Author: Ана Василевска

Програмата на Фестивалот „Охридско лето“ продолжува со содржина од музичкиот дел, овојпат со концертот на пијано-дуото Дезомбре – Леклер во рамки на Француската вечер. Родена во Париз, Ан Дезомбре започнува да свири пијано во родната Франција, а се усовршува во Монтреал, Канада, каде студира пијано, пијано-придружба и француска литература. Настапува на фестивалот „Карипски ноќи“ во Гвадалупе, на фестивалот во Нанси, на фестивалот „Ноќи во замокот Бринвил“, во аудиториумот на Винсен, на отворањето на Месецот на франкофонијата во Хавана и во Амбасадата на Белгија во Куба. Нејзина специјалност е вокалната пијано придружба, а настапува и во дуо со Уго Леклер. Дезомбре…

Read More

Американскиот Стејт департмент ги критикуваше најавите на кинеското Министерство за државна безбедност заради усвојувањето на новите мерки во борбата против шпионажата, оценувајќи дека со тоа Пекинг поттикнува контрашпионажа меѓу граѓаните. -Поттикнувањето на граѓаните да се шпионираат едни со други предизвикува голема загриженост, изјави портпаролот на Стејт департментот Метју Милер, откако кинеското министерство неделава претходно соопшти дека има воспоставено систем за масовно учество во борбата против шпионажата, јавија британските медиуми. Кинеското министерство, што се занимава со странските разузнавачки служби и контрашпионажа, во својата прва објава на својот профил WeChat соопшти дека Кина треба да ги охрабри своите граѓани да се приклучат…

Read More

Партиската делегација на ВМРО-ДПМНЕ не го дочека интонирањето на државната химна на одбележувањето 120 години од Илинденското востание. На церемонијата на Мечкин камен во Крушево делегацијата ја предводеше претседателот на партијата Христијан Мицкоски. Сепак, тие го напуштија чествувањето пред да се интонира „Денес над Македонија“, од непознати причини. Од партијата претходно најавија дека Мицкоски, по положувањето цвеќе на Мечкин камен ќе го одбележи празникот во струшкото село Ташмаруниште. Инаку, претседателот на Собранието Талат Џафери ја предводеше високата државна делегација по повод Денот на Републиката – Илинден во Крушево. Цвеќе положија и голем број граѓани и партиски делегации.

Read More

САД ја пофалија владата на Кенија за одзивот на повикот на Хаити и за решението да ги предводи мултнационалните сили во Хаити за да помогне во справување со влошената безбедносна ситуација од насилството вршено од бандите, се вели во синоќешното соопштение на Стејт департментот. -САД со нетрпение очекуваат да работат со партнерите на Хаити за успешно извршување на овој процес, вклучувајќи и преку резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која авторизира мултинационални сили на Хаити, изјави државниот секретар Ентони Блинкен. САД не запираат со подршката за народот на Хаити, соочен со насилството од бандите во форма на изнуди, киднапирања…

Read More

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска беше дел од државно-црковната делегација која денеска го посети  манастирот „Св. Прохор Пчински“ во Република Србија, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Македонија (АСНОМ), на 2 август 1944 година. Како што соопшти Министерството за култура, Костадиновска-Стојчевска од „Прохор Пчински“ порача дека со почит кон нашата историја и со вера во нашата иднина, го славиме Илинден и продолжуваме напред, заедно. -Стоиме горди на местото каде се удрени темелите на нашиот јазик, државност и идентитет. Манастирот „Св. ‘Прохор Пчински’ засекогаш ќе остане во нашата меморија и со длабока почит, додека е…

Read More

Околу 13 отсто од германските компании во моментов користат вештачка интелигенција додека околу 9 отсто планираат да го сторат тоа. Тие цифри ги објави Иститутот за економски истражувања Ифо, јави ДПА. Во индустријата, секоја трета компанија користи вештачка интелигенција или планира да ја користи, додека околу 20 проценти од компаниите во услужниот и малопродажниот сектор и 15 проценти од градежните компании исто така користат. За околу 40 отсто од компаниите во Германија, вештачката интелигенција не игра никаква улога во моментов. Во градежниот сектор таа цифра е 60 отсто. Системите базирани на вештачка интелигенција обработуваат големи количини на податоци со помош…

