Author: Ана Василевска
Активисти на организацијата „Гринпис“ се искачија на покривот на куќата на британскиот премиер Риши Сунак во знак на протест против ископувањето нафта и гас во близина на брегот на Шкотска. Двајца демонстранти користеле скали и јажиња за качување за да стигнат до покривот на куќата на Сунак, каде што развиле транспарент направен од црна ткаенина со кој ја покриле едната страна од објектот, пренесува „Скај Њуз“. Други двајца развија транспарент на кој пишуваше: „Риши Сунак – профит од нафтата или нашата иднина“. Сунак претходно најави дека британската Влада ќе издаде десетици нови дозволи за ископување нафта и гас во Северното…
Генерал мајор Вадим Скибицкиј, еден од највисоките претставници на Военото разузнавање на Украина, во обемното ексклузивно интервју за ЦИВИЛ Медиа, открива низа помалку познати и непознати детали за руската агресија и пропагандна војна. Од одговорите на генералот дознаваме за динамиката и природата на воените дејствија, колку се моќни, што се случи и што се случува со пригожиновите вагнерци, како и за вооружените бунтовнички групи на руска територија. Понатаму, дознаваме детали за руската пропагандна и информациска војна и можностите за нуклеарна војна. Дознаваме и детали за руските приватни армии и путиновата гарда. Особено интересни се согледувањата на украинскиот топ разузнавач за…
Врховниот суд на Израел денеска ја разгледа петицијата против законот кој го штити израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху од импичмент поради тврдењата дека е во конфликт на интереси бидејќи му се суди за корупција. Во март, владејачката коалиција на Нетанјаху донесе закон со кој се ограничува смената на премиерот само ако тој е здравствено или ментално некомпетентен. Ова го штити Нетанјаху да не биде прогласен за несоодветен за функцијата поради судење за корупција и наводи за конфликт на интереси. Критичарите на законот велат дека тој е направен за Нетанјаху и дека ја поттикнува корупцијата. Неколку десетици луѓе протестираа пред Врховниот суд…
Албанските медиуми денеска меѓу другото пишуваат за изјавата на новинарот Бледи Кока дека во СПАК има шпиони, и како пример го наведе случајот на бегството на Ахметај, кој бил известен за апсењето 3 дена претходно. Во Косово, владата ги започна правните процедури за смена на актуелните градоначалници во четирите северни општини и распишување нови избори. Ова се само дел од темите од редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот за денешното издание на АЛ-ПРЕС. АЛБАНИЈА Газета Шќип: „Има шпиони внатре во СПАК“, Ахметај бил известен пред избега од Албанија „Новинарот Бледи Кока изјави дека во СПАК има…
„Ритам на животот“ е финансиски поддржан од Филмските Центри на Грција, Црна Гора и Кипар, како и од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија. Во Атина започна снимањето на долгометражниот игран филм „Ритам на животот“ по сценарио на Америса Баста и Димитрис Накос од Грција, во режија на Баста, а во копродукција со „Круг филм“ од Скопје. Снимањето на филмот ќе се одвива во текот на месец август оваа година, на повеќе локации во Атина, Грција. Филмот ја раскажува приказната за Лена, 20-годишна жена која живее во Атина, работи во локален супермаркет и живее со своето семејство. Поради тоа…
Заеднички апел во кој ја нагласуваат итната потреба за решавање за опасностите од климатската криза во Медитеранот, упатија претседателите на Грција, Италија, Хрватска, Малта, Португалија и Словенија, земји членки на групата Араиолос, јави дописничката на МИА од Атина. Шефовите на државите истакнуваат дека климатската криза е веќе тука, последиците се видливи, особено во Медитеранот, „кој е силно погоден и е во опасност не само од недостиг на вода и недостиг на електрична енергија, туку и од поплави, големи топлотни бранови, шумски пожари и опустошување“ и посочуваат дека екстремните природни феномени го уништуваат екосистемот и го загрозуваат секојдневието на граѓаните. -Повеќе…
