Author: Ана Василевска

Во рамки на културната програма на иницијативата Отворен Балкан, на 13 јули во Културниот центар на Србија во Париз, ќе биде отворена изложбата „Супстрати“, под покровителство на mинистерствата за култура на Северна Македонија, Србија и Албанија. Куратор на изложбата е Клаудија Пецолд, основач на порталот за подигнување на свеста за преобразба на природното и културно наследство Curating Evolution, која фокусирајќи се на современата уметност ги нагласува фундаменталните врски помеѓу трите земји во рамки на Отворен Балкан, соопшти Министерството за култура. Реализацијата на културната програма на Отворен Балкан овозможува балканските земји преку својата уметничка сцена, во современ концепт да ја претстават…

Read More

Бугарскиот претседател Румен Радев влезе во конфликт со европските институции поради политиката кон Северна Македонија. Денеска, на 26 јуни,  тој испрати остра порака до европските лидери, откако шефот за надворешни работи на ЕУ, Жозеп Борел, само неколку часа претходно објави дека од европска перспектива нема пречка за пристапување на Северна Македонија, пишува денеска влијателниот независен бугарски портал Медијапул. Порталот пишува дека Радев реагирал со обвинување дека Скопје лобира за својот евроинтеграциски процес и нагласил дека „никогаш досега не било дозволено земја-кандидат за членство да има такво влијание врз работата на европските институции“. Претседателот Радев и досегашните преодни бугарски влади назначени од…

Read More

Пишува:  АНА ВАСИЛЕВСКА  И во име на вековната и традиционална просветителска улога на нашата Црква, убаво би било таа да го искористи влијанието за описменување а не за дезинформирање на своите следбеници. МПЦ ќе го брани својот народ, децата и жените, најави денеска поглаварот на Македонската православна црква-Охридска архиепископија г.г. Стефан и со видео-обраќање побара поддршка околу протестот пред Соборниот храм. Всушност, МПЦ-ОА, сите нас ќе не заштитувал од носењето на Законот за родова еднаквост и Законот за матична евиденција. Не само што е апсурдна, туку е крајно несериозна ваквата изјава од страна на поглаварот а во име на свештенството…

Read More

Совет на Вишиот суд во Краљево го потврди обвинението против тројцата припадници на косовската полиција и донесе одлука со која на обвинетите им е укинат притворот. Адвокатот од Белград, Градимир Налиќ, кој ги застапува уапсените косовски полицајци во Србија, потврди за РСЕ дека им е укинат притворот и дека, како што изјави, тие во моментот се ослободуваат. „Обвинението е потврдено, а притворот е укинат и ќе се бранат од слобода“, рече Налиќ и додаде дека полицајците се враќаат на Косово. Тој рече и дека „во интерес на клиентите“ не може да каже ништо повеќе за овој случај. Унгарскиот премиер Виктор…

Read More

Нестабилноста во нуклеарна Русија „не е добра работа“. Ова го изјави високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Жозеп Борел. Прекинатиот бунт на Вагнер покажува дека војната на Москва во Украина ја троши руската моќ и дека нуклеарната нестабилност „не е добра работа“, рече шефот на европската дипломатија. „Она што се случи викендов покажува дека војната против Украина ја дели руската моќ и влијае на нејзиниот политички систем. Секако не е добро да се види како нуклеарна сила како Русија влегува во фаза на нестабилност. Тоа е исто така нешто што треба да се земе предвид. Чудовиштето работи…

Read More

Претседателот на Франција,  Емануел Макрон изјави дека бунтот на приватната воена формација „Вагнер“ против военото раководство на Русија покажува, како што наведе, „поделби во рускиот табор“ и укажува на кревкоста на руските вооружени сили. Макрон за денешното издание на дневниот весник „Прованс“, по повод случувањата во Русија, истакна дека треба да се биде внимателен бидејќи ситуацијата се уште се развива. „Но, тоа ги покажува поделбите што постојат во рускиот табор, кревкоста и на нејзината армија и на нејзините помошни сили, како што е групата „Вагнер“, посочи Макрон. Тој додаде дека настаните во Русија ги следел „од час во час“. „Поради…

