Author: Ана Василевска

Министерката Славјанка Петровска на денешниот брифинг за новинари информираше дека на пристаништето во Солун пристигна втората пратка од 26 лесни оклопни возила JLTV Oshkosh, наменети за Армијата на Република Северна Македонија. “26 возила се наоѓаат на пристаништето во Солун и во наредните денови треба да започне испораката кон Република Северна Македонија, односно истите ќе бидат пренесени во касарната во Штип“ истакна Петровска на новинарското прашање за набавката на оклопните возила од типот JLTV Oshkosh. Дел од арсеналот на Армијата веќе се шесте оклопни возила од истиот тип кои пристигнаа во јули минатата година, а на кои припадниците на Армијата веќе…

Read More

Новоизбраниот претседател на Црна Гора и заменик претседател на Движењето Европа сега (ПЕС) Јаков Милатовиќ е најпопуларниот политичар во Црна Гора со просечна оценка од 2,78. Минималната оценка што може да се даде е еден, а максималната е пет. Ова го покажуваат резултатите од првото годишно истражување на политичкото јавно мислење во Црна Гора на Центарот за демократија и човекови права (ЦЕДЕМ), кои денеска беа презентирани во Подгорица. Втор по популарност е лидерот на ПЕС Милојко Спајиќ со оценка 2,47, а трет е претседателот на Демократска Црна Гора, Алекса Бечиќ – 2,46. На четврто место се поранешниот претседател Мило Ѓукановиќ…

Read More

Откако работната група за уставни измени ќе ги состави амандманите, наследниците на Гоце Делчев ќе ги вметнат сонародниците и наследниците на Радев во македонскиот Устав, му порача премиерот Димитар Ковачевски на неговиот бугарски колега Румен Радев кој изјави дека „Владата на Република Северна Македонија може да каже дека гради модерно мултиетничко општество кога ќе ги впише сонародниците на Гоце Делчев во својот Устав“. Амандманите кон Уставот, нагласи Ковачевски, се дел од Преговарачката рамка со ЕУ. „Ние преговараме со ЕУ, а не со Бугарија, и затоа сметам дека тоа е нешто што ќе тече како процес и е нешто што треба…

Read More

Единствени од Европа со Италија и Шпанија учествуваме на саемот „Bellavita Chicago“, сподели синоќа во дневникот на „Сител“ министерот за замјоделство шумарство и водостопанство, Љупчо Николоски. Тој додаде дека за прв пат имаме македонски национален штанд на саем во Америка. „Очекуваме дирекни средби со дистрибутери и потпишување на договори за извоз на македонското вино во САД“, посочи министерот.

Read More

По објавата на Агенцијата за филм за кривичната пријава за продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски, кој не доставил финансиски извештај за потрошени 55 милиони денари за филмот „Мајки“, медиумите потсетуваат на ланскиот твит на продуцентот Иво Антов. Имено, Антов вели дека му ја предвидел судбината на Милчо Манчевски кој деновиве доби кривична пријава од Агенцијата за филм. ,,А фино му кажав, плати ми го долгот поштетно, и не плачи пред премиерот за да ми ја поништат тужбата кон тебе, затоа што, кога тогаш, ќе те стигне судбината”, пишува Иво Антов , филмски работник кому Манчевски му останал должен…

Read More

Тинк тенк „Аналитика“ на денешниот настан насловен „Дали „Отворен Балкан‚“ ги исполнува очекувањата на домашните компании?“ ги презентираше наодите од сеопфатното квантитативно истражување за ефектите и задоволството на домашните компании од резултатите кои ги дава иницијатавата „Отворен Балкан“. Истражувањето е спроведено со 150 извозно ориентирани компании, од кои 100 од преработувачката индустрија и 50 кои работат во делот на туризмот. Ова е досега најголемата студија на темата која директно собираше податоци од компаниите и ги мереше ефектите од иницијативата „Отворен Балкан“. Согласно наодите кои ги презентираа М-р Тамара Мијовиќ Спасова, извршен директор на „Аналитика“, проф. Д-р Борче Треновски и М-р…

