Author: Ана Василевска

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го разреши началникот на Генералштабот и повика на дополнителни подготовки за можна војна, како и зголемено производство на оружје и проширени воени вежби, објави денеска државниот медиум КЦНА. Ким ова го соопшти на состанокот на Централната воена комисија, на која се разговараше за плановите за контрамерки поврзани со одвраќање на неименуваните непријатели на Северна Кореја, соопшти КЦНА. Началникот на Генералштабот Пак Су-ил е разрешен, јави КЦНА, без да даде детали. На таа позиција беше околу седум месеци. Пак дојде на местото на генералот Ри Јонг-гил, кој претходно беше министер за одбрана на земјата и врховен командант…

Read More

Голем дел од пензионерите во државата се кренаа и излегоа на протести, незадоволни поради ниските пензии Вчера скопските пензионери порачаа дека нивниот протест е егзистенцијален, а не политички обоен. Имаат повеќе барања, меѓу кои главните се покачување на минималната пензија, односно таа да биде барем во висина на минималната плата. Исто така бараат линеарно покачување од 3500 денари за сите пензионери. Сметаат дека нема зошто повеќе да се прави категоризација на висината на покачувањето. Најавија масовни протести на сите пензионери на 14 август во Скопје доколку не се исполнат нивните услови. Барањето за линеарно, а не процентуално зголемување е неиздржано затоа…

Read More

Грчките медиуми објавија дел од полицискиот извештај за доказите околу стадионот на АЕК по инцидентите, според кој полицијата пронашла: дрвена табла во должина од 120 сантиметри на која имало клинци и траги од крв, три дрвени палки долги 83 сантиметри, а на две од нив со траги од крв, дрво во должина од 52 сантиметри исто така со траги од крв, на кое било заковано друго дрво, џебни ножеви во должина од 17 и 20 сантиметри, медицинска маска со траги од крв, маици, стаклени шишиња од пиво, патики и друго. Уапсените 104 лица за инцидентите пред стадионот на АЕК во…

Read More

Неговите слики, вклучувајќи го и неговиот портрет на кралицата Елизабета Втора украсена со заштитна игла низ нејзиниот нос и симболи на свастика низ нејзините очи, станаа синоним за панк движењето. Тој беше креативниот гениј зад уметничките дела на плодните хитови на Секс Пистолс во 1970-тите, вклучувајќи го и „God Save The Queen“. Џејми Рид, легендарниот британски уметник зад некои од најкултните насловни и уметнички дела на Секс Пистолс, почина на 76-годишна возраст. Неговата смрт беше потврдена од галеријата Џон Маршант, која се грижи за неговата обемна колекција, во изјава која го опишува како „уметник, иконоборец, анархист, панк, хипи, бунтовник и…

Read More

ЏАБИР ДЕРАЛА Гадни се, многу, но ги има насекаде. Тие се дел од нашето секојдневие, ги има во секој дом. Тие се секогаш тука, дури и кога сте сигурни дека ги нема. Тавтабити! Исто така познати и како лебарки или буба-шваби (cockroach, Blattaria, Blattodea, roach). Што знаеме за овие гадинки? Една од основните карактеристики на буба-швабите е нивната примитивност. Тие се меѓу најпримитивните живи крилести инсекти, кои и денес се речиси исти какви што биле кога настанале. Еволуцијата, едноставно, ги заборавила. Лесно и брзо се множат, а имаат и долг животен век, како за инсекти. Живеат и по 200 и…

Read More

„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“ е мотото на кампањата  „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да го пријават. Во рамки на кампањата, почнувајќи од вчера до 17 август, на граничните премини ќе се делат брошури преку кои ќе се информира за начините за пријавување корупција, како и за штетните последици што ги предизвикува корупцијата. -Пријави на 197, отворена линија на Царинската…

