Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Буштур, Богевски, Лечиќ меѓу спортски великани со „Медал за заслуги“ од Пендаровски

0
By Ана Василевска on June 23, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 23, 2023 11:49

Шефот на државата Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија во претседателскиот кабинет одликува со „Медал за заслуги за Република Северна Македонија“ петмина доајени кои оставија траен белег на спортските терени и дадоа огромен придонес за афирмација на македонскиот спорт и држава.

Со „Медал за заслуги“ се одликувани великаните на македонската кошарка Лазар Лечиќ (84) и постхумно Благоја Георгиевски Буштур, кој загина во сообраќајна несреќа во 2020 на 69 годишна возраст, како и одбојкарската легенда Владимир Богоевски (69), долгогодишниот селектор на македонската репрезентација во борење слободен стил Насе Насев (70) и актуелниот претседател на Македонската Таекводно федерација и селектор на националниот тим Борче Костовски.

„Иако сме мала нација како број, можеме да бидеме горди на нашите врвни спортисти, кои во индивидуалните и колективните спортови остваруваа и остваруваат врвни резултати. Претходно веќе имав можност на дел од нашите освојувачи на највредни олимписки медали да им доделам највисоки државни признанија. Денес, уште пет наши спортисти, спортски работници, тренери и селектори, кои стојат за успесите на спортистите, ќе добијат „Медал за заслуги““, рече Пендаровски во своето обраќање.

Осврнувајќи се на придонесите на секој од петмината македонски спортски великани поединечно, Пендаровски истакна дека Лечиќ е едно од најзначајните имиња за развојот на македонската кошарка.

– Со својата енергија и знаење за кошарката, а особено со својата препознатлива харизма, Лечиќ остави траен белег во македонскиот спорт, рече шефот на државата.

Нарекувајќи од поранешниот кошаркар на Работнички и македонски селектор Благоја Георгиевски, вонсериски талент, Пендаровски потсети дека Буштур ги достигна највисоките височини, освојувајќи медали на најголемите натпреварувања.

Навраќајќи се на големите успеси во минатото на македонската одбојка, претседателот Пендаровски истакна дека како нација сме среќни што имаме играч од светска класа и успешен тренер во името на Владимир Богоевски.

– Нашиот најуспешен спорт е борењето во слободен стил, рече Пендаровски, додавајќи дека „зад најголемите успеси, вклучувајќи го и првиот олимписки медал на македонски спортист, стои легендарниот селектор Насе Насев.

Потсетувајќи на успехот на таеквондистот Дејан Георгиевски на Олимписките игри во Токио, македонскиот претседател ја нагласи улогата на селекторот Борче Костовски.

– Среброто на Георгиевски во Токио ја сплоти нацијата и ги израдува граѓаните, а најзаслужен за овој успех е тренерот Костовски, посочи македонскиот претседател Пендаровски на свечената церемонија на доделувањето „Медал за заслуги“ на македонските спортски великани.

Медал за заслуги Спортски легенди Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.