Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ВИДЕО) Внесувањето на Бугарите и други етнички заедници во Уставот нема да ги намали правата на другите

0
By Ана Василевска on June 29, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 29, 2023 16:11

ЦИВИЛ денеска одржа панел дискусија на актуелната тема уставни измени со кои во Уставот ќе се внесат граѓаните со бугарско етничко потекло.

Учесници на панелот беа Ерол Ризаов, уредник во Независен.мк, Мирослав Јовановиќ,  директор и главен уредник на Слободен Печат и Зоран Иванов, уредник. Панелот го водеше новинарот Љубиша Николовски.

На панелот се дебатираше за тоа дали се лажни или реални  стравувањата за внесување на Бугарите во уставот, колку се лажни или реални опасностите поради партиски хирови земјата да ги запре преговорите со Унијата, колку е лажно или реално стравувањето дека на земјава и претстои изолација доколку во ноември не ги исполни условите за одржување на втората меѓувладина конференција со ЕУ и не отпочне со отворање на тематските интегративни кластери? Лажно или само гол борба за власт се условувањата за негласањето на со рамката договорените уставни промени…
Ерол Ризаов, уредник во Независен.мк посочува кон улогата на медиумите и нивниот придонес кон креирање правилни наративи за придобиките од влезот во Европската унија.
„Медиумите треба да се насочат кон тоа да им објаснат на граѓаните кои се придобивките од Европската унија, односно што ќе добиме или ќе изгубиме ако станеме дел од ЕУ… Придобивките од влез во ЕУ не се да ја замислуваме Европа како голем банкомат кој ќе ни дава пари, туку придобивките се многу повеќе од тоа. Прифаќањето на европските вредности во еден долг процес“, вели меѓу другото Ризаов.

Мирослав Јовановиќ, медиа директорот и главен уредник во Слободен печат порача дека внесување на кои било други етнички заедници во нашиот Устав не значи намалување на правата на другите.

„Европската унија е најпросперитетното општество на земјината топка,  и ние тежнееме да станеме дел од тој клуб… Давањето на права на одредена заедница јас го гледам како цивилизациска вредност. Внесувањето на Бугарите и други етнички заедници во Уставот нема да ги намали правата на другите“, вели Јовановиќ.

Новинарот Зоран Иванов посочи за неоснованиот страв на граѓаните за губење на идентитетот со внесувањето на Бугарите во Уставот.

„Внесување на Бугарите се само алатка за да ги почнеме преговорите со ЕУ. Околу 80 отсто од граѓаните стравуваат дека ќе ни го земат идентитетот, но не можат да објаснат како ќе ни го земат“, вели Иванов.

 

Камера и фотографии: Дехран Муратов

Монтажа: Ариан Мехмети

Панел дискусија уставни измени Цивил
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.