Author: Ана Василевска
Грција пак ги собра балканските лидери во Атина на тема проширување на ЕУ. Лидерите, меѓу кои присуствуваше и премиерот Димитар Ковачевски, претседателите на Европскиот совет, Шарл Мишел и на Европската комисија, Урсула Вон Дер Лејен, украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на Молдавија, Маја Санду и премиерите на соседните земји изразија силна поддршка и солидарност со украинскиот народ во нивната борба за враќање на слободата и потенцираа дека обединетоста околу враќањето на мирот е недвосмислена. Од друга страна лидерите од регионот испратија порака дека како никогаш досега е потребна силна политичка поддршка за побрза интеграција на Западен Балкан во ЕУ. –…
ицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбите во Атина со високи претставници на ЕУ истакнал дека постои момент на решителност за ново проширување на Европската Унија и дека Северна Македонија не смее да ја пропушти оваа шанса и повторно да чека. – Пораката е јасна, државите од Западен Балкан што поскоро да се најдат во Европската Унија. Како никогаш до сега, постои момент и решителност за ново проширување на Европската Унија. Сите се свесни дека Европската Унија, ниту Европа не можат да бидат обединети без секоја држава од Западен Балкан да стане членка во Европската Унија, вели Маричиќ, пренесува…
Писмо со висока доверливост од началникот на Генералштабот на руската армија, Валериј Герасимов, откри сериозна загриженост за можен целосен бунт на чело со елитните Воздухопловни трупи (ВДВ) против владата на Владимир Путин. Според пишувањето на Експрес, внатрешниот меморандум наводно му бил откриен на рускиот активист за човекови права Владимир Осечкин. Службениците на ФСБ, наводно, веќе работат во единиците на ВДВ за да се обидат да го искоренат несогласувањето. Откритијата доаѓаат во време на големи загуби за ВДВ во Украина во извештаи кои циркулираат според кои силите претрпеле педесет отсто убиени или ранети. Се верува дека моралот во елитните воздушни-десантни единици на…
Македонската премиера на креативниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката и сценарист Петра Селишкар на 21 август во Куршумли-ан беше дочекана со видна возбуда. Факт што зборува во тој прилог беше присуството на главната протагонистка Уршка и голем дел од филмската екипа заедно со пријатели и соработници од повеќе држави. Светската премиера на „Тело“ се одржа на 14 август на филмскиот фестивал во Сараево и импресиите сѐ уште се свежи и беа дополнети со нови емоции во магичниот амбиент на Куршумли-ан во Скопје. Главната протагонистка во филмот, Уршка, веќе неколку денови со своето семејство престојува во Скопје, а по проекцијата…
Васко Наумовски за „Слободен печат“: Ако нема ЕУ ќе нема контрола на реформите и притисок врз власта
Не постои држава од посткомунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството во ЕУ, напротив, сите имаат видливи придобивки од таа интеграција. Ние одамна имаме консензус за членство во ЕУ и верувам дека тој ќе опстои, вели Наумовски во разговорот за „Слободен печат“. Васко Наумовски, поранешен потпретседател за евроинтеграции во владата на Никола Груевски и амбасадор во САД, смета дека конечната стабилизација на Балканот е можна само со негова интеграција во ЕУ. Во однос на прашањето дали има алтернатива за земјава, освен членство во ЕУ, тој потсетува дека не постои држава од посткомунистичкиот свет која претрпела економски штети од членството…
Генералниот секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ денеска се сретна со амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дрекслер во седиштето на партијата. Се разговараше за актуелната политичка состојба во земјава, процесот на уставни измени во македонското Собрание и поддршката од Германија за членството во ЕУ, информираат од СДСМ. – Благодарни сме за поддршката на Германскиот Бундестаг и усвоената Резолуција со која се признава и се оддава длабока почит на македонскиот идентитет, јазик, култура и историја. Германија не е само наша пријателска земја која силно го поддржува европскиот пат, туку и најголем трговски партнер, со голем број инвестиции кај нас, а заеднички…
