Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Второ издание на Центар за Интердисциплинарни Активности: Снимање краток филм, фотографирање, планинарење, работилница за дигитализација на филм и настап на „Баклава“ и Зарина Првасевда

0
By Ана Василевска on June 23, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 23, 2023 10:46

Изминатиов викенд од 15 до 18 јуни 2023 година во селото Растојца, Демир Хисар, се одржа второто издание на Центарот за Интердисциплинарни Активности.  

ЦИА е номадска резиденција односно центар која секоја година истражува нови простори, места и природа, каде учесниците  престојуваат,  работат, творат, истражуваат, разговараат, споделуваат, се запознаваат и остваруваат меѓусебни соработки.

За време на нивниот престој, учесниците  заеднички беа дел од снимање на краток експериментален филм, сликање, фотографирање и планинарење. Се одржа работилница за современ танц, се креираше музика за експерименталниот филм, се дискутираше за креативна продукција… Учесниците имаа можност да практикуваат комбинирана техника на јога и чи гонг. Настанот се заокружи со  музички настапи на Зарина Првасевда и на Елена Христовска – Баклава. 

Второто издание понуди прекрасни и инспиративни прошетки во природа опкружена со водопади, реки, планини и полиња, сето тоа искуство беше надополнето со прекрасна slow food храна подготвена за време на самиот настан од страна на готвач со помош на сите учесници. Дополнително учесниците имаа можност да проследат работилница за реставрација и дигитализација на филм како и да учествуваат во изработка на стоп анимација.

За следниот период можеме да ви ги најавиме настаните со проекции на филмовите како и изложби од фотографиите и сликарските техники. Првата изложба и проекција ќе може да се проследи на Бич Филм Фестивал во Охрид од 19 до 23 јули.

Настанот е организиран од ОПИУМ Филм, поддржано од Министерство за култура и Витаминка, а во соработка со Кинотека на Македонија, Кино Балкан, Бич Филм Фестивал, Фестивал за алтернативна фотографија Зрно, ПЕГ Турниме да кинисам и Персона Филм Продукција.

 

музика фестивал филм
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

АНБ во решителна акција против руска пропагандна: Потврда на заканата за која ЦИВИЛ предупредува со години

October 1, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

September 30, 2026

Од Алфа до Алта: ЦИВИЛ МЕДИА ја следи политиката зад банкарските преземања

September 30, 2026

Петмина приведени во антитерористичка акција во Скопје, тројца под истрага, пронајдени оружје и материјали на „Исламска држава“

September 29, 2026

85 години од Бабин Јар: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.