Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Растерување на маглите на пропагандата на опозицијата на патот до ЕУ

0
By Ана Василевска on August 8, 2023 АНАЛИЗА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 8, 2023 16:30

Пишува: ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Пропагандата против уставните измени е пуштена на најсилно, полна со лаги, спинови, и застрашувања, без аргументи и без никаква суштинска дебата.

Можете да потскокнувате или скокате колку што сакате, но апсолутно е точно тоа кога министерот за надворешни работи Бујар Османи вели дека наместо да излезат со аргументи за содржината, да цитираат и да посочат докази кои ќе го демантираат тоа што тој пред некој ден им го нацрта на табла на пропагандистите и на жртвите на пропагандата за уставните амандмани и „последиците“ од тоа по евроинтегративниот процес за Македонија, тие му се нафрлиле со напади и навреди.

Во интервјуто за ТВ Сител Османи рече дека мотивацијата со цртеж да објасни нешто што е толку јасно била наменета за оние кои се пикнати длабоко под чадорот на „најјако пуштената пропаганда“ каде што се изложени на лаги, спинови и стравови, неосновано и без пристап до суштинска дебата.

Едноставно, вели тој во интервјуто за ТВ Сител, граѓаните се злоупотребуваат со емоции со цел политичките партии да профитираат што, според Османи, не е чесно.

– Јас обидувам да излезам од таа врева, од таа галама на пропаганда која што е создадена да стигнам до граѓаните да им кажам дека не е точно ова што се зборува. Ние зборуваме за најважната тема за којашто излегувам и ги демантирам, ги рушам сите нивни столбови на нивниот наратив и не излегуваат да ме демантираат. А во однос на содржината ова беше уште еден пример како јас бев навреден, бев нападнат за сите можни причини, но ништо за содржината, ниту еден не излезе да каже не е така. Ниту еден не излезе да цитира една реченица од преговарачката рамка за да ме демантира, истакна Османи.

Повторувањето е мајка на знаењето – за тој што сака да учи

Османи уште еднаш укажа дека дека во општиот дел од преговарачката рамка нема ниту писмен извештај, ниту гласање.

– Што значи писмен извештај? Ова што го добиваме ние секоја година во која што точно се квантификува и се квалификува до каде е реализацијата на одредено аки. За членот пет нема да има писмен извештај, нема да има гласање во ЕУ. Ова е клучната порака која што се обидувам да им ја кажам на граѓаните, рече Османи.

Се разбира, додава тој, за добрососедските односи ќе се разговара, но нема да има писмен извештај, нема да има гласање по однос на Договорот со Бугарија.

– Нема да има точка на дневен ред во ЕУ за Договорот со Бугарија, Договорот со Грција, прегледите од член 12. Нема да има такво нешто. И тоа е многу важно. Затоа велам дека тоа плашење на граѓаните, дека Договорот ќе биде филтер односно скалило како што јас ги нарекувам во видеото. Уште еднаш велам, тоа нема да биде дел од скалилата низ кои ние се качуваме за да влеземе во ЕУ, нагласува Османи.

Османи во интервјуто на ТВ Сител дополнително го објасни процесот и низ примерите на земјите во опкружувањето.

– На пример, во преговорите на Србија со ЕУ, во втората рамка, онаа за која се подготвуваат извештаи, стои условот дека Србија мора да го реши прашањето на Косово ако сак да ги затвори преговорите. Во нашиот случај нема такво нешто, Напротив, имаме сосема спротивен случај, посочува министерот за надворешни работи и го наведува и примерот на Хрватска, кога оваа земја 4 години стоеше во место заради случајот со генералот Готовина бидејќи им беше наметнат услов дека мора да го предадат за да може да напредуваат во процесот.

– За нас беше важно во договорите да биде сѐ да биде ставено црно на бело. Да биде јасно што е одредница, што ќе биде услов без кој не е можен напредок и што не е таква одредница. Тоа е јасно во Преговарачката рамка. Затоа целата пропаганда во однос не држи, не е основана, а нападите не се аргументирани, поентираше Бујар Османи.

Бугарија го напушти концептот „еден народ-две држави“

Комуникацијата меѓу Бугарија и Македонија се одвива постојано преку каналот што како обврска го поставија двете земји за да можат двете страни да реагираат на говор на омраза и на други прашања.

Министерот Османи информираше дека тој лично реагирал кај министерката за надворешни на Бугарија Марија Габриел дека не е во ред што оваа година на таков начин Бугарија го прослави со државна поддршка Илинденско-преображенското востание, како што тие го нарекуваат.

– Тоа не е добар гест, и реков на министерката, рече Османи, ако било редовна пракса во ред, но ако наеднаш тоа го правите на таков начин, сметаме дека тоа не е добар гест на доброседство. Уште и реков дека ние се сомневаме дека вие сакате ние да ги завршиме уставните измени со овој начин на одненсување, соопшти министерот за надворешни работи Буја Османи

Османи потсетува дека на почетокот Бугарите беа против уставните измени затоа што тоа беше спротивно на нивното сфаќање за концептот „еден народ-две држави“, бидејќи уставните измени точно прават дистинкција меѓу македонскиот мнозински народ и бугарското малцинство од 3504 луѓе и со уставните измени тоа ќе се формализира, односно точно се дефинира дека се тоа две различни етнички заедници.

– Бугарите беа против овој начин, но потоа се промени зашто тие мораа да го сменат тој наратив затоа што прашањето на историските интерпретации не поминуваше кај меѓународната заедница. Дека е тоа еден анахрон пристап со којшто не може на некоја друга држава да ѝ наметнете како ќе ја чита својата сопствена историја, укажува министерот за надворешни работи.

Османи уште објасни дека во асиметрични односи, какви што се нашите со Бугарија, бидејќи тие се реално асиметрични зашто тие се во ЕУ, а ние сме надвор и сакаме да влеземе во тој клуб и зависиме од нивниот глас, најдобро е да бидат утврдени формализирани процедури.

– Тоа е добро за да нема хаос зашто тогаш законот на силата е тој што ги диктира процесите.Формализираните процедури воведуваат ред кога имате асиметрични односи, а редот го штити послабиот. Затоа е важна Историската комисија и ние ѝ даваме значење. Не коментираме историски прашања. Они се професионалци, ќе си ги решат тие прашања. Ние сме политичари и сакаме да воспоставиме добри политички односи. Затоа е важно општеството да биде заштитено од дебатите за историски интерпретации која што со тек на време ќе стане сѐ побајата и побајата, објасни Османи.

Османи рече дека е оптимист дека ќе бидат изгласани уставните измени.

– Македонија е земја којашто се препознава како мултиетничка функционална демократија и стана референтен модел по тоа прашање и ние не смееме да дозволиме да паднеме на тој тест 3500 Бугари да внесеме во уставот и потоа да бидеме изложени во ЕУ на приговори дека не ги почитуваме малцинските права. Затоа велам аргументи против внесувањето на Бугарите во Уставот нема и отпорот за прифаќање на уставните измени е само калкулација за претстојните избори, оцени министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за ТВ Сител.

Извор: Рацин.мк

ВМРО-ДПМНЕ ЕУ пропаганда
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – што ја спречува Северна Македонија да напредува?

October 19, 2026

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.