Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Германскиот министер за финансии Кристијан Линднер нема да отпатува за Пекинг откако неговиот кинески колега Лиу Кун, со кој требаше да се сретне утре, ја откажа средбата во последен момент. Според соопштението на германското Министерство за финансии, Лиу Кун неочекувано ја откажал средбата два дена пред да се одржи, објави Еурактив. Кинеското Министерство за финансии побара во текот на викендот разговорите меѓу двајцата министри закажани за 10 мај да се одложат од причини поврзани со распоредот“, изјавија тие за германскиот весник „Велт“, додавајќи дека кинеската страна не дала друго објаснување, што поттикна шпекулации за вистинската причина за откажувањето. И Линднер…
Денот на Европа е поглед кон иднината, обновување на обврската за тоа каква ЕУ сакаме, Европа на вредности и иновации, Европа која ги вклучува младите луѓе која е конкурентна и отпорна. Северна Македонија е на добар пат да биде дел од оваа визија со членство во ЕУ, откако ги отвори пристапните преговори минатиот јули. Патот е отворен, а задачите се јасни, истакна евроамбасадорот Дејвид Гир на одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. „Убеден сум дека со визија, обединетост и истрајност, Северна Македонија ќе може да си го заземе своето место на земја…
Во земјите од Југоисточна Европа поддршката за влез во ЕУ се намалува бидејќи жителите веруваат дека таа не сака да ги прифати, но има партнерски програми преку кои и овие земји можат да учествуваат во заеднички теми како што е „зелениот план“ и дигитализација, изјави Мирослав Лајчак, специјален претставник на ЕУ- и за Западен Балкан, во интервју за Хина. Поминаа 20 години откако ЕУ и југоисточните земји по првпат во заедничка декларација изјавија дека „иднината на Балканот е во ЕУ“. Од тој состанок во Солун во 2003 година, само Хрватска стана членка во 2013 година. „Мое лично мислење е дека…
Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашање Бојан Маричиќ по повод 9-ти Мај, Ден на победата над фашизмот и Ден на Европа порача дека европските држави на 9-ти Мај 1950 година го направија невозможното и дека „ние до 9 Мај 2030 година можеме да го направиме возможното, а тоа е нашето членство во Европската Унија”. „Ние денес се бориме за истите вредности и цели за кои Германија и Франција направија историски исчекори после Втората светска војна. Тоа е обединувањето. Економската соработка. Да бидеш свој на своето, а во исто време да припаѓаш во нешто многу поголемо. Да се движиш…
Минималните трошоци на едно четиричлено семејство во април изнесувале 49.384 денари. Најмногу пари или 19.224 денари биле потребни за храна и пијалоци, како и за режиски трошоци (13.423 денари). Од Сојузот на синдикати на Македонија, кои ја изработуваат синдикалната потрошувачка кошничка, велат дека еден функционер со неговата плата покрива три синдикални минимални кошнички, а еден работник со две и пол минимални плати не може да ја покрие потрошувачката кошничка. „И покрај сите мерки на Владата, трошоците за храна и пијалоци за само една година се зголемени за 2.766 денари, а во 2023 година ниту еднаш не е намалена вредноста на…
ОМД на вчерашната средба со премиерот Димитар Ковачевски и со министерот за надворешни работи Бујар Османи, која се одржа во Амбасадата во Вашингтон, побара дигитализација на сите услуги кои и се достапни на дијаспората преку дипломатско-конзуларните претставништва, посебно во врска со издавање или обновување на биометриски лични документи, известуваат од ОМД. Нашите иселеници го поздравиле стратешкиот дијалог помеѓу Северна Македонија и САД. Оттаму истакнуваат дека активно се залагаат за потпишување на договор помеѓу Северна Македонија и САД против двојно оданочување, како и за тоа нашата држава да стане дел од листата на земји со безвизен режим. „ОМД изрази благодарност за…
Антифашизмот не е тапија од имот која може да се предава од генерација на генерација, не е желба за империјална експанзија и геноцид над послабите, туку постојана и бескомпромисна борба за слобода и унапредување на човештвото. Не може навечер да вршите геноцид, а наутро да славите антифашизам, едноставно – не може. Втора Светска Војна Најголемото пролевање крв во историјата на човештвото, познато како Втора Светска Војна, во Европа започнува на први септември 1939 година со нападот на Полска од страна на нацистичка Германија. Во следните шест години се случуваат најголемите оружени судири во историјата на три континенти: Европа, Африка и…
Од 2008 година, прославите на Денот на победата, посветен на поразот на нацистичка Германија станаа годишни прослави кои се претворија во она што некои руски опозиционери го нарекуваат „Лудило на победата“ (победобесие). Обемот и интензитетот на глорификацијата на Втората светска војна и на Кремљ како вечен бранител од „нацизмот“ добија димензии без преседан. Но, тоа не беше секогаш случај. Прославување во советско време Во Советскиот Сојуз, јавното одбележување на Денот на победата беше ограничено, особено пред 1965 година. На 9 мај 1945 година, голем огномет во Москва го одбележа поразот на нацистичка Германија, додека историската Парада на победата на Црвениот…
Транспарентност наспроти корупција – ништо не се крие, сите процеси беа и се јавни, пратениците ќе бидат информирани, министрите се секогаш на располагање за сите прашања, за секој исплатен денар граѓаните ќе знаат каде отишол преку тековните алатки за отворени финансии, истакнуваат во повеќе наврати владини функционери во врска со договорите за изградба на коридорите 8 и 10-д, склучени со конзорциумот „Бехтел и Енка“. Нема ништо тајно Овој процес трае веќе 2 години. Од носењето на специјалниот закон, преку управувачкиот комитет, преку потпишувањето на договорите со надзорот и со Бехтел и Енка, сите клучни точки и суштината беа пред очите…
Книгата „Политичка партиципација на лицата со попреченост“ на Теодор Богоевски ќе биде промовирана на 18 мај во 12 часот во „Музејот на современа уметност“. Богоевски е советник за лица за попреченост на претседателот на владата Димитар Ковачевски. На промоцијата освен авторот ќе се ќе се обратат Марко Кртолица, премиерот Димитар Ковачевски, претседателот Стево Пендаровски, Христина Спасевска.
Крунисувањето на британскиот крал Чарлс ги забрза плановите на Јамајка и Белизе да ја напуштат британската монархија и да станат републики, додека другите карипски земји навестија дека ќе го следат примерот. Населението на овој дел од Комонвелтот го преиспитува својот однос со новиот крал, но и со наследството на британската монархија, како што се „расизмот, угнетувањето, колонијализмот и ропството“, пишува Радио Слободна Европа (РСЕ), пренесувајќи дел од светските медиуми. Во пресрет на официјалното крунисување на британскиот монарх кој се искачи на тронот по смртта на неговата мајка кралицата Елизабета, водечките политичари на Јамајка и Белизе изјавија дека размислуваат да го…
Германија има повеќе од милион автомобили на батерии, но друга земја го прави најдоброто со пенетрацијата на ЕВ – еве зошто. Електричните автомобили не се одговор на климатската криза. Но, тие се значаен дел од енергетската транзиција кон нула емисии. За среќа, возилата со батерии стануваат сè попопуларни. Во 2022 година, бројот на овие целосно електрични патнички автомобили во земјите на ЕУ се зголеми за 58 отсто во споредба со 2021 година – од 1,9 милиони на 3,1 милиони. Помеѓу 2019 и 2022 година тие се зголемија за повеќе од 400 проценти. Уште позначајно, уделот на ЕВ меѓу вкупниот број…