Author: Ана Василевска

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ е во дводневна посета на Брисел, каде што продолжува билатералниот скрининг од Кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“, соопшти СЕП. Денеска на билатералната скрининг агенда е Поглавјето 26, „Образование и култура“ и Поглавјето 20, на кое збор ќе земат и министерката за култура, Костадиновса Стојчевска и министерот за образование, Јетон Шаќири, а утре Поглавјето 20, „Претпријатија и индустриска политика“. Во рамки на посетата покрај учеството на скрининг состаноците, вицепремиерот Маричиќ ќе има неколку средби во Европскиот парламент со европратениците од група на прогресивна алијанса на социјалисти и демократи Тонино Пицула,…

Read More

Кина денеска испрати тројца нови астронаути во својата вселенска станица Тиангонг, меѓу кои за првпат има и еден цивил. Како што јавуваат странските агенции, новата мисија е драгоцено искуство за Кина, која повторно потврди дека сака да испрати човек на Месечината до 2030 година. Мисијата Шенџу-16 беше успешно лансирана во 9:31 часот по локално време од центарот за лансирање во пустината Гоби. Првиот кинески цивил во вселената е 36-годишен научник кој ќе биде одговорен за експериментите во вселенската станица. Престојот во Тиангонг (Небеска палата) ќе трае шест месеци.

Read More

Владата треба да ја усвои Предлог-иницијативата за уставни измени, подготвена од работната група, која потоа треба да ја предложи до Собранието. За отворање на Уставот, Предлог – иницијативата потребно е да добие двотретинска поддршка во Парламентот. Претседателот Стево Пендаровски вчера потврди дека е запознат со содржината на уставните амандмани кои, како што рече, Владата денеска треба да ги усвои и да ги предложи во Собранието. Амандманите, додаде тој, се формирани според договореното со ЕУ и согласно заклучоците на Собранието. Наспроти порано изнесениот став, шефот на државата сега вели дека постапката во Парламентот треба да почне дури и да не е…

Read More

Петте закони кои се однесуваат на изградбата на Коридорите 8 и 10 Д попознати во јавноста како Закони за „Бехтел и Енка“, се парафирани од претседателот на државата Стево Пендаровски. На денешната прес конференција тој истакна дека измените и дополнувањата на овие Закони се важни за напредокот на државата и не гледа ништо спорно ниту смета дека се противуставни. „Во врска со дебата која се води во јавноста во последниов месец а се однесува на Законите кои се поврзани со изградбата на коридорите, ќе го дадам својот потпис. Станува збор за Закон за изменување и дополнувањеза работни односи, Закон за…

Read More

Ќе ги предложам сите потребни одлуки Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел –  членство во Европската унија. Се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на кој било политичар во државата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски. Тој од Криволак, каде се изведе мултинационалната вежба „Брз одговор 23“ испрати порака и повик за сплотеност, заедништво, обединување и издигнување над политичките и идеолошки разлики во име на поквалитетен живот…

Read More

Министерството за култура информира дека е отворен конкурсот „Цртај на македонски јазик“ за 2023 година, наменет за млади автори и уметници од независната културна сцена. Целта на манифестацијата е преку различни културни активности да се поттикне создавањето на дела со употреба на македонскиот јазик од страна на младите уметници и независната културна сцена, неформални групи и автори од областа на културата. „Првото издание на конкурсот, што успешно се реализираше минатата година, се покажа мошне провокативно за младите автори, кои со кирилицата пополнија празнина во новиот медиумски простор. Младите уметници и автори од независната културна сцена  и оваа година добиваат можност со своите креативни идеи да…

Read More

Сепак, тој набрзо ги таргетираше политичките непријатели, како што се предизвикувачот Кемал Киличдароглу, затворениот курдски лидер Селахатин Демирташ и ЛГБТ заедницата. Турскиот претседател го победи секуларниот противкандидат Кемал Киличдароглу во вториот круг од гласањето синоќа. Со оваа победа претседателот Реџеп Таип Ердоган ќе владее со Турција до 2028 година. Тој го победи ривалот Кемал Киличдароглу во вториот круг на гласање, откако на 14-ти мај за малку не дојде до целосна победа. Ердоган обезбеди повеќе од 52 отсто од гласовите, иако резултатите ја поделија нацијата. Во два победнички говори, 69-годишникот им се заблагодари на гласачите што повторно му ја довериле власта…

Read More

Нема да продолжи мерката за замрзнување на цените на земјоделските производи, имајќи предвид дека цената на одредени производи веќе е пониска од утврденото ниво. Инфлацијата во делот на прехранбените производи нагло се намалува, така што очекуваме во јуни инфлацијата во земјата да биде пониска од десет насто. Тоа денеска го истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, по средбата со министерот за надворешна трговија и економски односи на Босна и Херцеговина, Сташа Кошарац. Бектеши истакна дека ситуацијата со цените на производите се следи, така што доколку биде забележана злупотреба од трговците, ќе бидат спроведени соодветни мерки. „Согласно последните податоци, инфлацијата оваа…

Read More

Од денеска, според најавата на премиерот Димитар Ковачевски, Владата ќе ја разгледува Предлог – иницијативата за уставни измени изработена од страна на работната група. Вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, пак, кажа дека текстот е проследен до Министерството за правда и во наредниот период дискусијата допрва треба да се развие. Работната група на седница во петокот ја усвои Предлог – иницијативата за потребата од измени на Уставот со насоки за негово изменување и дополнување. Претседателката на работната група Маргарита Цаца Николовска изјави дека се предлага промените да бидат во делот на Преамбулата со тоа што „после бошњачкиот народ се додаваат…

Read More

Косовската полиција утрово фрли солзавец кон вработените во општина Звечан кои во неколку наврати се обидоа да влезат во зградата. Како што јави Радио-телевизија Србија, вработените во неколку наврати се обиделе да го пробијат кордонот на специјалните единици на косовската полиција стационирани пред влезот на зградата. Вработените во таа општина претходно беа пропуштени од војниците на КФОР, кои од утрово се распоредени пред општинската зграда, вооружени и со опрема да ги разбијат демонстрациите. Претставниците на Српската листа, Горан Ракиќ, Игор Симиќ и Драгиша Миловиќ пристигнале пред  зградата и разговараат со претставници на косовската полиција, јавува РТС. Според косовскиот портал Kоха.нет,…

Read More

Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност. Претседателот и врховен командант на вооружените сили на Србија, Александар Вучиќ, потпишаа наредба за подигање на борбената готовност на единиците на српските вооружени сили на највисоко ниво и им нареди итно да тргнат на административна линија со Косово и Метохија, соопшти министерот за одбрана Милош Вучевиќ. Групи граѓани во утринските часови се собраа пред зградите на институциите во четири општини со мнозинско…

Read More

Во болницата во Косовска Митровица е потврдено дека во конфликтот меѓу специјалните сили на полицијата и насобраните граѓани се повредени десетина лица, јави дописникот на РТС. Во моментов ситуацијата е малку смирена, но е многу тензична и се заканува да ескалира, јави дописникот на РТС. Сирени за воздушни напади, солзавец и наводно детонации и истрели од огнено оружје денеска одекнаа во четири општини на северот на Косово, претежно населени со Срби, на денот кога градоначалници од албанска националност требаше да стапат на должност.

Read More