Read More

Со рекордно ниската излезност на вчерашните избори во Грција, најниска во изминатите најмалку 20 години во комбинација со влезот во Парламентот на нови политички сили, речиси сите партии загубија гласови во споредба со изборите на 21 мај годинава, доколку се анализираат официјалните изборни резултати, јави дописничката на МИА од Атина. Вчера, излезноста беше 52,82 отсто, што значи дека речиси половина од граѓаните со право на глас, одбрале да не гласаат. Доколку се анализираат резултатите и податоците од минатите изборни процеси, од 2004 година до вчера, се забележува тренд на опаѓање на учеството на изборите. Пред 19 години излезноста беше 76,5…

Read More

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ денеска во Ниш ќе ја потпиши трилатералната финансиска спогодба за прекугранична соработка меѓу Северна Македонија и Србија и Европска Унија. Како што соопшти Секретаријатот за европски прашања, ИПА Програмата за прекугранична соработка, која беше усвоена од Европската комисија на 3 јуни 2022 година, има вкупен буџет од 9,7 милиони евра, од кои 8,4 милиони евра неповратни средства од ЕУ. Вицепремиерот Маричиќ, заедно со неговата српска колешка, министерката за европски интеграции, Тања Мишчевиќ, и евроамбасадорот во Србија, Емануел Жиофре, ќе ја потпишат првата алокација од новата прекугранична соработка за 2021 и…

Read More

Претседтаелот на САД, Џо Бајден презеде „лош потег“ кон Велика Британија со тоа што го блокираше Бен Валас да се кандидира за генерален секретар на НАТО, изјавија денеска неименнувани извори од британската Влада. Британскиот министер за одбрана беше фаворит на голем број земји-членки за наследник на актуелниот генерален секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг. Британски владини извори сугерираат дека сега постојат стравувања дека „посебните односи“ помеѓу Велика Британија и САД може да се влошат. „Ние треба да бидеме нивен најблизок сојузник. И ова е она што го добиваме“, изјави неименуван претставник на британската влада. Најверојатно од поранешниот норвешки премиер Столтенберг ќе…

Read More

Високиот претставник на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека на средбите што ги имал во четвртокот со премиерот на Косово, Албин Курти и со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, било договорено да има предвремени избори во четирите северни општини во  Косово, а во северна Митровица синоќа повторно имаше експлозии,  јавуваат косовските медиуми. Во продолжение се темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ – ПРЕС. КОСОВО Бота Сот: Предвремени избори и ослободување на тројца полицајци, што порачаа лидерите вчера по средбите во Брисел Косовскиот премиер Албин Курти по средбата во Брисел…

Read More

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во претседателскиот кабинет одликува со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ петмина доајени кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава. Со „Медал за заслуги“ се одликувани великаните на македонската кошарка Лазар Лечиќ (84) и постхумно Благоја Георгиевски Буштур, кој загина во сообраќајна несреќа во 2020 на 69 годишна возраст, како и одбојкарската легенда Владимир Богоевски (69), долгогодишниот селектор на македонската репрезентација во борење слободен стил Насе Насев (70) и актуелниот претседател на Македонската Таекводно федерација и селектор на националниот…

Read More

Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ при Македонската академија на науките и уметностите во соработка со Министерството за финансии на Република Северна Македонија и Секретарјатот за европски прашања на Владата на Република Северна Македонија, на 22.06.2023 година одржа научна конференција на тема: ЗАБРЗУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ПРИСТАПУВАЊЕ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ВО ЕУ: КЛУЧНИ ПРЕДИЗВИЦИ И ПРИОРИТЕТИ. На конференцијата зедоа учество 50 научни работници од академската заедница – академици, професори од државните и приватните универзитети, од научните институти и од други домашни научни и стручни институции и дел од владините експерти кои активно работат на процесот на приближување и интегрирање на…

Read More