Author: Ана Василевска

Во организација на друштвото на грчкото малцинство во Албанија „Омонија“ во приморското гратче Химара, населено главно со припадници на ова малцинство, беше одржан протест со барање за ослободување од притвор на Фреди Белери. -Целта на овој протест е ослободување на Фреди Белери, избраниот градоначалник од нас. Тој мора да биде ослободен и да положи заклетва. Ние сме на мирен протест и бараме правда, порачаа, меѓу другото, учесниците на протестот. Белери на локалните избори, одржани на 14 мај, беше реизбран за градоначалник иако беше во притвор, откако беша уапсен два дена пред изборите под обвинение за изборна корупција. На протестот, одржан…

Read More

„Мило ми е што и од турска страна, од СЕЛЕК и Интерпол има интерес за овој предмет. Што ќе излезе ќе видиме, но ние сме должни вакви работи да спречуваме. Судот донесе брза пресуда бидејќи патникот призна вина. Тој призна дека не ги пријавил и побара поблага казна. Призна дека се упати во одредена држава како финална дестинација за да ги наплати обврзниците“ рече директорот на Царина, Стефан Богоев во ТВ24. Тој додаде дека поради тоа судот донел одлука да го санкционира и казни и да му ги одземе обврзниците. „Обврзниците се издадени пред години и не верувам дека ние…

Read More

Во повеќе градови низ Босна и Херцеговина денеска се одржаа протести против насилството врз жените по бруталното убиство на Низама Хеќимовиќ во Градачац во петокот, на 11 август. На протестната прошетка во Сараево се одзваа голем број граѓани, кои излегоа на улиците да го покажат својот гнев и длабока тага поради бруталното убиство што ја потресе цела Босна и Херцеговина. Покрај голем број граѓани, на протестот се огласија и Денис Беќировиќ, член на Претседателството на БиХ, Мајкл Марфи, американскиот амбасадор во БиХ и Рамо Исак, министерот за внатрешни работи на ентитетот БиХ Федерација БиХ, на повик на од градоначалничката на…

Read More

Режисерката и ко-сценаристка вели дека станува збор за приказна што би можела да се случи во секоја балканска земја, бидејќи темата е и универзална и балканска и токму затоа за нив е големо задоволството што филмот се работи во копродукција со други земји од регионот. На локации во Атина, веќе две седмици во е тек снимањето на филмот „Ритам на животот“  што се реализира во копродукција на „Соул Продукција“ од Грција  и „Круг филм“ од Скопје, како и продукциски куќи од Кипар и Црна Гора, а МИА „ѕирна“ на снимањето додека актерите и целиот тим работат на долгометражниот филм. Филмот…

Read More

Пишува: СЛОБОДАНКА ЈОВАНОВСКА Непосредно пред расправата за уставните измени и додека се прават напори да се увери јавноста дека Македонија оди кон европеизација а не бугаризација, лидерот на Беса, Билал Касами, ги разгоре страстите – изведувајќи сценарио на косовизација на земјата. Знамиња на „Голема Албанија“, песната „Добредојде во Албанија“, Тетово и Призрен ист град, тој Курти, Изет Меџити и Африм Гаши на чело на колоната –  беа сцени на очаен национализам смислен само со намера да соберат некој поен кај гласачите во албанската заедница. Практично, откако партиите на две недели им се распаѓаат и прегрупираат и никој не може да…

Read More

Речиси 60 отсто од младите во Србија сметаат дека на земјата и треба авторитарен лидер, што е највисок резултат во последните шест години, покажуваат податоците од истражувцањето спроведено од главната организацијата на младите на Србија (КОМС). Во својот седми алтернативен извештај за положбата и потребите на младите во Србија  има поглавје „Вредности на младите“, каде што графикон покажува дека 60 отсто од младите веруваат дека на Србија и треба силен, авторитарен лидер, пишува Време.ком. Ова е највисок резултат во последните шест години. Сепак, тоа не отстапува драстично од резултатите измерени во претходните изданија на Алтернативниот извештај. Од друга страна, процентот…

