Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Србија треба да прифати дека Косово е независна држава, изјави хрватскиот претседател Зоран Милановиќ, пренесува Хина. „Србија мора да разбере и прифати дека Косово е независно. За жал, тоа не го прифаќаат уште неколку земји-членки на ЕУ“, истакна Милановиќ. Хрватскиот претседател посочи дека на самитот на НАТО минатата година, по руската инвазија на Украина, тој бил единствениот кој ги повика европските земји кои не го признаа Косово да го сторат тоа. „Меѓутоа, ова е како да разговарате со ѕид. Некои земји не го признаа, затоа што стравуваат дека ќе се направи преседан кој би можел… во некој кризен момент да…
Под мотото „Враќање дома“ на 9 јуни на платото пред прилепскиот Дом на културата „Марко Цепенков“ ќе биде отворен 57. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински. Од 20:30 часот со видеоесеи, ќе им биде оддадена почит на лауреатите на наградата за животно дело Петар Темелковски и Петар Мирчевски. Првата од десетте претстави во конкуренцијата која ќе го отвори Фестивалот е претставата на велешкиот театар „Нема струја за електричниот стол“ во режија на Дејан Пројковски. Претставата е на отворањето од 21:30 часот и е наместо најавената и предходно серлектирана претстава „Инферно“. Театарот од Велес се реши на промената поради технички причини. Претходно,…
Сите земји од Западен Балкан се на непотребно долг пат кон членството во Европската унија. Македонија веќе одамна мораше да биде членка на Унијата и затоа ја повикувам претседателката на Европската комисија да стори се со цел кон Унијата што побрзо да и се придружат земјите од Западен Балкан и да покаже повеќе емпатија за граѓаните и граѓанките во овој дел од светот. Видовме од примерот со Украина дека патот кон Европа мора да биде и побрз. Тоа го порача поранешниот хрватски претседател Стипе Месиќ, кој денеска со претседателот Стево Пендаровски учествува на Македонскиот енергетски форум 2023, споделувајќи ставови за…
На безбедносниот Форум Глобсек што се одржува во Братислава, во пред малку излагање имаше шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен која ја презентираше новата иницијатива за раст на земјите од Западен Балкан. „Денеска сакам да презентирам нова иницијатива, тоа е нов план за раст на Западен Балкан. Сакаме уште денес да им донесеме дел од придобивките од членството во ЕУ на луѓето од Западен Балкан. Планот за раст што го предлагаме денес е изграден на четири столба. Прво, за приближување на Западен Балкан до единствениот пазар на ЕУ. Второ, длабока и регионална економска интеграција. Трето, да се разјаснат…
Американскиот државен секретар Ентони Блинкен изјави дека е неопходно Косово и Србија повторно да се посветат на дијалогот што го води ЕУ, за да се нормализираат односите. Според соопштението на Стејт департментот, Блинкен ги повикал двете страни да преземат итни мерки за деескалација на тензиите. „САД го осудуваат вчерашното неприфатливо насилство врз трупите на КФОР предводени од НАТО, органите на редот и новинарите“ рече Блинкен. Тој додаде дека одлуката на Владата на Косово да присили пристап до општинските згради е остра и непотребно ги зголемува тензиите. „Премиерот Курти и неговата влада треба да се погрижат избраните градоначалници да ги извршуваат…
Обединета Европа е единствениот одговор кон справување со кризите и кон справување со предизвиците кои произлегуваат од оваа војна која се води и која има негативни ефекти и врз економијата и врз енергетиката, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски од Братислава, каде учествува на Глобалниот безбедносен форум Глобсек 2023. Ковачевски нагласи дека Конференцијата, на која учествуваат претставници од над 65 земји, се одржува во критичен момент за европскиот континент, во време на безбедносни и многу други предизвици кои произлегуваат од војната во Украина, која, како што рече, е надоврзана со економска, енергетска, но и демократска вредносна криза во голем дел од…
