Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Санкциите кон Русија функционираат

0
By Ана Василевска on August 24, 2023 АНАЛИЗА, ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, August 24, 2023 10:48

Пишува: СЕРГЕЈ ГУРИЕВ / Project Syndicate

Деновите по инвазијата на Украина на рускиот претседател Владимир Путин пред 18 месеци, Западот наметна невидени санкции на руската Централна банка, замрзнувајќи стотици милијарди долари во резерви. Рубљата падна вртоглаво, достигнувајќи рекорден пад од 136 за американски долар една недела по инвазијата. Но, откако Централната банка воведе контрола на валути и капитал, рубљата се врати назад, искачувајќи се на ₽51.5/долар – повраток кој Кремељ со нетрпение го пофали.

Руските лидери имаат помалку за славење. Курсот за размена на рубљата нуди највидлив показател за рускиот економски перформанс, барем за руските домаќинства. Така, неодамнешниот пад на валутата под политички значајниот праг од ₽100/долар го загрижи Кремљ. И ја стави Централната банка – која, во текот на минатата годена ги олабави или отстрани многу од нејзините контроли на капитал – на удар.

Економскиот помошник на Путин, Максим Орешкин, најчесто ја критикуваше Централната банка дека е премногу рестриктивна . Но по последниот пад на рубљата, тој напиша текст во кој ги обвинува креаторите на политики за тоа дека се премногу ,,меки” и дозволуваат прекумерен раст на кредитот. Централната банка веднаш свика вонреден состанок на одборот каде одлучи да ги зголеми каматните стапки за невидени 3.5 процентни поени и сигнализираше дека најверојатно ќе има уште повеќе покачувања веќе следниот месец. Дополнителни валутни контроли се чини дека се, исто така, можни. Во меѓувреме, министерот за финансии, Антон Силуанов, наводно се залага да се принудат руските извозници да ги вратат нивните приходи во долари и да ги продадат на Централната банка.

Секако, нема причина да се мисли дека руската економија е на раб на колапс. Нема ништо магично во прагот ₽100. А неодамнешното нагло зголемување на стапката претставува реакција од учебник кон растечката инфлација, Западните централни банкари би го сториле истото. Сепак, девалвацијата истакна колку притисок војната – и санкциите наметнати како одговор на истата – имаат нанесено штета на руската економија.

Во април 2022, напишав дека Путин не треба да ја слави поддршката на рубљата, што одрази два настани кои на крајот ќе се покажат лоши за руската економија. Прво, увозот се намали како резултат на Западните санкции, резултирајќи во изгубен пристап до увозни стоки за широка потрошувачка и до средно производство,  а со тоа ограничувајќи го рускиот производствен капацитет. Второ, се зголемија приходите од извозот на нафта – настан што ќе ги мотивира Западните влади да наметнат ембарго на нафтата и ограничување на цената на руската сурова нафта.

Токму ова се случи. Во мај 2022 година, Европа објави дека во следните 6-8 месеци ќе стапи на сила ембарго на околу 90% од увозот на руската нафта. Не долго потоа, земјите од Г7 се договорија да ја ограничат цената.

Задоцнетото воведување на овие политики му дозволи на Путин да оствари огромни приходи. Иако Западот имаше замрзнато околу 300 милијарди од резервите на Централната банка на Русија, рекордниот суфицит на руската тековна сметка во 2022 година, од 227 милијарди, скоро го надополни тоа. Но, оваа среќа навистина заврши: во првата половина на оваа година, приходите на Русија од нафта и гас се намалија речиси за половина, со што буџетскиот дефицит порасна на 2% од годишниот БДП.

Нафтеното ембарго и ограничувањето на цената, исто така, предизвикаа вкупниот извоз на Русија да падне за една третина од година во година од јануари-јули 2023 година. Како резултат на тоа, трговскиот суфицит на Русија се намали од 204 милијарди долари на 64 милијарди долари, а нејзиниот суфицит на тековната сметка се намали за фактор шест, од 165 милијарди долари на само 25 милијарди долари.

Очекувано, остриот пад на приходите од извозот на јаглеводороди го поттикна брзото влошување на фискалната позиција на Русија. За некое време, руските лидери се чинеа незагрижени: државата сé уште држи значителни резерви на кинески јуан, така што може да си дозволи буџетски дефицит. А војната во Украина останува највисок приоритет на Кремљ: само во првата половина на оваа година, воените трошоци на Русија беа 12% повисоки од износот предвиден за целата година.

Покрај финансирањето на војната, владата на Русија се надеваше дека континуираното трошење би ѝдало на економијата кензијански поттик. Но, овие надежи не се остварија, токму затоа што трговските санкции го поткопаа продуктивниот капацитет на Русија. Изолирана од Западот и имајќи загубено стотици илјади работници поради војната и емиграцијата, руската економија едноставно не може да произведува онолку колку што Путин сака.

Со прегревањето на руската економија, поголемите владини трошоци едноставно ја поттикнаа инфлацијата. Кога на тоа ќе се додаде континуираниот одлив на капитал – што се забрза откако шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, го прекина бунтот во јуни – и неодамнешната девалвација на рубљата беше за очекување. Ниту треба некој да биде изненаден од одлуката на Централната банка да стави кочница и покрај ефектите од повисоките каматни стапки врз растот на производството. Блумберг сега ја става можноста од рецесија во Русија во следните шест месеци на 21%, во споредба со 6% пред покачувањето на стапката.

Санкциите очигледно функционираат. Но, континуираната способност на Путин да ја финансира неговата војна во Украина покажува дека мора повеќе да се стори. Имајќи ги во предвид елаборираните методи што компаниите ги имаат смислено за да го заобиколат ембаргото и ограничувањето на цената, Западот сега мора да работи на затворање на дупките во санкциите, додека го намалува ограничувањето на цената на нафтата од 60 долари по барел денес на 50-55 долари по барел, па дури и помалку.

Другото битно значење од неодамнешниот пад на рубљата е тоа дека Путин успева да ги заобиколи трговските санкции. Рубљата е поевтина затоа што Русија има потреба од американски долари за да ја плати својата сметка за увоз, која расте за една третина од година во година – од 57 милијарди долари на 76 милијарди долари – во второто тромесечје од 2023 година. Ова зголемување делумно ги одразува растечките трошоци за заобиколување на санкциите, кои го зголемуваат притисокот врз буџет и валутата на Русија. Со затегнување на контролата на извозот, Западот може дополнително да ги зголеми овие трошоци, ставајќи го рускиот буџет – а со тоа и нејзините криминални воени напори – во состојба на гушење.

Сергеј Гуриев Е професор и коавтор (со Даниел Трејсман) на Spin Dictators: The Changing Face of Tyranny in 21st Century (Принстон Универзитетот Прес, 2022).

Превод: Наташа Цветковска


Текстот е преземен од Project Syndicate и објавен на FRONTLINE. Линк до оригиналот: The Russia Sanctions Are Working . Понатамошно преземање не е дозволено без писмена дозвола од Редакцијата.
Владимир Путин Санкции за Русија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.