Author: Ана Василевска

Косовскиот премиер Албин Курти, во видео објавено непосредно пред почетокот на самитот на ЕУ, претстави четири чекори за деескалација на ситуацијата во деверниот дел од државата. Во видео порака на англиски јазик, Курти нагласува дека тие „четири чекори“ ги претставил на последната средба во Брисел. Тој тврди дека Приштина е подготвена да придонесе за деескалација и да се заложи за конкретни чекори во таа насока. Како прв чекор тој наведува дека Приштина е подготвена да се заложи за намалување на присуството на косовската полиција во општинските згради и нивната околина, како што наведе, „постепено и пропорционално со намалувањето на насилството“.…

Read More

ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија на актуелната тема уставни измени со кои во Уставот ќе се внесат граѓаните со бугарско етничко потекло.  Учесници на панелот беа Ерол Ризаов, уредник во Независен.мк, Мирослав Јовановиќ,  директор и главен уредник на Слободен Печат и Зоран Иванов, уредник. Панелот го водеше новинарот Љубиша Николовски. На панелот се дебатираше за тоа дали се лажни или реални  стравувањата за внесување на Бугарите во уставот, колку се лажни или реални опасностите поради партиски хирови земјата да ги запре преговорите со Унијата, колку е лажно или реално стравувањето дека на земјава и претстои изолација доколку во ноември…

Read More

Почесен Конзулат на Кралството Норвешка денеска беше отворен во просториите на „Алкалоид АД“ Скопје, чиј генерален директор Живко Мукаетов ќе ја врши функцијата на почесен конзул во земјава. На официјално отворање на конзулатот во присуство на министри во Владата, претставници на бизнис заедницата, на дипломатскиот кор, пријатели и деловни соработници, се обрати државниот секретар во норвешкото МНР,  Ајвинд Вад Петерсон кој го потенцира одбележувањето годинава на 30 години од воспоставувањето на билатералните односи меѓу двете земји, кои рече станаа соседи по азбучен ред во именувањето во меѓународните организации откако државава го промени името. Тридецениското партнерство меѓу двете земји, нагласи тој,…

Read More

„Се надеваме дека културната соработка помеѓу двете соседни земји ќе продолжи и во иднина“, соопштуваат од Сектор филм, продуцентската куќа која е копродуцент од РС Македонија на „Зад стоговите сено“.  Долгометражниот игран филм „Зад стоговите сено“/”Behind the haystacks” на младата грчка режисерка Асимина Проедроу, реализиран во копродукција помеѓу Грција, Германија и Северна Македонија, доби десет награди на годишната церемонија на Грчката филмска академија. Дебитантскиот игран филм „Зад стоговите сено“ на младата режисерка Асимина Проедроу од Грција постигна исклучителен успех на церемонијата на доделување на наградите на Грчката филмска академија (Hellenic Film Academy Awards 2023), што се одржа на 27 јуни…

Read More

Над половина милион верници ја напуштија Католичката црква во Германија лани, што е најголем број на заминувања регистрирани досега, објави денеска Германската бискупска конференција во Бон. „Во 2022 година, 522.821 верник побарале официјален испис од редовите на Католичката црква, што е најголем број откако се води статистика“, се вели во соопштението. Ова е значително повеќе отколку во 2021 година, кога црквата ја напуштиле 359.338 верници. Најголем број верници ја напуштија Католичката црква во најголемата надбискупија Келн и Минхен/Фрајзинг. Овие архиепископии сѐ повеќе се во центарот на јавниот интерес во последниве години поради скандалот околу прикривањето на криминалните дејствија на сексуална…

Read More

Во следните неколку дена може да се очекува официјалната одлука на НАТО за продолжување на мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг за уште една година, пишува денеска норвешкиот весник „Верденс ганг“, повикувајќи се на три неименувани дипломатски извори. Како што наведува, сите земји членки на НАТО се обединети во својата одлука да побараат од Столтенберг да продолжи да ја извршува функцијата генерален секретар. Столтенберг се уште официјално не се согласил да го продолжи својот мандат. Договорот што го има со НАТО му истекува на 1 октомври годинава. Норвешкиот весник наведува дека мандатот на Столтенберг се очекува да биде продолжен пред…

