува непоколеблива во поддршката на независноста, суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, како и нејзиното право на самоодбрана од неиспровоцираната, неоправданата и незаконската агресивна војна на Русија.

– Бараме Русија веднаш, целосно и безусловно да ги повлече сите свои воени сили, платеници и воена опрема од целата територија на Украина во нејзините меѓународно признати граници, истакна синоќа Гонзато, додавајќи дека со ваквиот став, покрај земјите членки на ЕУ, се согласуваат и кандидатите за членство – Северна Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Молдавија, Украина и Црна Гора, потенцијалната земја кандидат Грузија, како и Андора, Монако и Сан Марино.

Според Гонзато, секоја иницијатива за одржлив мир во Украина мора да се заснова на целосно почитување на нејзината независност, суверенитет и територијален интегритет во нејзините меѓународно признати граници.

– Меѓународната заедница постојано ја изразува својата желба за сеопфатен, праведен и траен мир во Украина во согласност со Повелбата на ОН, резолуциите на Генералното собрание и меѓународното право. Ги поздравуваме сите напори во тој правец. ЕУ ќе ја поддржува Украина онолку долго колку што е потребно и ќе продолжи со својата работа за да обезбеди најширока можна меѓународна поддршка за клучните принципи и цели за мир во Украина, порача Гонзато.

Како што јави специјалниот известувач на МИА од Брисел, Гонзато нагласи дека ЕУ останува цврсто посветена на ставот дека Русија треба да одговара за нејзината незаконска агресивна војна против Украина.

– Меѓународниот центар за гонење за кривичното дело „агресија против Украина“ ги започна своите активности за поддршка во Хаг. Продолжува работата за формирање на Трибунал за гонење за кривичното дело „агресија врз Украина“, додаде Гонзато.

Амбасадорот истакна и дека ЕУ го поздравува формирањето на Регистарот на штети на Советот на Европа предизвикани од руската агресија врз Украина и повикува да продолжи неговата работата, во согласност со резолуцијата на Генералното собрание на ОН.

– Практиката на Русија за присилно пренесување и депортирање на украински деца е кршење на меѓународното хуманитарно право и Комисијата за истрага на ОН за Украина заклучи дека тоа е воено злосторство. Налозите за апсење на Меѓународниот кривичен суд против рускиот претседател и комесарот за правата на децата се клучен развој за да се повикаат сторителите на одговорност за нивните најтешки злосторства според меѓународното право. ЕУ ќе продолжи да го поддржува Меѓународниот кривичен суд во извршувањето на својот мандат во истрагата за ситуацијата во Украина, потенцира Гонзато.

Според него, ЕУ и замјите кандидатки за членство ја осудуваат и едностраната одлука на Русија да ја суспендира Црноморската иницијатива за житото, што предизвика несигурност на глобалните пазари, доведе до зголемување на цените на храната и ја влоши состојбата во земјите увозници на храна, најмногу засегнувајќи ги најсиромашните и најранливите.

– Црноморската иницијатива за житото овозможи извоз на речиси 33 милиони тони жито и прехранбени производи од Украина во 45 различни земји, што имаше клучна улога во намалувањето на глобалните цени на храната. Податоците покажуваат дека повеќе од половина од житото отишле во земјите во развој. Иницијативата, исто така, обезбеди пристап до жито за Светската програма за храна. Тврдењата на Русија дека нејзиниот земјоделски извоз е блокиран не се потврдуваат со јавно достапни трговски податоци, кои покажуваат дека нејзиниот извоз расте, додаде Гонзато.

Тој потенцира и дека Русија не само што се повлече од Иницијативата, туку „само неколку часа подоцна“ почна да ги уништува украинските складишта за жито и пристанишната инфраструктура, не само на Црно Море, туку и на Дунав.

– Намерното уништување на цивилната инфраструктура претставува кршење на меѓународното хуманитарно право. Ја повикуваме Русија да престане да ја користи храната како оружје, повторно да се приклучи кон Црноморската иницијатива за жито и да престане со намерните напади врз украинските постројки и пристаништа за жито. Правото на храна е човеково право и гладот никогаш не смее да се користи како политичка алатка. ЕУ ќе продолжи да ги поддржува неуморните напори на ОН и на Турција за продолжување на Црноморската иницијатива за жито. Остануваме отворени за изнаоќање решенија со ОН кои ќе придонесат за продолжување на договорот за жито, рече Гонзато, потсетувајќи и дека ЕУ прави напори за изаноѓање алтернативни патишта за извоз на украинските земјоделски производи.

Руска агресија Силвио Гонзато Советот за безбедност на ОН во Њујорк посветен на Украина.
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
ФОКУС
May 1, 2026Updated:May 2, 2026

103-ка

ВЕСТИ May 1, 2026

На денешен ден пред 35 години, на 1-ви мај 1991, точно во 06:00 часот, во…

Скопје: „За плата се бориме, не се молиме“ – протест на Сојузот на синдикатите на Македонија

May 1, 2026

„Не се молиме“ – првомајски протест на ССМ за повисока минимална плата

May 1, 2026

ССМ: Отворено писмо до работниците – Да живее Први мај / Работнички протест Работнички дом 1-ви мај, петок,11 часот

April 30, 2026
ТИКЕР

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.