Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
Во меѓувреме, опозицијата неодамна ја ескалира својата реторика, критикувајќи го дека не дал објаснувања, ги занемарил своите должности и користи стратегија за виктимизација за да доминира во политичкиот наратив. По неколкудневно размислување, шпанскиот премиер Педро Санчез денеска рече дека ќе продолжи на функцијата „дури и со поголема сила“. Санчез ја шокираше земјата во средата, објавувајќи дека зема пет дена одмор за да размисли за својата иднина, откако судот отвори прелиминарна постапка против неговата сопруга за наводи за корупција. Шпанскиот премиер Педро Санчез го суспендираше својот распоред за да размисли за оставка, одлука за која размислуваше пет дена. Можноста за негова…
Работната група на Универзалниот периодичен преглед (УПП) на Советот за човекови права на Обединетите нации (ОН) на состанок на 2 мај во Женева, ќе ги разгледува по четврти пат податоците за состојбата на човековите права во Северна Македонија, се наведува во денешното соопштение на Канцеларијата на ОН во Скопје. – Северна Македонија е една од 14 држави што треба да бидат прегледани од страна на работната група на УПП, за време на претстојната седница, што ќе се одржи од 29 април до 10 мај. Првиот, вториот и третиот УПП преглед на Северна Македонија беа одржани во мај 2009, јануари 2014,…
Клучното прашање е, што ќе одлучи да направи во понеделник 52-годишниот Санчез, еден од европските социјалистички лидери со најдолг стаж. Социјалистичкиот премиер Педро Санчез ја напушти Шпанија во неизвесност откако најави дека може да се повлече од функцијата поради, како што ја нарече „невидена кампања на клеветење“ против неговата сопруга. Санчез, кој е на функција од 2018 година, ја запрепасти нацијата во средата со објавувањето дека ги откажува сите официјални настани до следната недела, кога ќе ги открие своите идни планови. Објавата дојде неколку часа откако судијата на провинцијата Мадрид се согласи да ги проучи наводите за корупција поднесени од…
Бројот на Австријците во апсолутна сиромаштија е зголемен за повеќе од 50 отсто, од 201.000 во 2022 година на 336.000 минатата година, соопшти Заводот за статистика на земјата. Според бројките презентирани од Статистика Австрија, погодените луѓе не можеле да си дозволат многу секојдневни работи како кирија, греење или храна. Децата и младите се релативно почесто погодени од сиромаштија отколку возрасните. Во опасност од сиромаштија се 41 отсто од самохраните родители и 31 отсто од семејствата со најмалку три деца. Според податоците, процентот на жители во ризик од сиромаштија би изнесувал дури 42 отсто без државна социјална помош.
Верувам дека соработките со новите генерации значат нивно воздигнување во светот на филмот и домашната кинематографија и истовремено придонесуваат за доближување на нивниот свет до нашето општество. Очекувам филмот да го реализираме според предвидената динамика и секако како продуцент, очекувам негов успех, во кино и на фестивали. – изјави Томи Салковски, продуцент на филмот. На локации во Скопје, поточно во Музејот на Македонија, вчера започна снимањето на новиот долгометражен игран филм на режисерката Косара Митиќ, насловен како „17“. Филмот е во продукција на „Црна Мачка Продукција“. “Филмот „17“ е фокусиран на средношколците и тинејџерите, кои се критична и ранлива демографија. Во свет…
Артан Груби од ДУИ на денешната прес-конференција пред Општина Чаир се појави со куфер. Тој со стихови од рап песна објасни дека куферот е за албанската опозиција од која побара да ги депонираат оставките. -Песната вели дека им ја разбираме позицијата во која што се ден денес. Актуелниот и формален градоначалник Изет Меџити, како и неговиот нотар кој е овластен потписник Висар Ганиу и му ги потпишува неговите одлуки кој тој ги носи, „им ја знаеме позицијата, но мора да ја види топ листата“. А, на топ листата број еден се луѓево што се тука и граѓаните на Чаир. И…
Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“, Арбен Таравари преку соопштение ја демантира веста објавена од албанскиот „Топ-ченел“ оти вчера тајно се сретнал и добил понуда од претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по резултати од претседателските избори. Во веста на „Топ-ченел“ се вели дека „Таравари добил сериозна понуда од Ахмети да се приклучи на „Европскиот фронт’“, за која велат дека самиот Таравари ја потврдил информацијата за средбата“. -Неколку часа по поразот на вчерашните претседателски избори, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари одржал тајна средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и техничкиот премиер на Северна Македонија, Талат Џафери.…
Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е најважната награда на надворешната културна политика. Кандидатите/кандидатките се номинирани од Гете-институтите ширум светот во координација со германските амбасади. Комисијата за доделување на Гете- медалот, која се состои од личности од областа на науката, културата и уметноста, од овие номинации прави избор, кој го потврдува Извршниот одбор на Гете-институт. Со доделувањето на Гете-медалот, германската публика се запознава со светски релевантни културни теми и актери/актерки како и ја поддржува интернационализацијата на германскиот културен пејзаж. Наградата ќе биде доделена на 28 август 2024 година,…
Францускиот претседател Емануел Макрон, денеска, за време на говор на Универзитетот Сорбона во Париз изјави дека „постои ризик оваа наша Европа да умре“, пренесоа британските медиуми. Францускиот претседател потенцира дека битката за изградба на силна Европа е далеку од завршена и дека ризикува во следната деценија да заостане зад светските ривали. Европа, оцени Макрон, е на пресвртна точка и мора да стори повеќе за да се натпреварува со забрзаното вооружување на своите глобални ривали. Тој истакна дека мора да дојде до промена на моделот на економски раст на ЕУ бидејќи сегашниот е неодржлив и дека ЕУ заостанува во глобален контекст…
Португалија ја одбележува 50-годишнината од револуцијата на каранфилите со славење на надреализмот и револуционерната ревност на фестивалот базиран на филмот „Фантомот на слободата“ на шпанскиот режисер Луис Буњуел. Португалија денеска ја одбележува 50-годишнината од револуцијата на каранфилите, мирната транзиција на земјата од една од најдолгите авторитарни влади во Европа кон демократија. Клучен момент во историјата на земјата, го доби своето име затоа што луѓето им делеа каранфили на војниците во бескрвен државен удар предводен од група левичарска група армиски офицери кои ја соборија владата на Антонио де Оливеира Салазар, која владееше со земјата оттогаш во 1932 година. Тоа го означи…
Иларија Салис беше приведена во Унгарија под обвинение дека нападнала неонацистички екстремисти. Сега таа се кандидира на европските избори. Италијанската активистка Иларија Салис, која моментално е затворена во Унгарија под обвинение за учество во нападот на неонацистите, се кандидира на европските избори за Алијансата на Зелените и левицата. Нејзиниот татко Роберто зборуваше во Парламентот во Стразбур во средата, откривајќи дека „таа била доста мотивирана, среќна e што го направила овој избор“. „За мојата ќерка, изборите претставуваат дополнителна можност да ја реши нејзината драма. Разговараше со Иларија пред неколку дена и објасни дека не отишол во Стразбур за кампања, туку за…
Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск ги повика завојуваните страни во Украина и Газа да преговараат за мир бидејќи „договорениот мир е подобар од бескрајна војна“. -Ги молам, земјите во војна, сите нив, прекинете ја војната. Барајте преговори, барајте мир, рече папата во интервју за Си-Би-Ес Њуз. Папата кажа дека секојдневно е во контакт со свештениците од Газа за да ги праша за нивните искуства и дека може да помогне да се постигне мир само преку молитва. Зборувајќи за влијанието на војната во Украина врз децата, папата додаде дека „тие деца заборавиле како да се насмевнат“. -Многу е тешко кога…