Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија кривично ќе одговара за перење на пари, измами со средства од ЕУ, квалитетот на воздухот

0
By Ана Василевска on June 1, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 1, 2023 14:42

Европската комисија денеска објави четири кривични постапки против Бугарија. Процедурите се во областа на перење пари, борба против измами со средства од ЕУ, квалитетот на воздухот и безбедноста на поморството.

ЕК ја повикува Бугарија да ги спроведе европските правила против перење пари и дава рок од два месеци за одговор.

Софија пријавила целосна имплементација на правилата, но ЕК открила неколку случаи на недоследности, на пример во обврската за регистрација, лиценцирање или регулирање на давателите на услуги. Според ЕК недостига и механизам за надминување на недоследностите на податоците во националниот регистар на вистински сопственици. Друга недоследност е констатирана во примената на концептите „основање“ или „престој“ во однос на субјектите кои се должни да дадат податоци за вистинските сопственици.

Доколку Бугарија не даде задоволителен одговор во рок од два месеца, ЕК може да продолжи со кривичната постапка, се наведува во соопштението.

ЕК ги повикува Бугарија, Полска и Финска да ги почитуваат правилата за борба против измамата што влијае на финансиските интереси на ЕУ. Комисијата иницира прекршочни постапки со испраќање писма со формално известување за неправилно спроведување на правилата на ЕУ во оваа област.

ЕК идентификувала неколку прашања за усогласеност во Бугарија и Полска во однос на дефиницијата на одредени кривични дела и придружните казни, како и одговорноста на правните лица за кривични дела извршени во нивна корист.

Трите земји имаат рок од два месеци да ги преземат неопходните мерки. Во отсуство на задоволителен одговор, ЕК може да одлучи да продолжи со кривичната постапка.

ЕК ја предупредува Бугарија поради што не ги отстранила пречките за пристап до правдата во однос на квалитетот на воздухот. Европските правила предвидуваат дека кога ќе се надминат граничните вредности утврдени со законодавството на ЕУ, земјите мора да усвојат планови за квалитет на воздухот и да дефинираат соодветни мерки. Се предвидува директно засегнатите и еколошките организации да имаат право да бараат од властите да подготват планови за квалитетот на воздухот и можност да ги оспорат овие планови пред националните судови.

Во Бугарија, на организациите за заштита на животната средина или на физичките и правните лица не им се гарантира правото да одат на суд во овие случаи. ЕК ја отвори постапката во мај 2020 година и денеска забележува дека со конечната одлука на бугарскиот суд од 2021 година е потврдена практиката на одбивање пристап до правдата.

И за ова Бугарија има рок од два месеци да одговори и да ги преземе потребните мерки, во спротивно може да се упати предметот до Судот на ЕУ.

ЕК констатира и дека Бугарија не ги почитува правилата на ЕУ за морскиот транспорт., кои вклучуваат општи безбедносни упатства за опремата како што се елеци за спасување, средства за чистење отпадни води или радари на бродови што пловат под знаме на земји-членки на ЕУ.

ЕК ја отвори кривичната постапка во октомври 2019 година, Бугарија и за ова има рок од два месеца, а во спротивно, ЕК може да одлучи да се обрати до Судот на правдата на ЕУ.

Бугарија Европска комисија Кривични постапки
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
shortcut
ФОКУС
July 26, 2026Updated:July 26, 2026

Куриозитет: На 61 година го роди своето прво дете – прво па машко

ВЕСТИ July 26, 2026

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р…

Пред години: Скопје / 26-ти јули 1963 / 05:17

July 26, 2026

Маѓар: Унгарија го истражува кредитот од 1.000.000.000 евра за Македонија

July 24, 2026

Трамп потпиша нови царини за 60 држави – реакции од ЕУ, Австралија, Нов Зеланд

July 24, 2026
ТИКЕР

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026

Целата полиција на нозе – сего бара Абдул Б. кој со минибус влета во луѓе во главниот германски град

July 26, 2026

Пожарите во Франција и Шпанија се надвор од контрола – евакуирани се над 220.000 луѓе

July 25, 2026

Протести во главниот албански град – жестоки судири со полицијата

July 23, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.