Read More

Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет кој се одржува од 16. до 27. мај во рамки на Канскиот филмски фестивал. Од најновата филмска продукција поддржана од Агенцијата за филм, проекции на маркетот на Канскиот филмски фестивал ќе има вториот долгометражен филм на Вардан Тозија насловен како „М“ во продукција на „Фокус покус филмс“, односно во во копродукција меѓу С. Македонија, Хрватска, Косово и Франција. Станува збор за дистописка бајка, приказна за осумгодишниот Марко кој во суровиот и мрачен свет обземен со таинствен вирус е во потрага по својата мајка. …

Read More

Членството на Украина во НАТО би ги задоволило интересите и на Киев и на Москва бидејќи тоа би ја спречило Украина да употреби сила во идните територијални спорови, изјави поранешниот американски државен секретар Хенри Кисинџер во интервју објавено во денешното издание на „Економист“. „Сега Украина е најдобро вооружената земја во Европа со власт која има најмалку стратешко искуство во Европа“, истакна Кисинџер. Американскиот дипломат смета дека на крајот на конфликтот Украина би можела да ги врати сите територии што ги загуби по 24 февруари 2022 година, освен Крим, кој, како што рече Кисинџер, ќе го задржи Русија. Според него, таквото…

Read More

Претседателката на Работната група за уставни измени Маргарита Цаца Николовска изјави дека утре на дневен ред е усвојувањето на деловникот за работа на работната група која треба да го подготви текстот за иницијативата за измени на Уставот на државата. „Утре, на дневен ред ни е усвојување на деловникот којшто е многу важен за работата на оваа комисија, којашто е многубројна и со таква многубројна комисија не може да очекувате за еден, два дена многу работи да се завршат. Одиме постепено“, рече Николовска. Таа посочи дека никој нема поставено рокови по однос на нивната работа. „Откога ќе почнеме да работиме на…

Read More

Јапонија е подготвена да прими повредени украински војници во воената болница во Токио, изјави денеска висок член на јапонската владејачка коалиција, како дел од поддршка за Украина поради руската инвазија. Тоа ќе биде првпат Централната болница на одбранбените сили да лекува странски војници, изјави претставник, кој сакаше да остане анонимен, бидејќи договорот се уште не е објавен. Деталите ќе бидат одлучени на состанокот меѓу јапонскиот министер за одбрана Јасуказу Хамада и украинскиот амбасадор во Јапонија Сергиј Корсунски во текот на денов, но најголемиот дел од трошоците најверојатно ќе ги сноси јапонската страна, рече претставникот.

Read More

Две недели по масовните убиства во белградското основно училиште и кај Младеновац, предградие на Белград, во кои загинаа 18 лица, претежно деца и млади, пратениците во српскиот Парламент на посебна седница ќе разговараат за околностите и последиците од овие злосторства. На дневен ред на собранието е и барањето на опозицијата за разрешување на министерот за полиција Братислав Гашиќ, кого го сметаат за одговорен за актуелната безбедносна состојба. Не се очекува да биде усвоено ниту едно од барањата на опозицијата, со оглед на тоа што владејачката коалиција, предводена од Српската напредна партија на шефот на државата, Александар Вучиќ, има мнозинство. Седницата…

Read More

Министерството за правда организираше јавна расправа за Предлог-законот за помилување, а едно од клучните прашања кое беше предмет на широка дискусија, како што нагласуваат, беше прашањето за правото на Претседателот на државата да помилува лица од казна и од кривично гонење, при што работната група застана зад решението дека тој може да помилува лица за казна, а не и за кривично гонење на поименично определени лица. „Имајќи ја предвид практиката од досегашната примена на законот и особено случаите поврзани со помилувањето од кривично гонење, работната група застана зад решението согласно кое Претседателот може да даде помилување само за казна, а…

Read More