Read More

Соработката во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, забрзување на реформските процеси во земјава и борбата против корупцијата, беа во фокусот на средбата на министерот за надворешни работи, Бујар Османи со американската амбасадорка во Северна Македонија Анџела Агелер. На средбата, како што соопшти МНР, стана збор за соработката во рамки на Стратешкиот дијалог, при што Османи изрази благодарност за дополнителните средства во висина од 4 276 000 американски долари наменети за  владеење на правото и спроведување на законите, што САД ги доделува започнувајќи од 2012 година. -Со САД  како наш значаен стратешки партнер продолжуваме заеднички и посветено да работиме за…

Read More

Ројтерс објави дека „Кремљ ја обвинува лабавата монетарна политика бидејќи рубљата се спушта над 101 наспроти доларот“. Руската централна банката пак соопшти дека „не гледа закана за финансиската стабилност на Русија од обновениот пад на рубљата“. CNN објави коментар „Руската рубља го достигна најниското ниво во последните 17 месеци во однос на доларот, бидејќи војната во Украина гризе“. Во коментарот, покрај западните санкции, како и намалениот извоз и зголемениот увоз, се истакнуваат и зголемените трошоци за тековната војна во Украина, односно, удвоените трошоци за армијата и одбраната во 2023. Блумберг објави дека „Рубљата потона на 100 за долар бидејќи санкциите…

Read More

Лидерот на опозицискиот Демократски сојуз на Косово (ЛДК), Љумир Абдиџику ги нарече „петпаречки муабети“ ветувањата на косовскиот премиер, Албин Курти за започнување на изградбата на патот кој треба да ги поврзе Призрен во Косово со Тетово во Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Приштина. На неговата страница на Фејсбук, Абдиџику напиша дека Владата на Курти ја заокружува третата година од владеење, без да изгради ниту еден единствен пат во цело Косово. Опозицискиот лидер напоменува дека не се затворени градежните работи „ниту за патот за Митровица, ниту за Подујево, ниту за Гњилане, ниту пак за Ѓаковица“, додавајќи дека има „градови…

Read More

Делегација на пензионерите кои денеска протестираа во Скопје попладнево беше примена од министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на која и ги доставија нивните барања што ги соопштија и на собирот пред МТСП. Главните барања се усогласување на пензиите со објавените податоци од Државниот завод за статистика во ноември 2021 година, линеарно зголемување од 3.500 денари на основицата на пензијата и наместо 12.500 денари, минималната пензија да изнесува 18.000 денари. Четиричлената делегација побара од министерката Тренчевска да се заземе за нив и да ги пренесе нивните барања во Владата. Појаснија дека бараат линерано зголемување од 3.500 денари…

Read More

Поранешниот албански претседател и експремиер, Сали Бериша, актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија, денеска ја анализираше посетата на косовскиот премиер Албин Курти на Северна Македонија и реакциите што следеа и од официјално Скопје, јавија акбанските медиуми. Реакцијата на македонскиот претседател Стево Пендаровски, Бериша ја нарекува избрзана изјава која повредува. – Бесполезните протоколарни судири за оваа посета со официјалните македонски власти потекнуваат од антиисториското усогласување на Скопје и официјална Тирана во трилатерален сојуз со Белград, во „Српско-рускиот проект-отворен Балкан“ со кој Курти не се согласува и ја има неоспорната заслуга на спротивставување, а наместо тоа дава поддршка на…

Read More

Руската рубља продолжува да паѓа. На почетокот на август рубљата го забележа најголемиот пад во однос на американскиот долар на берзата во Москва, споредено со првиот месец од војната во Украина, март 2022 година. И покрај напорите на Кремљ да ја поддржи својата болна валута, rуската валута падна под 100 за долар за прв пат од март 2022 година. Тоа доаѓа и покрај напорите на Банката на Русија да ја поддржи валутата, вклучително и минатонеделното завршување на купувањето девизи на домашниот пазар до крајот на годината, во обид „да се намали нестабилноста“. Oваа година, според Телеграф, таа изгуби 30 отсто од својата вредност…

Read More