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски останува на ставот дека тој и неговата партија нема да прифатат измени на Уставот. Освен што го повторува овој став, Мицкоски во последните денови често се конфронтира и со политичката партија ДУИ, но полека го враќа и наративот за наводно редефинирање на државата, пишува 24 инфо. „Зошто мораше суштината на амандманите да е во парламент сега во прва фаза? Ова е само потреба од отворање на Уставот. Затоа што таму де факто се прави дводомен парламент со 43 пратеници“, изјави Мицкоски за една национална телевизија. Оваа теза е во рамките на наративот за редефинирање на уставниот…
Во рамките на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“, пред Македониумот во Крушево, на 1 август 2023 година беше отворена изложбата „120 години од Илинденското востание – архивска меморија“, со која Државниот архив се приклучува кон одбележувањето на 120-годишнината од илинденската епопеја. Како што информираат денеска од Државниот архив, изложбата содржи над 300 архивски документи и фотографии прикажани на 20 изложбени паноа. Документите се дел од архивските фондови што се чуваат во Државниот архив, а се преземени од архивите во Истанбул, Софија и Белград. -Драго ми е што и оваа година Државниот архив е присутен со свои проекти на отворањето на…
Белорусија уште пред почетокот на целосната руска агресија врз Украина служеше како тест полигон за руските воени сили, кои со благослов на белорускиот диктатор Александар Лукашенко се подготвуваа за напад врз суверена Украина. Нејзината територија и натаму пружа логистичка поддршка на руските вооружени сили при нападите врз Украина, а од неодамна таму почна да се преместува и дел од рускиот нуклеарен арсенал со кој Путин се заканува, не само на Украина, туку и на целиот демократски свет. Откако Лукашенко посредуваше во разрешувањето на воениот пуч на силите на Вагнер и нивниот шеф, Пригожин по нивниот марш кон Москва, тој ги…
Француската новинска Агенција Франс прес (АФП) вчера објави дека во Париз поднеле тужба против платформата „Х“ на Илон Маск, порано позната како „Твитер“, обвинувајќи дека оттаму одбиваат да разговараат за можна исплата за дистрибуција на содржината на новинската агенција. Во 2019 година, Франција усвои регулатива за „сродни права“ што ги принудува големите интернет-платформи да влезат во преговори со издавачите коишто бараат компензација за вести. „АФП ја изрази својата загриженост поради јасното одбивање на ‘Твитер’ (неодамна преименуван во ‘Х’) да влезе во дискусија во врска со спроведувањето на сродните права…“, се вели во соопштението на новинската агенција. Маск го критикуваше потегот…
Најголемиот наш стратешки парнер САД со Предлог Резолуцијата за македонскиот јазик, култура и историја уште еднаш на дело ја покажува својата посветеност во поддршката на нашата држава, информираат од СДСМ. „Резолуцијата во американскиот Сенат да се слават македонскиот јазик, култура и историја е уште една потврда за успешноста на меѓународната политика на СДСМ и признание за конструктивната улога на Македонците во градењето на американското општество.“, соопштуваат СДСМ. Претходно, слична Резолуција донесе и германскиот Бундестаг, со што македонскиот јазик, култура и историја добиваат признанија и промоција насекаде низ светот. „Наспроти лагите на ДПМНЕ за наводно загрозување на македонскиот јазик и идентитет, …
Износот на директната штета предизвикана на инфраструктурата на Украина поради инвазијата на Русија се проценува на 150,5 милијарди долари, од кои 55,9 милијарди долари се однесуваат на станбениот фонд, соопшти Киевската школа за економија (КСЕ Институт). „Од јуни 2023 година, вкупниот износ на директна документирана штета предизвикана на инфраструктурата на Украина како резултат на целосна руска инвазија се проценува на 150,5 милијарди долари“, се наведува во извештајот на КСЕ. Според пресметките на истражувачите, станбениот фонд има најголемо учество во вкупниот износ на загубите, 55,9 милијарди долари, имајќи ги предвид загубите од околу една милијарда долари од поплавите и уништувањето на…