Северна Македонија и Црна Гора се огрешиле кон Србија со признавањето на независноста на Косово, нагласувајќи дека тој чин претставувал отворено мешање во внатрешните работи на една земја, изјави српскиот министер за одбрана и претседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ, пренесува црногорскиот весник Побједа. „Згрешивте и ќе ви се удри по глава, како што во Украина им се удира во глава на сите кои го промовираа Косово и Метохија како независна држава. Ја отворивте Пандорината кутија. Смешни се вашите бирократски одговори дека Косово е sui generis, дека е посебен случај. Ниту Албин Курти, ниту Тирана ви веруваат во тоа“,…
Пишува: ЖАРКО ТРАЈАНОСКИ Што значат иницијативите за „преродба“ на споменикот на „Ќосето“? Со кои историски дезинформации и политички манипулации се оправдуваат овие иницијативи? Што симболизираше споменикот на „Ќосето“ поставен пред судската палата? Дали „Ќосето“ во неговите „Спомени“ е неверодостоен извор или „масовен убиец“? Како медиумите помогнаа Ќосето да стане симбол на закани, говор на омраза, насилство и екстремизам? 1. Иницијативи за „преродба“ на „Ќосето“ – проширени и надградени Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска објави на нејзината ФБ страница на 21.08.2023 дека доставила иницијатива до Советот на Град Скопје за повторно поставување на спомен обележјето на македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето. Не…
Сметам дека просперитетот и безбедноста на оваа држава е во нејзиното пристапување и интеграција во Европската унија и навистина се надевам дека политичарите од сите политички партии во земјава ќе работат кон остварување на тоа, изјави амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Анџела Агелер. Прашана за нејзин став во однос на процесот за уставни измени, Агелер по денешната посета на Граничниот премин „Богородица”, заедно со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, посочи дека не е нејзино да зборува за тоа, но дека граѓаните треба да им дадат до знаење на политичарите дека тие сакаат да бидат дел од ЕУ. – Навистина…
ЦИВИЛ – Центар за слобода, како организација за човекови права и слободи, најостро го осудува насилството во секоја форма. Нападите врз медиумските екипи е крајно неприфатливо и заслужува секаква осуда и остра законска санкција. Нападот врз новинарските екипи е кривично дело, па така и последниот напад врз снимателот на ТВ Алсат-М претставува грубо кршење на Кривичниот закон. ЦИВИЛ ја поздравува брзата реакција на институциите и бара да му се даде максимална казна на насилникот, како и осуда од јавноста. На снимателот и колегиумот на ТВ Алсат-М му изразуваме целосна поддршка и солидарност, се вели во соопштението на ЦИВИЛ. Тепањето новинари…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска во обраќање пред новинарите повторно се осврна на Северна Македонија и побара од српските функционери да бидат внимателни во изјавите за да не кажат нешто што би можело да биде искористено од страна на други, јави дописникот на МИА од Белград. -Видов кога Димитар Ковачевски многу силно му реагираше на Албин Курти за она што го направи во Тетово. Многу силно, јавно и отворено и сакам да ги замолам нашите функционери, дури и кога немаат намера, да бидат внимателни, да не им излезе ништо што би можело да биде искористено од страна на некои, за…
Шефовите на држави или влади на земјите-членки на БРИКС ќе одржат средба во Јужноафриканската Република (ЈАР), во период додека лабавата асоцијација на економиите во развој се обидува да се наметне како противтежа на доминацијата на Западот во глобалните работи. Безбедноста е зголемена околу градот каде што јужноафриканскиот претседател Кирил Рамафоса ќе биде домаќин на својот кинески колега Си Џинпинг, индискиот премиер Нарендра Моди, шефот на бразилската држава Луис Инасио Лула да Силва и околу 50 други лидери. Полициски возила се стационирани околу хотелите во кои престојуваат странски делегации. Патиштата околу конгресниот центар Сендтон, местото на одржување на Самитот, ќе бидат…
