Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

0
By Ана Василевска on April 25, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 25, 2024 15:25

Претседателскиот кандидат на албанската опозициска коалиција „Вреди“, Арбен Таравари преку соопштение ја демантира веста објавена од албанскиот „Топ-ченел“ оти вчера тајно се сретнал и добил понуда од претседателот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети по резултати од претседателските избори.

Во веста на „Топ-ченел“ се вели дека „Таравари добил сериозна понуда од Ахмети да се приклучи на „Европскиот фронт’“, за која велат дека самиот Таравари ја потврдил информацијата за средбата“.

-Неколку часа по поразот на вчерашните претседателски избори, претседателот на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари одржал тајна средба со претседателот на ДУИ, Али Ахмети и техничкиот премиер на Северна Македонија, Талат Џафери. Самиот Таравари ја потврди средбата за домашните медиуми, но не сакаше да даде повеќе детали. Прашан дали ќе ја прифати понудата што му ја дал првиот човек на ДУИ, Али Ахмети, Таравари изјави дека наредните денови јавно ќе проговори. Медиумите објавија дека на средбата на која присуствувал и еден министер од ДУИ во владиниот кабинет, Ахмети му дал сериозна понуда на Арбен Таравари да се приклучи на „Европскиот фронт“ и сега се очекува неговиот конечен одговор, објави „Топ-ченел“.

Таравари во вели дека оваа вест е лажна и посочува дека не би било изненадување доколку дојде Ахмети со некаква понуда до него.

-Со жалење денеска од еден многу сериозен албански медиум како што е Топ-ченел дознав дека синоќа сум се сретнал со господинот Ахмети и други функционери на ДУИ, за да слушнам понуда од него. Не, не е вистина. Кој и да ја дал оваа вест на Топ-ченел, лаже. Синоќа му честитав на мојот тим и мирно денеска продолжуваме со нашата работа Кон промената! Навикнат сум на понудите на Ахмети и мислам дека не би било изненадување доколку дојде до мене, но оваа вест е лажна, истакнува Таравари.

На вчерашниот прв круг од претседателските избори претседателскиот кандидат на „Влен“, Таравари е на четврто место од седуммината кандидати со освоени 83.356 или 9,21 отсто од гласовите, додека претседателскиот кандидат на „Европскиот фронт“, Бујар Османи е на третото место со освоени 120.903 гласови или 13,36 проценти.

Бујар Османи победи во Арачиново (53,51 отсто), Боговиње (55,33 отсто), Врапчиште (58,02 отсто), Дебар (49,88 отсто), Долнени (32,95 отсто), Желино (49,45 отсто), Липково (56,83 отсто), Пласница (66,91 отсто), Сарај (55,49 отсто), Струга (39,38 отсто), Студеничани (50,54 отсто), Теарце (41,30 отсто), Тетово (37,91 отсто), Чаир (40,65 отсто), Центар Жупа (35,03 отсто) и Шуто Оризари (37,11 отсто). Арбен Таравари освои најмногу гласови во Гостивар (32,26 отсто).

Првичните резултати што Државната изборна комисија ги објави изутрината на својата веб-страница покажуваат дека од обработени речиси 100 проценти од гласачките ливчиња, најмногу гласови на вчерашните претседателски избори освои кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова, 362.682 (40,08 отсто), пред Стево Пендаровски од СДСМ со 180.306 (19,93 отсто).

Али Ахмети Арбен Таравари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
shortcut
ФОКУС
July 29, 2026

Собрание: Сторниран е законот за „Скопје град на културата без тендери“

ВЕСТИ July 29, 2026

Претседателот на Собранието при утврдување на дневниот ред на седницата не го предложи законот за…

Евростат: Северна Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

July 29, 2026

Стоп за законска перална за пари: Граѓанската платформа за борба против корупција реагира на Предлог-Законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“

July 29, 2026

Москва: Русија издаде меѓународна потерница за основачот на Телеграм Павел Дуров

July 29, 2026
ТИКЕР

Грција: Горат Парос, Андрос, Калимнос, Крит, …

July 30, 2026

Руска новинарка е осудена на 12 години затвор за „велепредавство“

July 29, 2026

Граѓанин пронајде тело на бебе во кутии во неговиот дом – полицијата пронајде уште четири

July 28, 2026

Престрелка во САД: Тројца загинаа – рането е дете

July 27, 2026

Абдул Б. е мртов

July 26, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.