Author: Ана Василевска

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека го зачудува ставот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека светот и Европа се свртеле против нив во однос на уставните измени, потенцирајќи дека тоа го потсетува на 11-те години на претходниот прв човек на опозициската партија. Пласирање на тези дека постои светска завера, наведува премиерот, во ниту еден случај не им оди во прилог на граѓаните ниту на државата, освен на политичка кариера на тој што го кажува. -Ставот мене ме зачудува. Јас имав интервју на една од националните телевизии на крајот на минатата недела кога кажав дека тоа што го слушам од…

Read More

Силата на Украина е во нејзиниот народ и во вашата храброст, вашата сила и вашата трајна надеж за иднина во мир и просперитет во обединета Европа, наведе претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен во честитката по повод денешниот Ден на независноста на Украина. – Денеска, кога го прославувате вашиот Ден на независноста, сакам да упатам најтопли честитки до секој од вас. Вие сте инспирација за сите Европејци! И ние ќе бидеме со вас онолку долго колку што е потребно за Украина да биде слободна. Заедно ќе извојуваме праведен и траен мир. Среќен Ден на независноста, Украина. Слава Украини!,…

Read More

Руските медиуми објавија дека по вчерашната авионска несреќа во близина на Москва е прнајдено телото на шефот на групата „Вагнер“ Евгениј Пригожин. Неговото течло е пренесено во Тверското регионално биро за судска медицина. Во близина на Бирото за судска медицина распоредени се голем број полицајци. Откако беше потврдено дека Пригожин загина во авионска несреќа, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда. – Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден член на „Вагнер“. Претходно беше објавено дека конвој возила на…

Read More

Француските власти денеска соопштија дека постојат „разумни сомнежи“ за причината за авионската несреќа во која се претпоставува дека загинал Евгениј Пригожин, шефот на руската паравоена група „Вагнер“. -Се уште не ги знаеме околностите на таа несреќа, имаме некои разумни сомневања, изјави владиниот портпарол Оливие Веран. Пригожин, додаде тој, беше „човекот што ја вршеше валканата работа на Путин. -Она што тој го направи е неразделно од политиката на Путин, кој му даде одговорност да врши злоупотреби како шеф на Вагнер. Пригожин остава зад себе масовни гробници. Тој зад себе остава неред низ голем дел од светот, мислам на Африка, Украина и…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Во овој текст се разгледува случај на употреба на израз што се појавува во неколку манипулативни медиумски содржини со исти пораки, што може да послужи како илустрација за начинот на градење на пропагандните наративи. Го дочекав и тоа. Во еден интернет медиум, инаку гласило на националистичката опозиција, во повеќе наврати ме нарекуваат медиумски тајкун. Ова секако дека ќе го прифатам, барем делумно, како комплимент, односно како признание, и тоа не само за мене, туку и за сите мои колешки и колеги со кои работам и соработувам. Од однесувањето на пропагандистите се гледа дека тоа што го правиме е…

Read More

Пишува: СЕРГЕЈ ГУРИЕВ / Project Syndicate Деновите по инвазијата на Украина на рускиот претседател Владимир Путин пред 18 месеци, Западот наметна невидени санкции на руската Централна банка, замрзнувајќи стотици милијарди долари во резерви. Рубљата падна вртоглаво, достигнувајќи рекорден пад од 136 за американски долар една недела по инвазијата. Но, откако Централната банка воведе контрола на валути и капитал, рубљата се врати назад, искачувајќи се на ₽51.5/долар – повраток кој Кремељ со нетрпение го пофали. Руските лидери имаат помалку за славење. Курсот за размена на рубљата нуди највидлив показател за рускиот економски перформанс, барем за руските домаќинства. Така, неодамнешниот пад на валутата под политички значајниот праг од ₽100/долар…

Read More

Со традиционалното садење на дрво и поетско читање во Паркот на поезијата во чест на добитникот на „Златен венец“ за 2023 година – македонскиот поет и писател Влада Урошевиќ, денеска во Струга почнува 62. издание на Струшките вечери на поезијата. Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата „Т`га за југ“ пред платото на Домот на поезијата. Годинашното мото на Фестивалот е „Чувствотворен јазик“, јазик што создава чувства. Во рамките на програмата предвидени се меѓународни поетски читања, поетско читање на поетите од потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“ за 2023 година, како…

Read More

Московскиот суд му го продолжи притворот на американскиот новинар Еван Гершкович за три месеци, објавија британските медиуми. Репортерот на „Волстрит журнал“ беше уапсен на 29 март во градот Екатеринбург под обвинение за шпионажа што може да донесе до 20 години затвор. Тој и весникот за кој работи силно ги отфрлаат тврдењата и ја обвинија Русија за ангажирање во „заложничка дипломатија“.

Read More

Откако беше потврдено дека шефот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин загина во авионска несреќа во близина на Москва, на социјалните мрежи се појави снимка од наводни членови на руската платеничка група кои најавуваат одмазда. – Многумина зборуваат што ќе направи „Вагнер“ во оваа ситуација. Ќе кажеме само едно – тргнуваме. Чекајте не, истакна еден член на „Вагнер“. Претходно беше објавено дека конвој возила на „Вагнер“ се движат од Белорусија кон Русија, но таквата информација не е официјално потврдена. Руското Министерство за вонредни состојби вчера соопшти дека приватен авион „Ембраер Легаси“, кој летал од Москва за Санкт Петербург, се урнал во близина…

Read More

Истрагите спроведени од Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) и Европското јавно обвинителство укажуваат на можни неправилности во спроведувањето на железничките проекти во Бугарија, се наведува во вчерашното соопштението на ОЛАФ. ОЛАФ заедно со делегираните обвинители на Европското јавно обвинителство во Бугарија спроведе истрага, проверувајќи евентуални неправилности во проектот финансиран од ЕУ за модернизација на локалната железничка инфраструктура, особено во постапката за набавка и спроведувањето на проектот. Според резултатите од истрагата на ОЛАФ, двајца од изведувачите кои го добиле договорот за јавна набавка или немале технички можности за спроведување на проектот или дале лажни информации за нивните финансиски можности.…

Read More

Заменик-помошникот државен секретар на САД Габриел Ескобар се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета на Северна Македонија, изјавија од прес-службата на Стејт департментот за Гласот на Америка на македонски, на барањето коментар за реакцијата на опозицијата пред посетата на Ескобар на Скопје. – Ескобар патува во Северна Македонија за да разговара за билатерални и регионални прашања и да продолжи да го зајакнува нашето партнерство со ценет НАТО сојузник. Тој се надева на продуктивни и заеднички дискусии со владините лидери за време на неговата посета, особено поврзани со идната интеграција во ЕУ и…

Read More

Постојат два начини како да се дојде до уставни измени: ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија да одлучи да даде поддршка под одредени услови за кои беше разговарано пред два месеци на лидерската и вториот начин е дел од пратениците да одлучат да гласаат, како што имавме случај пред пет години. Јас не гледам трет начин, можеби постои, но тие се двете опции, истакна денеска на прес-конференција вицепремиерот Бојан Маричиќ. Тој не смета дека избори би можеле да сменат нешто. -Ние ќе работиме на двете нивоа, сметам дека не е невозможно, напротив мислам дека е возможно. Мислам дека имаме доволно време и…

Read More