Read More

ПЈЕТРО БЈАНКИ* Првите петнаесет минути од филмот Барби даваат совршен психоаналитички трактат за тоа како изгледа светот во кој владее фетишистичко негирање: можеби никогаш досега не сме виделе, портретирани на екранот, свет во кој уживањето и сексуалноста се толку блескаво отсутни. Освен ако не живеете под некој камен во последните неколку месеци, веројатно веќе сте го гледале „Барби“ или барем сте го гледале првиот трејлер од филмот, објавен пред неколку месеци. Во оваа кратка секвенца, која се покажа како пролог на филмот, режисерката Грета Гервиг му оддава почит на филмот на Кјубрик „2001: Одисеја во вселената“. Гледаме група мали девојчиња,…

Read More

По минатонеделниот ненадеен пуч во Нигер, руската воена група Вагнер го користи хаосот и антифранцуското расположение, вели новинарот Гаре Амаду во Нијамеј, додека обичните Нигерци се подготвуваат за најлошото, пренесува Гардијан. Дали има вистинска, солидна поддршка за Русија во Нигер? Поддршката на Русија во Нигер е ограничена на таканаречените пан-африканистички или алтер-глобализациски кругови, главно преку мрежите на социјалните медиуми. Меѓутоа, повремено, улични демонстрации со кои се бара повлекување на француската армија од Нигер се одржуваат од граѓанското општество или синдикатите. За време на нив редовно се веат руски знамиња. М62, чадор организацијата на граѓанското општество формирана во 2022 година, е едно…

Read More

Норвешка евакуираше илјадници лица бидејќи реките се искачија на највисоко ниво во последните 50 години, а домовите и деловните објекти се потопени или се однесени од надојдените води. Главните патишта во земјата се затворени, а железничките услуги се во прекин во поголеми делови од јужна Норвешка, откако  реките се излеаја од нивните корита. Властите предупредуваат на дополнителни поплави што би можеле да следат во наредните денови бидејќи водата се движи кон ниските крајбрежни региони. Округот Инландет, една од најтешко погодените области во Норвешка, соопшти дека многу луѓе се изолирани од поплавите и дека службите за итни случаи можеби нема да…

Read More

Вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ за Манифестот на лидерите на политичките партии застапени во Собранието, а во врска со водењето преговори за полноправно членство во ЕУ, смета дека е уште еден повик и можност за обединување и начин да се докаже дека политичките партии имаат иста мисија и цел кога станува збор иднината на државата и граѓаните. -Манифестот потпишан и поддржан од сите политички партии ќе биде силен доказ дека сите имаме иста мисија и цел кога е во прашање иднината на државата и граѓаните. Со заеднички глас за европската иднина да тргнеме по…

Read More

Во септември руската телевизија ќе понуди нова едночасовна дневна програма. Името допрва треба да се реши, но продуцентите веќе се кастираат: сопругите и мајките на воените регрути. Учесниците мора да го евоцираат херојството на нивните сопрузи и деца и да раскажуваат потресни приказни кои ќе послужат како придружба на плановите на Кремљ да фрли повеќе млади луѓе во мелницата за месо, што е нивната војна со Украина. Минатиот септември Владимир Путин го шокираше руското јавно мислење со прогласување „делумна мобилизација“, со што го прекрши претходното ветување дека граѓаните ќе можат да ја гледаат војната од удобноста на своите домови, без…

Read More

Пакистанскиот Виш суд денеска ја одби жалбата на поранешниот премиер Имран Кан за суспендирање на казната што му беше изречена под обвинение за корупција и за која е во затвор, соопшти неговиот адвокат, додавајќи дека е малку веројатно дека наскоро тој ќе биде пуштен со кауција. -Нашето барање за суспендирање на пресудата не беше прифатено. Случајот е одложен на неодредено време, изјави адвокатот Наим Пењџута, пренесуваат британските меидуми. На Кан му е забрането да извршува каква било јавна функција во следните пет години, откако во саботата беше осуден на три години затвор под обвинение за незаконска продажба на државни подароци…

Read More