Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски на Глобсек форумот во Братислава: Обединета Европа е единствениот одговор за справување со кризите и предизвиците

0
By Ана Василевска on May 31, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Димитар Ковачевски
Димитар Ковачевски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, May 31, 2023 11:08

Обединета Европа е единствениот одговор кон справување со кризите и кон справување со предизвиците кои произлегуваат од оваа војна која се води и која има негативни ефекти и врз економијата и врз енергетиката, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски од Братислава, каде учествува на Глобалниот безбедносен форум Глобсек 2023.

Ковачевски нагласи дека Конференцијата, на која учествуваат претставници од над 65 земји, се одржува во критичен момент за европскиот континент, во време на безбедносни и многу други предизвици кои произлегуваат од војната во Украина, која, како што рече, е надоврзана со економска, енергетска, но и демократска вредносна криза во голем дел од Европа.

„Очекувам да разговараме за тековните предизвици и начините на кои се справуваме со кризата, потоа за важноста Европа да остане обединета, бидејќи само обединета Европа може да даде поддршка на борбата на украинскиот народ за своја независност и за свое самоопределување. Меѓутоа, исто така, обединета Европа е единствениот одговор кон справување со кризите и кон справување со предизвиците кои произлегуваат од оваа војна која се води и која има негативни ефекти и врз економијата и врз енергетиката“, изјави Ковачевски.

Како одговорен дел од меѓународната заедница, членка на НАТО, претседавач со ОБСЕ и земја со започнати преговори за членство во ЕУ, Ковачевски нагласи дека, имаме обврска и должност активно да учествуваме со свој придонес кон колективната одговорност за мирот, за градење на демократијата и човековите права, како и за негувањето на добрососедските односи, бидејќи единствено така може да имаме стабилен и економски силен регион и  Европа во целина.

„Приликите кои се случија на европскиот континент го променија светот неповратно во текот на изминатата година и половина. Тоа беше сигнал за Владите дека ако сакаме да ја добиеме оваа битка во економска и енергетска смисла мора да направиме многу, да дејствуваме итно, но да бидеме солидарни, сплотени и да делуваме и дејствуваме заедно. Само така, може и успеавме во текот на изминатата практично тешка зима да се справиме и со енергетската и со економската криза и да обезбедиме за нашите граѓани непречено снабдување и со енергенси, електрична енергија и храна и да обезбедиме доволно финансиски средства во буџетот за да можат да бидат финансирани сите функции во државата непречено“, порача Ковачевски.

Ковачевски, заедно со албанскиот премиер Еди Рама, ќе се обрати на панел сесија на тема „Отворени патишта: Балканот се враќа во игра“, на кој, како што рече, ќе разговараат за важноста на регионалната соработка, предизвиците кои ги имаме, но пред се можностите кои што ги имаат земјите од ЗБ преку иницијативата ОБ, преку Берлинскиот процес и секако преку брзото пристапување во ЕУ.

„На панелот заедно со Рама ќе зборуваме и за практичните аспекти на соработката во рамки на иницијативата Отворен Балкан, за ефектите кои таа ги има на економската размена меѓу трите држави, која е исклучително зголемена во изминатите две години. Исто така ќе разговараме за безбедносниот контекст кој произлегува од војната во Украина меѓутоа секако и за случувањата во нашиот регион. Нормално дека ќе повикаме на смирување на сите тензии и на воспоставување на дијалог кој е единствениот начин за повторно да имаме мир во Европа и економски просперитет како пред оваа војна“, изјави Ковачевски.

Во текот на денот, Ковачевски посочи дека ќе има билатерална средба со францускиот претседател Емануел Макрон, на којашто, како што рече, ќе разговараат за важни теми кои што се врзани за нашето зачленување кон ЕУ, секако и за билатералната соработка која ја имаме со Франција од првиот ден од нашата независност.

Ковачевски, вчера во рамки на форумот имаше средба и со специјалниот претставник на ЕУ задолжен за дијалогот Белград – Приштина, Мирослав Лајчак.

На Форумот, учествуваат шефови на држави и влади од Европа и светот, како и претставници на најзначајните и највлијателни меѓународни организации. Во фокус на дискусиите на претстојниот Форум се три теми – натамошната поддршка за Украина, отпорноста на Европа наспроти војната, како и ублажувањето на глобалните последици од конфликтот преку зајакнување на економските и енергетските врски.

Безбедносниот форум Глобсек е етаблиран како најистакната платформа низ регионот на Централна и Источна Европа (ЦИЕ). Овогодишното, 18-то издание на Форумот, има за цел да потсети светот дека овој регион никогаш не бил поклучен во обезбедување на глобалната стабилност.

братислава Глобсек форум Димитар Ковачевски ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
ФОКУС
April 26, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

ВЕСТИ April 26, 2026

Човекот кој синоќа пукаше на вечерата на дописниците од Белата куќа не е типичен криминалец…

Иран му се заблагодари на Пакистан, а потоа повлече линија: Нема договор без прекин на блокадата

April 25, 2026

Работниците во културата на 28-ми април пак ќе протестираат со прака: „Договорите не се поништуваат, уметниците не се понижуваат“

April 23, 2026

Дволичност околу двојните државјанства на пратениците – два важни закона истуркани во еден ден по скратена постапка

April 22, 2026
ТИКЕР

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026

Премиерот Голоб најавува опозоција –  дали на власт се враќа Јанша

April 20, 2026

Осум деца убиени во пукање во Луизијана, САД – напаѓачот убиен

April 19, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.