Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Антов: Манчевски должеше на сите, а за „Сенки“ си наплати хонорар од 1 милион евра, знаев дека ќе го стигне правдата

0
By Ана Василевска on May 18, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 18, 2023 13:48

По објавата на Агенцијата за филм за кривичната пријава за продуцентската куќа „Банана филм“ на Милчо Манчевски, кој не доставил финансиски извештај за потрошени 55 милиони денари за филмот „Мајки“, медиумите потсетуваат на ланскиот твит на продуцентот Иво Антов.

Имено, Антов вели дека му ја предвидел судбината на Милчо Манчевски кој деновиве доби кривична пријава од Агенцијата за филм.

,,А фино му кажав, плати ми го долгот поштетно, и не плачи пред премиерот за да ми ја поништат тужбата кон тебе, затоа што, кога тогаш, ќе те стигне судбината”, пишува Иво Антов , филмски работник кому Манчевски му останал должен како продуцент на негов филм.

Продуцентот Антов, сопственик на продукцијата која е во мирување, ,,Наше маало”, а денес Здружение на граѓани ,,Наше маало два”, преходно јавно го обвини режисерот Милчо Манчевски дека си исплатил хонорар од милион евра, додека на многу луѓе им останал должен за филмот ,,Сенки”.

,,Во филмов што му го продуцирав, ,,Сенки”, сам на себе си исплати нето хонорар од еден милион евра, должејќи попат на едни чудо луѓе. Кога му реков дека ќе го тужам, рече и дека од шпица ќе ме исфрли. Филмот пропадна, ама тој се искешира јако”, објави лани на Твитер продуцентот.

Како што пишува Експерс.МК, за истиот филм (со буџет од 4,2 милиони евра) Манчевски себе си си исплатил нето хонорар од 1 милион евра, си ги наплатил посебно трошоците за домување во Њујорк и големите трошоци за американски монтажер и студио во Америка иако САД не учествувале во филмот.

По овој случај Манчевски прогласил стечај на фирмата и отворил нова.

Антов по серијата текстови на Цивил Медиа, исто така се огласи со став за начинот на кој Манчевски кај поранешната Влада излобирал Закон со кој тој ќе може да зема вртоглаво високи хонорари.

 

Агенција за филм на РСМ Кривична пријава Милчо Манчевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.