Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Палестинското милитантно движење Хамас објави соопштение дека го прифатило египетско-катарскиот предлог за прекин на огнот. Во соопштение движењето наведува дека нивниот врховен лидер Исмаил Ханија ја пренел веста во телефонски разговор со катарскиот премиер и шефот на египетската разузнавачка служба. Катар и Египет посредуваат во повеќемесечните разговори меѓу Израел и Хамас. Сè уште нема коментари од Израел. Израел вели дека Хамас прифатил „помека“ верзија на договорот за прекин на огнот предложен од Египет, што е „неприфатливо“ за израелските носители на одлуки, според извештаите, пишува „Скај њуз“. Се наведува дека израелските власти тврдат дека најавата на Хамас се чини дека е…
САД воведоа визни рестрикции против раководители на неколку транспортни компании од Колумбија кои превезуваат мигранти по морски пат. Во соопштението објавено денеска се вели дека овие компании ловат ранливи мигранти со нудење сервиси чиј цел пред сѐ е овозможување незаконска имиграција во САД. -Неколку компании обезбедуваат морски сообраќај и свесно овозможуваат незаконски транспорт на мигранти и ги изложуваат мигрантите на експлоатација и насилство, се вели во соопштението од американскиот Стејт департментот. Оттаму наведуваат дека визните рестрикции промовираат одговорност за овие актери и испраќат сигнал дека никој не смее да профитира од ранливи мигранти, ниту криумчарите, ниту пак приватните компании или…
Косовскиот премиер, Албин Курти, по денешната средба со претставниците на земјите од таканаречената „Група Квинта“, односно петте најмоќни држави кои имаат амбасади во Косово, изјави дека процесот на нормализирање на односите со Србија не треба да се меша со прашањето за членство на Косово во Советот на Европа (СЕ), јави дописникот на МИА од Приштина. Според соопштението на службата за информирање на Владата на Косово, Курти на средбата со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Германија, Велика Британија, Франција и Италија рекол дека доколку тие процеси се измешаат ќе се нанесе „непоправлива штета на дијалогот во Брисел (меѓу Косово и Србија)…
Во следните три дена, почнувајќи од среда, под влијание на влажни бранови во поголем дел од земјава ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време и засилен ветер. Дневните температури од четврток ќе бидат во опаѓање. Во деновите од викендот условите за нестабилност ќе се намалат. Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југозападен правец. Попладне ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Минималната температура ќе…
Претседателот на САД, Џозеф Бајден, денеска во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја повтори загриженоста на САД поради инвазијата врз Рафа, каде што повеќе од милион цивили се засолниле од другите делови на Појасот Газа и побара итно отворање на преминот Керем Шалом кон Појасот Газа со цел хуманитарната помош да стигне до таа палестинска енклава, пренесуваат светските медиуми. Бајден рече дека верува оти постигнувањето прекин на огнот со Хамас е најдобриот начин да се заштитат животите на израелските заложници во Газа, наведуваат агенциите, цитирајќи неименуван портпарол на Белата куќа. Разговорот се одржа неколку часа пред Бајден да…
Италијанскиот државен медиум РАИ, кој има неколку телевизиски и радио канали, како и интернет-изданија, чие раководство е назначено од властите и кој се финансира од државни средства, денеска почна еднодневен штрајк, во знак на протест поради кратење на буџетот, наводна цензура и медиумска репресија. Штрајкот го организираше Синдикатот на новинарите од РАИ, кој обединува околу 2.500 новинари. Новинарите од телевизиите и радијата на РАИ протестираат и поради замрзнувањето на вработувањата, отпуштањата и реорганизацијата на персоналот. Велат дека овие потези имаат крајна цел „РАИ да стане мегафон на власта“. Компанијата РАИ, која ги контролира сите три јавни ТВ канали во Италија,…
