Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Силата на вредностите на трите Илиндени нека биде со нас

0
By Ана Василевска on August 2, 2023 КОЛУМНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, August 2, 2023 16:22

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на државотворните настани на двата Илиндена во  1903, и во 1944, од перспективата на оваа 2023 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да  ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија кој не повикува: Да ја градиме како граѓанска држава, која ќе биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници кои ќе ги уживаат благодетите на земја членка на Европската Унија.

120 години поминаа од славната крушевка Илинденска епопеја. Историски настан кој е вграден во темелите на државноста на Република Македонија. Настан после кој идејата на создавање држава на македонскиот народ влезе во нејзината последна фаза и која беше крунисана со создавањето на Република Македонија како држава на уште еден историски настан – Првото заседание на АСНОМ на истиот ден, на Илинден, на 2 август 1944 година во манастирот Прохор Пчињски, како државотворен контиунитет на Крушевската Република од 1903 година.

Тоа е нашите два Илиндена, а многумина денеска за трет Илинден го сметаат и 8 септември кога македонските граѓани на референдум ја изгласаа независноста на својата татковина.

Првиот Илинден во 1903 година беше ѕвезда-водилка низ дваесеттиот век кога не почетокот на векот желбата за сопствена држава си ја побара својата реализација.

И би Крушевска Република – прва на Балканот.

Вториот пат Илинден блесна во 1944 година, во манастирот Свети Прохор Пчињски, каде што се одржа Првото заседание на АСНОМ.

Двата Илиндена ги одредија темелните вредности на современата македонска држава

Многу историски датуми и процеси, и симболично, но, и многу повеќе реално, го одразуваат континуитетот на државотворната историја и стремеж на граѓаните, на народите на Република Македонија, да создадат сопствена држава.

Во државотворната историја и континуитет на еден народ, декларациите, документите, усвоените одлуки и резолуции, се важен момент. Тие се архивата, документирана меморија на стремежите за сопствена држава, со сопствен идентитет.

Но, она што е уште поважно се визионерските принципи, идеали и идеи врз основа на кои државотворноста се претвора во жива приказна. Во код со која ќе се идентификуваат сите граѓани со државата што се создава како заедничка за сите граѓани.

Духот на таа приказна започна да се создава уште во 1903 година со Крушевскиот манифест и со визионерски и инспиративен повик во предвечерието на востанието: „Да ја чествуваме Наша, Македонија – без разлика на вера, етничка припадност, пол и убедувања. Бидејќи од дедо – прадедо си живееме како браќа и сестри на оваа земја! За право, за слобода и за човечки живот“.

Тој дух на континуитет на вредности, кои се карактеристика на модерните европски држави, си најде свое место и во агендата, како и во свечената атмосфера во која се одржуваше големиот, историски и државотворен настан – Првото заседание на АСНОМ, на вториот Илинден, на 2 август 1944 година.

Во еден, од четирите државотворни одлуки и документи од државотворното собрание на Демократска Федерална Македонија – Декларацијата за основните права на граѓаните на Македонија во која е вграден модерниот државотворен концепт и кој определува:

– Сите граѓани на федералната македонска држава се еднакви и рамноправни пред законите, без разлика на нивната народност, пол, раса и вероисповед.

– На националните малцинства на Македонија им се гарантираат сите права на слободен национален живот.

– На секој граѓанин му е загарантирана сигурноста за приватноста и имотот, загарантирано му е правото на сопственост и и приватната иницијатива во стопанскиот живот.

– На секој граѓанин му е загарантирана слободата на вероисповед и слободата на совеста.

– На сите граѓани им се гарантира слободата на говорот, печатот, правото на јавен собир и слободата на здружување.

– Сите граѓани на демократска Македонија имаат право еднакво, општо и непосредно да учествуваат на слободни избори со тајно гласање.

Визијата за една таква Македонија, визијата на членовите на Президиумот на АСНОМ, на другите што учествуваа во сите процеси и подготовки на овој голем настан е вткаена со принципите за еднаквост и за инклузивност на сите граѓани на територијата на новосоздаденета држава, само 41 година после славната епопеја на Крушевската Република.

Тие принципи, како темелни вредности, се вградени и во Манифестот на АСНОМ во кој уште се вели:

„Тешкото минато ни покажа оти интересите на нашите народи са исти, а нивната судба заедничка. Во овие решителни моменти сите ние ја градиме слободна Македонија. Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме.

Мобилизирајте ги сите народности поскоро да ги оствариме неговите свети принципи. Учествувајте равноправно во изградувањето на слободна Македонија – слободна татковина на сите народности.“

Да ги избереме вредностите според кои пречките денес не се ништo спoреденo сo придoбивките oд иднинaтa

За жал, овие вредности за „рамноправно учество во изградувањето на слободна Македонија – слободна татковина на сите народности“, во неколку наврати во текот на нашата современа историја некој сакаше сериозно да го наруши.

Денеска, кога со сета почит и достојно се сеќаваме на државотворните настани на двата Илиндена во  1903, и во 1944, како и на референдумската независност од 1991 година, од перспективата на оваа 2023 година, неминовно е да се соочиме со фактот дека треба да  ја прифатиме државотворната агенда на концептот за Македонија кој не повикува: Да ја градиме како граѓанска држава, која ќе биде слободна татковина на сите граѓани и на сите етнички заедници кои ќе ги уживаат благодетите на земја членка на Европската Унија.

Се сменуваат, и треба да се сменуваат владеачките гарнитури во една демократска земја. Но, она што треба и мора да биде заедничко за сите е чесната намера и посветената работа за доброто на сите граѓани.

Оваа година, на 120 години од Илинденското востание и на 79 години од првото заседание на АСНОМ, повторно сме пред историски избор: Да му дадеме шанса на континуитет на евроинтеграцискиот процес со продлолжување на преговорите. Да испратиме порака до Брисел и до демократскиот свет, кој едногласно ја поддржува Република Северна Македонија на овој пат.

Бевме предолго надвор од тие текови. Дел од причините беа објективни, но дел од проблемите се генерираа и од внатре.

Се доведовме во ситуација кога можеме да кажеме дека веќе воопшто немаме време за чекање.  Изминатите години што се непосредно зад нас, не можеме да ги вратиме, ама затоа времето пред нас мораме умно и храбро да го искористиме.

Нашите пријатели сметаат дека нашата држава е на вистинскиот пат и порачуваат да се обединиме сите за исполнување на заедничкиот интерес за остварување на добри перспективи за нашите граѓани.

Како и за време на двата Илиндена и оној третиот – референдумот за независност, да ги избереме вредностите според кои пречките денес не се ништo спoреденo сo придoбивките oд иднинaтa.

Тоа се вредности на лидерски особености: Да се гледa на пречките кaкo на предизвици кoи требa дa се решaвaaт, a не дa се oдлaгaaт и со тоа да ја загрозуваат иднината на државата и народот.

Извор: Рацин.мк

Илинден Крушевска Република
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
shortcut
ФОКУС
June 25, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

ВЕСТИ June 25, 2026

Земјотресите што ја погодија Венецуела се најсилните регистрирани во земјата во повеќе од сто години,…

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026

Несигурен Западен Балкан: САД и Трамп ни ја продолжија вонредната состојба

June 24, 2026

Вашингтон: Американскиот Сенат изгласа резолуција против продолжувањето на војната против Иран

June 24, 2026
ТИКЕР

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.