Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Данас“/Соговорници: Изјавата на Вучиќ дека „40 часа работа се малку“ и дека треба да се работи подолго неделно, покажува дека тој ја презира работничката класа

0
By Ана Василевска on May 2, 2024 ВЕСТИ, РЕГИОН
Александар Вучиќ
Александар Вучиќ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 2, 2024 20:17

Изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека „40 часа работа се малку“ и дека треба да се работи повеќе неделно, покажува дека претседателот на Србија ја презира работничката класа, а ставот што го искажа заслужува најостра осуда, сметаат соговорници  на весникот „Данас“.

При своето обраќање до јавноста во вторникот, на 29 април, претседателот Вучиќ, меѓу другите, одговори на новинарско прашање како го коментира воведувањето седумчасовно работно време во Црна Гора.

Претседателот на Србија рече дека тоа му се „ласка на народот“, а потоа продолжи.

– Кај мене дојде политичка партија и еден од условите за соработка со СНС беше да не се работи во недела, а работното време да се намали на седум часа. Уште малку, за да не се работи воопшто…Како е можно за 35 часа да се направи истото како за 40 часа. Патем, мислам дека 40 часа се кратко време за работа и не ме интересира што мислеа работниците во Чикаго. Мора да се работи повеќе – рече Вучиќ.

Таквиот став на Вучиќ предизвика револт во јавноста, а соговорниците на Данас нагласуваат дека најнавредлив дел од тоа што го кажа е омаловажувањето на работниците од Чикаго кои на демонстрациите одржани на 1 мај 1886 година го истакнаа барањето за осумчасовна работа.

Претседателот на Обединетите синдикати на Србија „Слога“ Жељко Веселиновиќ за Данас вели дека тоа е целосен скандал и пресметана изјава на претседателот Вучиќ, која не случајно била дадена два дена пред одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

– Со таа изјава Вучиќ покажа дека ја презира работничката класа и воопшто не се грижи за интересите на нејзините членови. Претседателот на Србија често искажува силно антиработнички ставови, а своевремено зборуваше многу пофално за поранешната премиерка на Велика Британија, Маргарет Тачер, која за време на нејзиното владеење направи низа потези кои беа погубни за интересите на Британците, работничката класа и синдикалното движење во таа земја. Вучиќ не се грижи за работниците и не го интересира нивната позиција, а упорно се залага дека неделата мора да остане работен ден за трговците, одбивајќи да го скрати работното време, толерирајќи минимална плата помала од износот на минималната потрошувачка кошничка итн. дека единствено што го интересира е интересот на странските инвеститори – вели соговорникот на Данас.

Според него, Вучиќ на најгруб начин ги исмева традициите на работничкото движење и неговите членови кои ги загубија животите во борбата за социјална правда и подобри услови за работа.

-Изјавата што ја даде бара заедничка осуда на сите синдикалци во земјава. Но, имајќи предвид дека во Србија нема волја кај сите синдикати за заедничка реакција во вакви и слични ситуации, иако тоа би требало, за жал тоа нема да се случи – вели Веселиновиќ.

Економскиот аналитичар Бранко Павловиќ вели дека изјавата на претседателот Вучиќ е за осуда и покажува дека државниот врв на Србија е целосно исклучен од реалноста, односно фактот дека вработените во државата работат напорно и живеат многу тешко.

– Посебно е за осуда затоа што кажаното ја омаловажува борбата за работнички права во која луѓето ги загубија животите за да даде резултати. Генерации работнички активисти се залагаа за осумчасовна работна недела, осум часа одмор и осум часа слободно време. Остро е за осуда што ваквата изјава ги напаѓа тие достигнувања. Во Србија голем број работници работат повеќе од 40 часа неделно, наместо бројот на работни часови да се намалува со развојот на вештачката интелигенција и роботиката – нагласува тој.

Александар Вучиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.