Маж и жена со руски пасоши се приведени синоќа на граничниот премин Јариње меѓу Србија и Косово од страна на косовската полиција, поради сомневање дека претходно влегле во земјата преку нелегални патишта, јави дописникот на МИА од Приштина. Двете лица на преминот на косовска страна, при обидат да ја напуштат земјата, пристигнале синоќа околу 20 часот, а на полицијата ѝ дале на увид два пасоши на Руската Федерација, додека, според КП, немале визи за патување во Косово. „На излез на граничниот премин Јариње се затекнати две лица со руски пасоши (едно машко и едно женско) кои немаа визи на Република…
Илјадници демонстранти вечерва блокираа клучна сообраќајница во Тбилиси, протестирајќи против усвојувањето на законот за „странски агенти“ во Грузија. Тие го блокираа Плоштадот на хероите низ кој се одвива најголемиот бран сообраќај низ градот. Грузискиот парламент вчера го усвои предлог-законот за „странски агенти“ во второто читање, со кој се бара од организациите кои добиваат повеќе од 20 отсто од своето финансирање од странство да бидат регистрирани како „агенти за странски интереси“. Денешната пленарна седница на парламентот беше откажана откако демонстрантите кои протестираа против законот за странски агенти вчера се обидоа да упаднат во зградата на парламентот. Протестите против предложениот закон во…
Првиот мировен самит за Украина, кој ќе се одржи во јуни во Швајцарија, ќе послужи како платформа за дијалог за начините за постигнување сеопфатен, праведен и траен мир за Украина во согласност со Повелбата на ОН и нормите на меѓународното право, соопшти Кабинетот на претседателот на Украина Володимир Зеленски. – Сите поканети страни го потврдија почитувањето на овие принципи. Целта на Самитот е да се развие рамка за постигнување на оваа цел со цел да се инспирира идниот мировен процес, се вели во соопштението. Мировниот самит за Украина ќе се одржи од 15 до 16 јуни во Бургеншток, во близина…
Претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала ја доби наградата Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа за 2024 година, која ја доделува Друштвото за Југоисточна Европа (Südosteuropa-Gesellschaft) СОГ од Минхен, Германија. „Длабоко сум почестен и благодарен што ја добив наградата Солидарност за новинарите од Југоисточна Европа за 2024 година. Ова признание не е само лично достигнување туку и доказ за посветеноста и храброста на моите колеги од Цивил МК и пошироко. Од срце им благодарам на Südosteuropa Gesellschaft и на целиот тим за оваа значајна чест. Тоа нè инспирира да продолжиме со нашата работа за унапредување на демократијата и човековите права, поддржувајќи…
Изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „40 часа работа се малку“ и дека треба да се работи повеќе неделно, покажува дека претседателот на Србија ја презира работничката класа, а ставот што го искажа заслужува најостра осуда, сметаат соговорници на весникот „Данас“. При своето обраќање до јавноста во вторникот, на 29 април, претседателот Вучиќ, меѓу другите, одговори на новинарско прашање како го коментира воведувањето седумчасовно работно време во Црна Гора. Претседателот на Србија рече дека тоа му се „ласка на народот“, а потоа продолжи. – Кај мене дојде политичка партија и еден од условите за соработка со СНС беше да…
Членките на НАТО се длабоко загрижени поради неодамнешните зголемени злонамерни хибридни напади на Русија на територијата на земјите од Алијансата, кои претставуваат безбедносна закана, соопшти денеска Алијансата. Тоа, според соопштението објавено на веб-страницата на НАТО, вклучува напади кои резултираа со истрага и обвинение против повеќе лица во врска со непријателски активности кои ги засегаат Чешка, Естонија, Германија, Летонија, Литванија, Полска и Велика Британија. НАТО го осуди однесувањето на Русија и ја повика да ги почитува нејзините меѓународни обврски, велејќи дека постапките на Москва нема да ги одвратат членките на Алијансата да продолжат да ја поддржуваат Украина. Во соопштението се наведува…