Author: Ана Василевска
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денеска дека Украина ќе се бори против Русија во Црното Море, за да гарантира дека нејзините води не се блокирани и дека земјата може да увезува и извезува жито и други стоки. „Ако Русија продолжи да доминира на Црното Море, надвор од нејзината територија, повторно да нè блокира или гранатира, да лансира ракети кон нашите пристаништа, Украина ќе го стори истото. Ова е фер заштита на нашите способности, на секој коридор. Ние не располагаме со толку многу бродови. Меѓутоа, (Русите) мора јасно да разберат дека до крајот на војната ќе имаат нула бродови, нула“, рече…
Хакери цели 15 месеци, во 2021 и минатата година, незабележано пристапувале до избирачките списоци во Велика Британија, соопшти денеска Изборната комисија, додавајќи дека станува збор за „комплексен кибер напад“. „Непријателските актери“ можеа да пристапат до деталите за името и адресата на секој во Обединетото Кралство што се пријавил за гласање во периодот од 2014 до 2022 година, како и до имињата на оние кои се регистрирани како гласачи во странство, се наведува во соопштението на Комисијата, пренесува Блумберг. Комисијата признава дека хакерите првпат пристапиле до системите на Изборната комисија во август 2021 година, но дека кибер нападот бил откриен дури…
Аналитичарите од Секторот за борба со спортско насилство веќе два дена знаеја дека најмалку 100 хрватски хулигани на Динамо Загреб ќе пристигнат во Атина во договор со навивачите на Панатинаикос и за тоа писмено ги известиле сите надлежни служби на грчката полиција, но на крајот не успеаја да ја спречат трагедијата пред стадионот на АЕК, пишува грчкиот информативен портал „Њузит“, јави дописничката на МИА од Атина. Дел од грчките медиуми, меѓу кои и„Њузит“, објавија два документа од Секторот за борба со спортско насилство, едниот со датум 6 август, а другиот ден подоцна. Во првиот документ, пишува дека според Хрватската служба…
Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Пропагандата против уставните измени е пуштена на најсилно, полна со лаги, спинови, и застрашувања, без аргументи и без никаква суштинска дебата. Можете да потскокнувате или скокате колку што сакате, но апсолутно е точно тоа кога министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека наместо да излезат со аргументи за содржината, да цитираат и да посочат докази кои ќе го демантираат тоа што тој пред некој ден им го нацрта на табла на пропагандистите и на жртвите на пропагандата за уставните амандмани и „последиците“ од тоа по евроинтегративниот процес за Македонија, тие му се нафрлиле со напади и…
Во однос на преминувањето на грчката граница на навивачите на Динамо Загреб, нивното патување во Грција и нивното пристигнување на местото на инцидентите, нема да штедам зборови, недозволиво и неприфатливо е, бидејќи е под можностите и докажаните способности на грчката полиција, која иако брзо уапси 98 лица, потфрли во делот на превенција и спречување, рече министерот за заштита на граѓаните на Грција, надлежен за полицијата Јанис Иконому, јави дописничката на МИА од Атина. Токму затоа, објасни Иконому, дал наредба до началникот на грчката полиција да бидат сменети одговорните на седум сектори во полицијата, односно надлежниот за справување со насилство во…
Политичари и угледни јавни личности од Британија и САД , преку писмо го изразија своето противење на „политиката за Балканот водена од Белград“ во услови на континуирани тензии. Западот не успева да го заштити Косово од српската и руската агресија поради неговата наивна и пристрасна политика, предупредија високи политичари од Велика Британија и САД, пишува Телеграф. Во писмото тие наведуваат дека пристапот на Западот кон градењето нација во Косово е „погрешен“ и ќе го остави ранлив неговиот балкански сојузник. „Косово е суверена земја и функционална демократија“, рекоа 54-те политичари. „Обидите за попречување на демократските избори во Косово од страна на Србија…