Пишува: Борјан Јовановски Група експерти од Германија и Франција работи на нов предлог за да ја адаптира ЕУ за прием на нови земји членки, изјави германската министерка за Европа Ана Лурман пред Советот за општи работи на ЕУ. „Овде, на Советот за општи работи, секогаш сме зафатени со подготовка на ЕУ за проширувањето што ќе се случи со нови земји-членки. И затоа во јануари основавме германско-француска група експерти, која првенствено се занимава со тоа како да се подготвиме за оваа рунда на проширување“, рече Лурман. Таа нагласи дека претставниците на двете земји неодамна имале вечера со сите свои колеги од…
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска, откако српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека е во интерес на Загреб соборување на неговата Влада, рече дека Хрватска нема скриена агенда за соборување на која било влада во соседната земја, додавајќи дека Белград е премногу оптоварен со пишувањето на хрватските медиуми. „Хрватската Влада и хрватските институции немаат скриена агенда за соборување на која било влада во која било соседна земја, дури ни во Србија“, изјави Пленковиќ денеска пред новинарите по прославата на Денот на државноста кај Споменикот на Татковината. „Тоа им е јасно на сите. Не знам зошто се замараат со тоа што го…
Кина го одби американското барање за состанок на министрите за одбрана на годишниот безбедносен форум во Сингапур овој викенд. „Кина не информираше дека ја одби нашата покана за почетокот на мај секретарот Остин да се сретне со кинескиот министер за национална одбрана Ли Шангфу во Сингапур“, се наведува во соопштението на Пентагон за Волстрит журнал. Пентагон рече дека верува во отворена комуникација „за да се осигура дека конкуренцијата нема да премине во конфликт“. Минатата недела, портпаролот на Белата куќа, Џон Кирби рече дека Министерството за одбрана разговарало за започнување разговори меѓу Лојд Остин и неговиот кинески колега, кој беше именуван…
На северот на Косово веќе трет незадоволните срби протестираат против новите градоначалници на општините Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Протестите се проследени со насилство од страна на протестантите, а повредени се десетици припадници на Мировната мисија КФОР. Повици за деескалација на протестите доаѓаат од меѓународната заедница, како и од политичкиот врв на Косово и Србија. Повеќе за случувањата на северот на Косово, во редакцискиот избор на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот. КОСОВО Косоварја: Трет ден протести на северот на Косово „И денеска продолжуваат протести против албанските градоначалници на општините со мнозинско српско население Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ.…
Грчката полиција од северниот дел на земјата уапсила петмина полицајци под сомнение дека соработувале со мрежи на криумчари од Турција и во најмалку 12 случаи олесниле влез во Грција на непознат број нелегални мигранти, јави дописничката на МИА од Атина. Според медиумите во Грција, станува збор за гранични полицајци кај Еврос во близина на границата со Турција, а од грчката полиција соопштија дека уапсените се осомничени за кривични дела поткуп на вработен, злоупотреба и непочитување на службена должност, прекршување на кодексот за миграција. Поконкретно, од истрагата на полицијата произлегло дека полициските службеници, најмалку од октомври минатата година, стапувале во контакт…
„Медиумската пристрасност и тековните ограничувања на слободата на изразување создадоа нерамномерно поле за игра и придонесоа за неоправдана предност на актуелниот претседател“, соопшти синоќа ОБСЕ. Вториот круг од претседателските избори во Турција, што резултираше со реизбор на Реџеп Тајип Ердоган, беше „слободен, но не фер“, изјавија во понеделник меѓународните набљудувачи. Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), која испрати набљудувачи за да се осигура правичноста на гласањето, во понеделникот го осуди „заплашувањето и малтретирањето на приврзаниците на одредени опозициски партии“ и го осуди „воспалителниот и дискриминаторски јазик што се користи од двете страни, со меѓусебни обвинувања за соработка со…