Author: Ана Василевска

Во компетитивната програма во конкуренција за наградата „Златен був“ од стручното жири и од публиката за Најдобар долгометражен филм ќе бидат шест филмови, сите за првпат во Македонија, меѓу кои и една македонска ко-продукција.  Со премерата на филмот „Некрстени денови“ на Иво Трајков, вечерва во 20 часот во Кинотеката на С. Македонија ќе започне 13. издание на  Филозофскиот филмски фестивал. Режисерот Трајков е  еден од ексклузивните фестивалски гости со кого публиката ќе има можност да се вклучи во дискусија по прикажување на филмот. Како увертира на проекцијата ќе биде одржан музички перформанс на Филип Букршлиев и Андреа Мирческа, емисари на…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама денеска изјави дека конфликтот на северот во Косово мора да се реши рамо до рамо со демократскиот свет. Рама на социјалните мрежи објави слики од средбата во Молдавија со претседателката на Европската комисија, Урсула фон Дер Лајен, холандскиот премиер Марк Руте и српскиот претседател Александар Вучиќ. „Регионот мора да влезе во нови односи со ЕУ, додека конфликтот на северот во Косово мора да се реши рамо до рамо со демократскиот свет, ставајќи крај на заканувачкиот апсурд и финализирајќи го договорот за нормализација и меѓусебно признавање меѓу Косово и Србија“, потенцира албанскиот премиер. Рама денеска учествува на…

Read More

Текстот покренува повеќекратна загриженост во врска со состојбата на демократијата во Унгарија, вклучително и недостиг на транспарентност, лошо управување со фондовите на ЕУ, манипулирани јавни набавки, измама, корупција, конфликт на интереси и континуирана употреба на итни декрети од пандемијата со Ковид-19. Унгарија треба да го преземе ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2024 година. Унгарија можеби нема „веродостојно да ги исполни“ задачите поврзани со ротирачкото претседавање со Советот на Европската унија поради „намерните и систематски напори“ на владата да ги поткопа основните вредности на блокот, соопшти Европскиот парламент. Унгарија треба да го преземе шестмесечното претседателство во…

Read More

Европската комисија денеска објави четири кривични постапки против Бугарија. Процедурите се во областа на перење пари, борба против измами со средства од ЕУ, квалитетот на воздухот и безбедноста на поморството. ЕК ја повикува Бугарија да ги спроведе европските правила против перење пари и дава рок од два месеци за одговор. Софија пријавила целосна имплементација на правилата, но ЕК открила неколку случаи на недоследности, на пример во обврската за регистрација, лиценцирање или регулирање на давателите на услуги. Според ЕК недостига и механизам за надминување на недоследностите на податоците во националниот регистар на вистински сопственици. Друга недоследност е констатирана во примената на…

Read More

Зоран БОЈАРОВСКИ Весна Дамева, член на Судскиот Совет и претседателка на ова тело од декември минатата година до 26 април годинава, кога беше разрешена од оваа должност, учествувала во постапки во надлеженост на Судскиот Совет во кои се оценува или одлучува за судии, претседатели на судови, иако тие судии или претседатели на судови воделе предмети во кои инволвирано лице како тужен или тужител, бил нејзиниот сопруг Младен Дамев, претседател на Управниот Одбор и генерален директор на „Скопски пазар“ кој се јавува како оштетен и како тужител во неколку предмети што се воделе, и што сѐ водат во Кривичниот и во…

Read More

Лидерите на Германија и Франција денска ќе го обноват дипломатски притисок за смирување на тензиите во Косово. Германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон планираат да се сретнат со лидерите на Србија и Косово на самитот во Молдавија. Портпаролот на германската влада рече дека канцеларот Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон планираат да се сретнат со лидерите на двете земји. Портпаролот Штефен Хебестрајт им рече на новинарите во Берлин дека средбата ќе се одржи на маргините на состанокот на Европската политичка заедница во Кишињев. Во средата, стотици Срби одржаа повеќе протести во северниот град Звечан, местото на…

