Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Половина милион верници во Германија ја напуштиле Католичката црква

0
By Ана Василевска on June 28, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 28, 2023 16:15

Над половина милион верници ја напуштија Католичката црква во Германија лани, што е најголем број на заминувања регистрирани досега, објави денеска Германската бискупска конференција во Бон.

„Во 2022 година, 522.821 верник побарале официјален испис од редовите на Католичката црква, што е најголем број откако се води статистика“, се вели во соопштението.

Ова е значително повеќе отколку во 2021 година, кога црквата ја напуштиле 359.338 верници.

Најголем број верници ја напуштија Католичката црква во најголемата надбискупија Келн и Минхен/Фрајзинг.

Овие архиепископии сѐ повеќе се во центарот на јавниот интерес во последниве години поради скандалот околу прикривањето на криминалните дејствија на сексуална злоупотреба на малолетници од страна на вработените во црквата.

Покрај разочарувањето од однесувањето на црковните поглавари во врска со педофилските скандали, многумина ја напуштаат црквата и поради данокот кој е задолжителен за секој верник кој плаќа данок на доход. Т.н. црковниот данок е околу девет отсто од данокот на доход.

Католичката и протестантската, двете најголеми цркви во Германија, сега собираат помалку од половина од населението. Пред 20 години им припаѓало 65 отсто од населението.

Минатата година и протестантската црква загуби рекорден број верници. Во моментов, околу 24 милиони германски граѓани се декларираат како католици, а околу 19 милиони како протестанти.

Според експертите, масовното напуштање на двете најголеми германски цркви може да има трајни последици за германското општество.

„Бавната смрт на католичката и протестантската црква не ги погодува само нив, туку и целото општество, кое губи важна социјална и образовна поддршка која нема да може да се замени… Бранот на заминување верници не е само црковен проблем, но долгорочно ќе ја промени Германија“, изјави адвокатот задолжен за црковно право Томас Шулер за ДПА.

Верници Германија Католичка црква
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.