Author: Ана Василевска

Турските безбедносни служби спречија голем терористички напад во Истанбул, пишува весникот „Милиет“. Според пишувањата на турските медиуми, во нападот требало да учествува и странски државјанин, кој е приведен, и кој, според досегашните информации, е главен осомничен. Странецот е приведен во Истанбул, во областа Бахчелиевлер. Засега службите не ја откриваат неговата националност. Кај осомничениот биле пронајдени два нерегистрирани пиштоли и експлозивна направа.

Read More

Изминатиов викенд од 15 до 18 јуни 2023 година во селото Растојца, Демир Хисар, се одржа второто издание на Центарот за Интердисциплинарни Активности.   ЦИА е номадска резиденција односно центар која секоја година истражува нови простори, места и природа, каде учесниците  престојуваат,  работат, творат, истражуваат, разговараат, споделуваат, се запознаваат и остваруваат меѓусебни соработки. За време на нивниот престој, учесниците  заеднички беа дел од снимање на краток експериментален филм, сликање, фотографирање и планинарење. Се одржа работилница за современ танц, се креираше музика за експерименталниот филм, се дискутираше за креативна продукција… Учесниците имаа можност да практикуваат комбинирана техника на јога и чи гонг. Настанот се заокружи…

Read More

На тромеѓето на Преспанското Езеро почнувајќи од вечер до 25 јуни ќе се одржи автентичен фестивал „Запознај ја Преспа“, кој спојува музика, уметност, традиција, гастрономија и работилници за иден развој на туризмот во овој регион. Како што е најавено, фестивалот почнува во селото Брајчино, сместено на падините на Пелистер, каде уметникот Никола Узуновски подготвува изложба и еко-арт инсталации во природа. музикаМеѓу другото, програмата на овој фестивал опфаќа гастрономија, еко уметност, работилници, презентации за туризам и презентирање грантова програма на ЕУ за овој регион. Своја презентација ќе има РеактАрт – уметничка резиденција Преспа 2023 во која се вклучени уметниците Доротеј Нешовски,…

Read More

Лидерот на бугарската владејачка партија ГЕРБ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, денеска во ходниците на Народното собрание во Софија, експресно му одговори на бугарскиот претседател Румен Радев, изјавувајќи дека владата на ниту еден начин не ја турка земјата кон војна. -Ние во никој случај не ја туркаме земјата во војна, изјави Борисов, во коментарот до Радев, кој утринава изјави дека „курсот на новата влада е да ја турка Бугарија уште поблиску до војна“. „Немам причина да зборувам во име на Владата, можам да зборувам само во името на мојата пратеничка група. Целиот демократски свет и помага на Украина на…

Read More

Крајбрежната служба на Грција во морскиот дел јужно од полуостровот Пелопонез вчера спасила 64 мигранти кои се превезувале на едрилица , јави дописничката на МИА од Атина. Спасувачката акција, како што соопштија од крајбрежната служба, започнала откако добиле информација од товаран брод што бил во близина дека едрилица со мигранти плови без контрола во конкретната морска област. Мигрантите биле спасени и безбедно пренесени на пристаништето во градот Каламата. Паралелно, грчката крајбрежна служба веќе деветти ден продолжува со потрагата по исчезнатите од несреќата со мигрантите минатата седмица. Досега  пронајдени се безживотните тела на 82 лица, а спасени 104 лица. Во рибарскиот…

Read More

Премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека  ВМРО-ДПМНЕ треба да остане на искажаниот став во однос на уставните измени и да се работи на ниво на работни групи и да се договорат деталите, потенцирајќи дека со внесувањето на Бугарите во Премабулата на Уставот паѓа во вода тезата за „еден народ во две држави“. „Не толкувам што е јавно кажано и јавно презентирано пред медиумите, а преку медиумите и до јавноста. Сите можевме да видиме на прес-конференцијата после лидерската средба на 7 јуни дека позициите беа приближени. Прво, дека за ВМРО-ДПМНЕ е прифатлива промена на Уставот. Тоа беше кажано јавно на телевизија,…