Read More

Северна Македонија е меѓу најевтините земји во Европа и е рекордер по ниски цени во многу категории, покажуваат податоците на германскиот завод за статистика Дестатис. Германските статистичари ги анализирале цените на голем број производи и услуги во различни категории во 40 европски држави. Заклучно со март годинава, Северна Македонија е делумно поскапа само од Турција, а поевтина од сите други земји на европскиот континент. Анализирани се цените на храна, пијалоци, тутун, облека, енергија, транспортни трошоци, телекомуникации, културен живот и забава, како и хотели и ресторани. Речиси во сите категории Македонија нуди меѓу најниските цени, а во некои категории е и убедливо најевтина. За основа…

Read More

Сите сојузници на НАТО се согласуваат Украина да стане членка на алијансата, изјави денеска генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг. „Сите сојузници се согласуваат дека Москва нема право на вето за проширување на НАТО. Напредуваме, сојузниците се согласуваат Украина да стане членка“, изјави Столтенберг пред состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло. Министрите за надворешни работи на НАТО денеска на вториот ден од состанокот во Осло разговараат за новите трошоци за одбрана и за идните односи на алијансата со Украина. „Секој нов руски дрон и ракетен напад само ќе нè натера да ги поддржиме Украинците уште повеќе…

Read More

Достоинството на филмските професионалци и нивната посветена работа, не смее да биде заложник на поединци кои сакајќи да ги прикријат своите злоупотреби и незаконско работење, се обидуваат да фрлат дамка врз целата фела. Друштвото на филмските работници како најстаро и единствено релевантно струково здружение во РСМ од областа на филмот остро реагира во врска со изнесените инсинуации во јавноста за наводно незаконско работење на Здружението. ДФРМ сака да ја извести јавноста дека ги отфрла сите тенденциозни и некоректни написи изнесени во некои медиуми и на социјалните мрежи, кои имаат за цел да го нарушат угледот и реномето на Друштвото. „Пласирањето…

Read More

На денешната седница во бугарското Народното собрание дојде до тепачка помеѓу пратениците по декларација на партијата „Преродба“ (Вазраждане), која повторно повика партијата „Продолжуваме со промените“ да го напушти парламентот бидејќи, според нив,  дозволиле државата ја преземат странските амбасади. Како што пренесува БНТ 1, ПП-ДБ возвратија дека „Преродба“ се проруска партија. Следеше размена на реплики, која прерасна во тепачка, а микрофоните во салата беа исклучени од парламентот. Десетминутна пауза мораше да даде претседателот на Националното собрание, Росен Желјазов. Подготви: Д. Мишев Извор Цивил Медиа

Read More

Шефот на шведската дипломатија денеска оцени дека неговата земја ги исполнила сите услови за членство во НАТО, апелирајќи до Турција и Унгарија да се откажат од противењето, а генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг најави дека наскоро ќе отпатува во Анкара по овој повод. „Шведска ги исполни сите обврски што ги презеде на самитот во Мадрид минатата година, вклучувајќи го и новиот закон за тероризам“, рече Тобијас Билстром на почетокот на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО во Осло. „Дојде време Турција и Унгарија да почнат да го ратификуваат членството на Шведска во НАТО“, додаде министерот. Генералниот секретар…

Read More

Во Република Северна Македонија, Република Албанија и Република Косово денеска стапуваат во сила трите договори потпишани на 3 ноември 2022 година, во рамките на Берлинскиот процес – Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти, Договорот за признавање на високо образовните квалификации и Договорот за признавање на стручните квалификации на доктори, стоматолози и архитекти. Многу бргу се очекува влегување на сила на договорите и во останатите три држави потписнични, согласно завршените правни процедури кај нив – Република Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, соопшти МНР. Со нив се воспоставува слободно движење на луѓето само со лични карти…

Read More