Кремљ ја удвојува поддршката за Росгвардија како една од клучните организации за безбедност на режимот, на Твитер објави британското Министерство за одбрана, повикувајќи се на разузнавачки податоци. На 4 август 2023 година, Путин потпиша мерка со која ќе се овозможи Росгвардија, руската национална гарда, да биде опремена со тешко вооружување. Росгвардија, распространета на фронтот со 200.000 лица, беше создадена во својата модерна форма во 2016 година и е предводена од поранешниот телохранител на Путин, Виктор Золотов. Одлуката за зајакнување на силите следи по неуспешниот бунт на Вагнер од јуни 2023 година, се вели во извештајот. „И покрај тврдењето…
Царинската управа заплени 184 обврзници со вкупна вредност од 92 милиона долари. Како што соопшти денеска директорот на Управата Стефан Богоев, обврзниците се пронајдени кај турски државјанин кој пристигнал во земјава со лет од Истанбул. Обврзниците се наоѓале во црна рачна торба, а биле детектирани при контрола со скенер и дополнителна детална контрола. Со одлука на Основниот суд – Скопје обврзниците се одземени и ќе бидат предадени на Агенцијата за управување со одземен имот. -Царинските службеници од царинската испостава „Аеродром“ – Скопје на 28 јули 2023 година на влез во државата запленија 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500…
Заменик – државниот секретар на САД, Викторија Нуланд изјави дека го посетила главниот град на Нигер, Ниамеј и имала „искрени и тешки“ разговори со претставници на нигериската хунта. Во телефонски разговор со новинарите, Нуланд рече дека на состанокот претставниците на хунтата не покажале интерес за американските повици за обновување на демократскиот поредок во Нигер и дека била одбиена средба со соборениот претседател на Нигер, Мохамед Базум. Нуланд, исто така, рече дека на нејзината средба со пучистите сакала јасно да им објасни што е загрозено во односите меѓу САД и Нигер во однос на обезбедување економска и други видови помош доколку…
„Во конкретниот случај за кој реагирате, не станува збор за никаков прогон на автор (режисер и сценарист), туку станува збор за истраги и постапки за правен субјект во сопственост на господинот Милчо Манчевски, односно правни постапки за расчистување на финансиски злоупотреби, недоставување на финансиски извештаи за потрошени 900.000 евра, како и низа други индиции.“ „Институцијата која ја споменувате, Агенцијата за филм на РСМ веќе 14 години нема одбиено ниту едно барање за финансиска поддршка на режисерот Манчевски. Актуелното раководство во последниве 5 години на истоимениот режисер му има одобрено средства во висина од 2,3 милиони евра.“ По објавата на Венецискиот…
Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на својот Фејсбук профил објави дека од 2007 година досега во нашата држава, се инвестирани вкупно 812.457.807,62 евра преку ИПА фондовите на Европската Унија. Според региони Вардарскиот регион има најмногу инвестирани европски средства, во износ од 122.851.824,22 евра. Втор по искористеност на европските фондови е Пелагонискиот регион со вкупно 79.163.058,15 евра. Следуваат Скопскиот регион со 44.959.852,53 евра, Југоисточниот регион со 42.353.627,60 евра, па Источниот кој има 37.079.873,71 евра, во Североисточен регион 34.418.739,01 евра, во Југозападен регион 31.171.375,34 и 29.044.517,85 евра во Полошкиот регион. „Граѓаните на земјите членки на ЕУ со тоа покажуваат за степенот на свест и желба за придонес кон земјите кандидати за влез во Европската Унија. Одговорноста и детерминираноста која ја покажуваат нашите европски стратешки…
Министерот за одбрана на Косово, Арменд Мехај поднесе оставка од функцијата, поради, како што рече, семејни причини, јави дописникот на МИА од Приштина. Во кратка изјава за медиумите, Мехај рече дека дополнителни имформации за причините, освен дека тие се семејни, ќе изнесе дополнително. Според јавната радиотелевизија РТК, која ја објави информацијата, не е познато дали Мехај ќе преземе некоја нова функција во косовските институции, или пак ќе се врати во Норвешка, каде што живееше и работеше пред да ја прифати поканата на премиерот Албин Курти да стане дел од неговиот кабинет.