Read More

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на државотворните настани на двата Илиндена во  1903, и во 1944, од перспективата на оваа 2023 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да  ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија кој не повикува: Да ја градиме како граѓанска држава, која ќе биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници кои ќе ги уживаат благодетите на земја членка на Европската Унија. 120 години поминаа од славната крушевка Илинденска епопеја. Историски настан кој е вграден во темелите на државноста на Република Македонија. Настан…

Read More

Сенегал го прекина пристапот до апликацијата ТикТок до понатамошно известување, изјави денеска министерот за комуникации, неколку дена по ограничувањето на користењето на мобилниот интернет поради протестите на опозицијата. „Министерот… ја известува јавноста дека е забележано дека апликацијата ТикТок е социјалната мрежа што ја претпочитаат луѓе со лоша намера да шират штетни пораки на омраза што ја загрозуваат стабилноста на земјата“, се вели во изјавата на министерот. Западноафриканската земја, исто така, го ограничи пристапот до интернет услугите од понеделникот, користејќи слично оправдување. Ограничувањата доаѓаат откако опозицискиот лидер Усман Сонко беше обвинет за заговор за бунт, криминален заговор и други дела.

Read More

Бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер профилот упати честитка за празникот Илинден на Северна Македонија. -Честит Национален празник на Северна Македонија! Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност. Заедно гледаме кон заедничката иднина – Европската Унија, пишува бугарското МНР на Твитер. Претходно, претседателот Румен Радев упати честитка до својот македонски колега Стево Пендаровски по повод државниот празник на Република Северна Македонија Илинден – Денот на Републиката, соопштија од прес-службата на шефот на државата. Бугарскиот претседател во честитката истакна дека годинава се навршуваат 120 години од „Илинденско-Преображенското востание – величествен и значаен настан од заедничкото…

Read More

Навистина бев воодушевен утрово кога тука видов луѓе од Македонија кои зборуваат на македонски јазик. Ние Србите, како што знаете, ги сакаме Македонците и го сакаме македонскиот јазик и не мислиме дека не постои или не знам што. Напротив, одлично го разбираме македонскиот јазик како што знам дека и вие го разбирате и го зборувате српскиот јазик. Немам никаков проблем да кажам дека ние сме не само пријатели, туку дека како народ имаме братски односи и во секој случај, верувам дека тие односи и натаму ќе се развиваат, рече денеска српскиот претседател Александар Вучиќ по билатералната средба со својот македонски…

Read More

Да ги надминеме разликите, да се сплотиме околу итно започнување на преговорите, во спротивно ќе ги изгубиме младите кои се иселуваат. Потребни ни се европски реформи, кои ќе помогнат да го оствариме виталниот национален интерес, да ги мотивираме младите да останат во државава, порача претседателот на државата, Стево Пендаровски, на одбележување на 2 Август, во Меморијалниот центар на АСНОМ во Пелинце. Пред присутните Пендаровски кажа младите беа вистинските двигатели на двата Илиндена, клучни за трансформациите во државата, но денес кажа се загрозено малцинство. – Со сегашното темпо на иселување, постои реална опасност многу бргу да ја достигнеме критичната демографска точка…

Read More

Поглаварот на Римокатоличката црква папата Франциск денеска пристигна во Лисабон, каде се собраа околу милион верници по повод Светскиот ден на младите. Папата Франциско (86) на 80-тина новинари кои пристигнаа со него во Португалија им порача дека од патувањето „ќе се врати подмладен“. Папата на воениот аеродром во Лисабон беше пречекан од португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуса. Пред средбата со младите планирана за утре, денешниот ден е посветен на средби со функционери и свештени лица. За време на неговото 42 патување, римокатоличкиот поглавар треба да одржи 11 говори и да има околу 20 состаноци. Престојот на папата во Лисабон…

Read More