Read More

Претседателот на Турција, Реџеп Тајип Ердоган во денешниот телефонски разговор со ерменскиот премиер Никол Пашинјан истакна дека треба да продолжи процесот на целосна нормализација на односите меѓу двете земји, соопшти кабинетот на Ердоган. Додека според Јавното радио на Ерменија, Пашинјан и Ердоган разговарале за процесот на спроведување на Договорот за отворање на копнената граница меѓу двете земји за лицата кои имаат дипломатски пасоши и за државјаните на трети земји. Пашинјан на претседателот на Турција му го честита Курбан Бајрам, а Ердоган на ерменскиот премиер му го честиташе на ерменскиот премиер Вартавар, празникот Преображение, јави Радиото.

Read More

Бугарскиот премиер Николај Денков денеска ја означи проруската партија Преродба, која дејствува во Бугарија, како неофашистичка организација. „Неофашистичката партија беснее во Националното собрание, парадира во националните медиуми. Објавена е војна против европските вредности, кои се и бугарски. Бугарија ќе ја изгуби битката за својот европски идентитет, без храбар проевропски став на медиумите“, рече Денков, пренесува Еурактив. Порталот додава дека партијата и нејзиниот лидер Костадин Костадинов неодамна ја заострија својата агресивна реторика, додавајќи дека за време на протестот предводен од нивните членови, била вандализирана канцеларијата на Европската унија во Софија. Во исто време, пратеникот на „Преродба“ Емил Јанков рече дека политичките…

Read More

Европската комисија денеска излезе со предлог за воспоставување рамка за можно воведување на дигиталното евро и предлог да се обезбеди задолжително прифаќање на готовинските плаќања со цел да се отфрли стравот на многумина дека дигиталната валута може целосно да ја замени готовината. Комисијата, исто така, предложи дигиталното евро, нематеријална валута, да добие статус на законско средство за плаќање во еврозоната, а во моменов во ЕИУ само банкнотите и монетите на еврото го имаат тој статус. -Денешните предлози, исто така, ќе гарантираат дека готовината ќе продолжи да биде целосно достапна, истовремено дозволувајќи и на Европската централна банка со текот на времето…

Read More

Американските власти ја потврдија смртта на британскиот актер Џулијан Сендс, по пет месеци откако исчезна додека планинареше по планините во Калифорнија. Смртта на британскиот актер Џулијан Сендс е потврдена три дена откако човечки останки беа пронајдени во ридовите во јужна Калифорнија каде што исчезна пред пет месеци. Тој имаше 65 години. Сендс, бил страствен планинар кој живеел во Лос Анџелес. Тој бил пријавен за исчезнат на 13 јануари откако тргнал на пешачење во близина на планината Балди, источно од Лос Анџелес. Регионот беше силно погоден од силно невреме во текот на зимата. Истрагата сега потврди дека човечките останки откриени во…

Read More

Уредникот и новинар Џабир Дерала очекува сериозно да се разгледа случајот со првостепената неправосилна пресуда во полза на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за клевета, бидејќи, како што вели, политичарот ја злоупотребува пресудата во остварувањето на цели насочени против слободата на говорот и демократијата. Според новинарот, нападот на Мицкоски против има карактер на лична пресметка, но целта е да се дискредитираат и заплашат неистомислениците, а особено носителите на прогресивните идеи и ставови. „Вака изгледа срамот од лагите на власта, уште еднаш осудени се дека клеветат. На големиот христијански празник Прочка водеа кампања со лаги, навреди и измислици по кој знае…

Read More

Пишува: НИНА Л. ХРУШЧЕВА / Project Syndicate Евгениј Пригожин можеби го откажа неговиот обид за државен удар непосредно пред да стигнат неговите платеници од групата Вагнер до Москва, но бунтот можеби сепак фатално го поткопа режимот на Владимир Путин. Можеби ќе поминат денови, недели, па дури и месеци пред целосно да се разоткријат пукнатините, но не грешете: секоја криза што завршува само со најмалите резолуции, или воопшто никакви, понатаму ја намалува положбата на Путин и оттука каква и да е поддршка што сé уште ја има кај руските елити. Неговите ривали сигурно веќе го меркаат неговиот престол. Краткорочно, Путин би можел да го…

Read More