Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Пендаровски ги потпиша указите за петте Закони за „Бехтел и Енка“, Уставниот суд го има последниот збор

0
By Ана Василевска on May 29, 2023 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Стево Пендаровски
Стево Пендаровски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, May 29, 2023 15:48

Петте закони кои се однесуваат на изградбата на Коридорите 8 и 10 Д попознати во јавноста како Закони за „Бехтел и Енка“, се парафирани од претседателот на државата Стево Пендаровски.

На денешната прес конференција тој истакна дека измените и дополнувањата на овие Закони се важни за напредокот на државата и не гледа ништо спорно ниту смета дека се противуставни.

„Во врска со дебата која се води во јавноста во последниов месец а се однесува на Законите кои се поврзани со изградбата на коридорите, ќе го дадам својот потпис. Станува збор за Закон за изменување и дополнувањеза работни односи, Закон за изменување и дополнување за експропирација, Закон за изменување и дополнување за градење, Закон за изменување и дополнување за урбанистичко планирање.  Изминативе недели се разви дебата за Законите.Не спорејќи го правото за дебата сакам да укажам дека дебатата беше злоупотребена за поларизација, и ја отргна дискусијата во друг правец, односно имаше цел да ги загрози нашите стратешки аспирации.“, рече Пендаровски на денешната прес конференција.

Според Пендаровски Уставниот суд е единствената инстутуција која го дава последниот збор и тој не го спори правото да се реагираа до оваа институција.

„Изминативе денови направив низа консултации во однос на уставноста на новиот текст на законот со експерти од областа на трудовото право, со поранешни судии на Уставниот суд и со советниците во мојот Кабинет. По сумирањето на различните мислења донесов одлука да го потпишам Указот за прогласување на овој закон, и на останатите четири закони. Сепак, имајќи ги предвид приговорите на дел од синдикатите, дел од граѓанските здруженија кои работат во оваа сфера, како и на некои политички партии укажувам дека секоја заинтересирана страна има право да поднесе иницијатива за оценка на уставноста на секој закон, вклучително и на овој закон. Уставниот суд е единствената институција во нашиот правен поредок која го дава последниот збор во однос на уставноста на законите и има на располагање механизми со кои може брзо и ефикасно да донесе соодветна одлука, ако така смета, истакна Пендаровски.

Тој ја поздрави и работата на Комисијата за уставни промени и смета дека ефикасно ја врши својата работа.

„Како што повеќе пати истакнав, внесот на други народи нема да ја загрози безбедноста на државата“, рече Пендаровски.

Според него опозицијата сака да дојде на власт па да разговараат за уставни измени.

Пендаровски ја коментираше изјавата на холандскиот амбасадор за Судскиот совет, и ги охрабри сите оние кои даваат европски пари што се влеваат во  проекти на невладини организации или пак медиуми а  кои се сомнителни и работат против државата да ги повлечат парите.

На новинарско прашање дали Пендаровски ќе се кандидира на следните претседалески избори, тој рече дека не размислува за тоа во овој момент.

Собранието во петокот ги изгласа измените и дополнувањата на Законот за работни односи, Законот за експропријација, Законот за градење, Законот за урбанистичко планирање и Законот за утврдување на јавен интерес и номинирање стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10д (делница на автопатот Прилеп– Битола).

Законите беа донесени по скратена постапка, откако Владата ги означи со европско знаменце и го достави до Собранието.

 

 

 

Бехтел и Енка законски измени Комисија за уставни измени
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
shortcut
ФОКУС
June 2, 2026

Дурмиши: Владата не размислува за мерки – цените на прехранбени производи се  стабилни

ВЕСТИ June 2, 2026

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека цените на основните прехранбени производи се…

Украина: Масовен руски напад врз Кијив, девет лица загинаа, 51 лице е повредено

June 2, 2026

Иран: Ги прекинуваме сите комуникации со САД и целосно го блокираме Ормускиот теснец

June 1, 2026

Дуња Иванова обезбеди виза за директен настап на светското првенство во МТБ маратон

June 1, 2026
ТИКЕР

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026

Најмалку четворица повредени во напад со нож во Швајцарија – напаѓачот извикувал „Алаху акбар“

May 28, 2026

Ципрас на СИРИЗА се врааќа со ЕЛАС  

May 27, 2026

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.