Read More

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека денеска во Брисел нема да разговара со Албин Курти бидејќи, како што наведе, косовскиот премиер не е заинтересиран за мир, туку само за протерување на Србите од Косово и Метохија. Вучиќ во гостувањето на РТС рече дека „знае дека се приближило донесувањето на различни одлуки“. „Денеска ќе одам во Брисел да разговарам со (високиот претставник на Европската унија, Жозеп Борел колку што сака, час, два, десет. Но, со Курти немам за што да разговарам“, рече Вучиќ. Тој нагласи дека Србија е во тешка ситуација, потсетувајќи дека таа е единствената земја во Европа која не…

Read More

Македонија е во предност во однос на макроекономската стабилност, бизнис климата, но и во  усвојување на информациско-комуникациските технологии, а најслаби сме во доменот на институциите, смета академик Таки Фити, кој се обрати пред почетокот на  научната конференција на тема „Забрзување на процесот на пристапување на Северна Македонија во ЕУ: Клучни предизвици и приоритети“ во организација на Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ во соработка со Министерството за финансии и Секретаријатот за европски прашања. „ Исто, постои еден ограничувачки фактор, тоа е големината на пазарот, на којшто исто така може да се дејствува. Имаме сериозни слабости во системот на образование, на сите…

Read More

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави денеска дека за време на разговорите оваа недела ја предупредил Кина да не користи сила за да постигне територијални промени, особено во однос на Тајван. Шолц оваа недела прими голема кинеска делегација предводена од премиерот Ли Кечијанг. Првата средба на високо ниво меѓу двете земји од крајот на пандемијата на коронавирус се одржа во услови на зголемени геополитички тензии меѓу Западот и Кина. „Ние категорично ги отфрламе сите еднострани обиди за промена на статус квото во Источното и Јужното Кинеско Море со употреба на сила или со принуда. Тоа особено се однесува на Тајван. Освен…

Read More

Институтот за проучување на војната (ИСВ) во својот последен извештај наведува дека белорускиот Генералштаб потврдил дека земјата го променила текстот на Уставот, а тоа го направи за да се откаже од својата неутралност и нуклеарен статус. Заменик-началникот на белорускиот Генералштаб, полковник Андреј Богодел вчера изјави дека Белорусија, за да одговори на „надворешните предизвици и закани“, ги направила неопходните измени на својот Устав со откажување од неутралноста и отстранување на делот за ненуклеарен статус. Рускиот претседател Владимир Путин минатата недела изјави дека првото тактичко нуклеарно оружје што ќе биде таму стационирано пристигнало во Белорусија. Американскиот претседател Џо Бајден потоа изјави дека…

Read More

Комеморацијата за Крешник Ајдини ќе се одржи денеска, во Албански театар, со почеток во 13 часот. Ајдини, интелектуалец, новинар и општествен деец, почина на 16 јуни 2023 година, на 55 годишна возраст. „Крешник ќе остане засекогаш во нашите сеќавања по својата топлина, смиреност, мудрост и добрина“ – напишаа неговите колешки и колеги од ЦИВИЛ. Крешник Ајдини е еден од основачите на ЦИВИЛ – Центар за слобода во 1999 година и на медиумската платформа ЦИВИЛ Медиа во 2009 година. Во 90-те, беше издавач и главен уредник на политичкиот магазин „Јета“ и коиздавач на списанието „Зрак“. Работеше како новинар и уредник во…

Read More

Европската комисија денеска предложи буџетот на ЕУ да се ревидира за да се задоволат потребите на Украина, за управување со миграцијата и да се одржи конкурентноста на економијата. Планирано е во следните четири години за Украина да бидат наменети 50 милијарди евра, најави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. Таа појасни дека средствата доделени на Киев ќе бидат обезбедени неповратно и во форма на заеми. Фон дер Лејен истакна дека овие трошоци не биле вклучени во буџетот при неговото изготвување. „Далеку сме од условите под кои беше договорен повеќегодишниот буџет на ЕУ до 2027 година“, рече претседателката на…

Read More