Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал во координација со Одделот за специјални полициски операции и со учество на тимови од Царинската управа, под раководство на надлежен јавен обвинител од ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, денеска, по повеќемесечно криминалистичко истражување, спроведе координирана полициска акција, во која беа сузбиени три повеќечлени организирани криминални групи составени од лица од Скопје, кои подолг временски период беа инволвирани во вршење на кривични дела од областа на недозволена трговија со дрога и оружје. „По добиени Наредби за претреси издадени од Судија за претходна постапка, извршени се претреси на вкупно 27 локации…
Албанскиот премиер Еди Рама во обраќањето на сесијата „Обединети околу Европа“, на Самитот на лидерите на Советот на Европа што се одржува во Исланд, рече дека Собранието на Советот на Европа треба да подготви нов извештај и да ја отстрани дамката што е ставена врз Албанија и врз Ослободителната војска на Косово за трговија со органи. На Тачи му се суди врз основа на извештајот на КиЕ спонзориран од Путин, јави државната агенција АТА. Додал дека „како Албанец е невозможно да го избегнам поставувањето паралела меѓу Украина и претседателот Зеленски и Косово и претседателот Тачи“. „Денес, на овој самит на…
Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество каде што се почитуваат сите права. Сите извештаи го потврдуваат тоа. Обвинувањата наведени на овој Самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја која што не ги почитува пресудите на ЕСЧП и стандардите на Советот во областа на човековите права. Ова го истакна премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Совет на Европа во Рејкјавик. „Дискурсот кој се користи од Бугарија кон Северна Македонија за жал е многу сличен на дискурсот кој Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо…
Властите рекоа дека луѓето „во никој случај не смеат да бегаат во подруми или визби“. Во поплавите во северна Италија загинаа најмалку три лица, а илјадници беа евакуирани, по период на обилни врнежи. Властите во средата објавија дека три животи се загубени во регионот Емилија Ромања, со поплавени патишта и вреќи со песок на улиците на неколку места како Болоња, Чезена и Сенигалија. Според Ројтерс, три лица се уште се водат како исчезнати. Жителите се предупредени дека и понатаму се во опасност бидејќи најлошото може да дојде допрва, а дождот продолжува да врне. Службите за итни случаи работеа неуморно за…
Најголемата турска опозициска партија денеска соопшти дека поднела приговор поради можни нерегуларности на илјадници избирачки места на изборите во неделата, на кои актуелниот претседател Таип Ердоган помина подобро од очекуваното. Мухарем Еркек, потпретседател на Републиканската народна партија (ЦХП), рече дека има неправилности во пребројувањето на гласовите, од еден погрешно преброен глас до стотици такви гласови. Републиканската народна партија , објасни Еркек, има приговор за 2.269 гласачки кутии за претседателските избори и 4.825 гласачки кутии за парламентарните избори кои исто така се одржаа во неделата. Партијата на правдата и развојот на Ердоган и нејзините исламистички партнери освоија 322 од 600 места во…
Британската информативна мрежа Би-Би-Си го врати вниманието на илегалната имиграција на Албанците во Британија, како и на Албанците кои издржуваат казни во тамошните затвори. „Во подолг извештај, новинарката Луси Вилијамсон вели дека на некои затвореници им биле понудени 1.500 фунти за да заминат, а некои планираат да се вратат, гледајќи го ова како можност да избегаат од затвор, бидејќи во Албанија не се принудени да се вратат во затворите“, јави Ора њуз. Албанските власти потврдија дека повеќето нејзини државјани кои годинава насилно се вратиле дома од Велика Британија биле осудени. „Секоја недела, мала толпа се собира на оградата од бодликава…
Обраќање на премиерот Димитар Ковачевски на генералната дебата „Обединети за Европа“ на Самитот на Советот на Европа што се одржува во Рејкјавик. Воведни обраќања ќе имаат премиерката на Исланд Јакобсдотир, генералната секретарка на Советот на Европа, Пејчиновиќ-Буриќ, како и претседателот на Парламентарно Собрание на Советот на Европа, Тини Кокс. Предвидено е да се обратат сите 46 шефови на држави- учесници на Самитот.
Врховната рада на Украина денеска соопшти дека од почетокот на руската инвазија досега загинале 501 дете, 961 е повредено, додека 401 се водат како исчезнати и ја повика меѓународната заедница да ги консолидира напорите за заштита и ослободување на украинските деца. Во соопштението се цитираат податоци собрани од УНИЦЕФ, оценувајќи дека „околу 20 илјади деца биле насилно депортирани на територијата на Русија од привремено окупираните територии на Украина или територии кои биле под руска окупација“. „Според достапните информации, повеќе од 1.000 украински деца се наоѓаат на територијата на Белорусија во рамките на одлуките на самопрогласениот претседател на Република Белорусија, како…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и американскиот амбасадор во Белград, Кристофер Хил денес официјално го означија првиот лет на авиокомпанијата Ер Србија од Белград за Чикаго, а пред тоа Хил изјави дека решавањето на технички проблеми во политиката не е за оние кои сакаат брзи решенија, наведувајќи дека Србите на северно Косово мораат да имаат решено прашање за ЗСО, јави дописникот на МИА од Белград. Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Хил во интервјуто за Нова С, го оцени како многу тежок процес и дека двете страни сфаќаат дека ситуацијата е многу тешка, и посочи да е потребно да се…
Со почетокот на туристичката сезона во Грција, во месец април биле отворени 123.000 нови работни места, од кои 90.000 се однесуваат на угостителството и туризмот, пишува грчкиот весник „Катимерини“, а најголема побарувачка имало за келнери, готвачи, собарки и рецепционери, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци што ги пренесува весникот, во периодот јануари- април 2023 со 180.566 нови работни места земјата бележи нов рекорд, а најголемиот број од новите вработувања (61.723) се во хотелите, 29.102 нови работни места се во угостителство, а потоа следи малопродажбата. Меѓу десетте професии со најголема побарувачка и најмногу вработувања се келнерите, помошниците келнери…
За да го одбележи Меѓународниот ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата, Еуроњус, разговараше со транс луѓето за проблемите со кои се соочуваат при запознавање на партнери. 17 мај е Меѓународен ден против хомофобијата, бифобијата и трансфобијата. За прв пат замислен во 2004 година, денот за прв пат беше прославен како Меѓународен ден против хомофобијата следната 2005 година. Оттогаш, повеќе ЛГБТК+ иницијативи и добротворни организации соработуваа за да ја зголемат нејзината поддршка и да бидат инклузивни за транс заедницата. За многу транс луѓе, трансфобијата е факт од секојдневниот живот. Трансфобичните говорни точки се редовни карактеристики на медиумскиот циклус, додека десничарските пратеници…
Северна Македонија на листата се наоѓа на 32 позиција со резултат од 29%, што е подобрување за 2 процентни поени во однос на минатата година. Препораките кои ИЛГА-Европа ги дава за подобрување на ситуацијата на ЛГБТИ+ луѓето во Северна Македонија вклучуваат усвојување правична и транспарентна правна рамка за правно признавање на родот, заснована на процес на самоопределување и ослободена од навредливи барања (како што се стерилизација, медицинска дијагноза, хируршка/медицинска интервенција, задолжителен развод или старосно ограничување). ИЛГА-Европа, независна меѓународна и чадор организација која собира повеќе од 600 организации од 54 европски и централноазиски земји кои работат на политичко-правни и општествени промени…