Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Гете-медалот оди во Северна Македонија: Искра Гешоска меѓу трите добитнички на престижното одликување

0
By Ана Василевска on April 25, 2024 ВЕСТИ
Искра Гешовска
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 25, 2024 14:09

Од 1955 година Гете-институт, еднаш годишно го доделува Гете-медалот како
официјално почесно одликување на Сојузна Република Германија и е
најважната награда на надворешната културна политика.

Кандидатите/кандидатките се номинирани од Гете-институтите ширум светот во
координација со германските амбасади. Комисијата за доделување на Гете-
медалот, која се состои од личности од областа на науката, културата и
уметноста, од овие номинации прави избор, кој го потврдува Извршниот одбор
на Гете-институт. Со доделувањето на Гете-медалот, германската публика се
запознава со светски релевантни културни теми и актери/актерки како и ја
поддржува интернационализацијата на германскиот културен пејзаж.

Наградата ќе биде доделена на 28 август 2024 година, денот на раѓањето на
Гете. Од првото доделување во 1955 годинa наградени се вкупно 380 личности
од 70 земји, меѓу кои Јури Андрухович, Даниел Баренбоим, Дејвид Корнвел
алиас Џон ле Каре, принцезата Софија Губаидулина, Агнес Хелер, Петрос
Маркарис, Ширин Нешат, Ирина Шиер. Хорхе Семпрун, Роберт Вилсон и Хелен
Волф.
Комисијата за доделување на Гете-медалот 2024 година ја сочинуваат Рене
Агуига (модератор и раководител на одделот „Литература, филозофија,
религија“ Дојчландфунк Култур, Берлин), Олга Грјаснова (писателка, Виена),
Јулија Гросе (уметничка директорка Контемпорари Енд, Берлин), Ана Хенкел-
Донерсмарк (кураторка и директорка на Берлинале Шортс, Берлин), Матијас
Лилиентал (драматург и интендант, Минхен/Берлин), Томас Оберендер (автор и
куратор, Берлин), Антје Равик Струбел (авторка, Потсдам), Андреа Жшунке (
раководителка Music WDR3, Келн); застапник на германската амбасада: Ралф
Бесте (раководител на Одделот за култура и комуникација); застапничка на
Гете-институт: Карола Ленц (претседателка на Гете-институт) и Јоханес Еберт
(генерален секретар на Гете-институт).
Гете медалот за 2024 година, го добиваат историчарката на уметност и
културна менаџерка Искра Гешоска од Северна Македонија, литературната
преведувачка и толкувачка Клаудија Кабрера од Мексико и Кармен Ромеро
Кверо, основачка и директорка на чилеанскиот театарски фестивал од
Чиле „Teatro a Mil“. Гете-медалот ќе го додели претседателката на Гете-
институт Карола Ленц на церемонија на 28 август 2024 година во Вајмар.
Карола Ленц, претседателката на Гете-институт, во своето соопштение истакна:
„Токму во време на различни кризи и поларизирачки дебати како денес,
потребна ни е отвореност за различни перспективи во светот, подготвеност да
учиме едни од други и да градиме доверливи врски во општеството, но и меѓу
различни општества. Овогодинешните добитнички на извонреден начин се
залагаат токму за вакви поврзувања и меѓународно разбирање. Клаудија
Кабрера, преку сопствените преводи и нејзината посветеност на
професионализацијата на преведувачката работа, истакнува дека литературата

на германски јазик во Латинска Америка добива видливост. Искра Гешоска ја
промовира самодовербата и европското вмрежување на младата уметничка
сцена во Северна Македонија преку невладината организација што ја основала
како и бројни фестивали. И Кармен Ромеро Керо, како основачка на театар и
кураторка, им дава на децата и младите особено пристап до театарот, а со тоа
и пристап до другите светови. Сите три добитнички на наградата не се
обесхрабрени од противничките струи и пречки. Затоа, многу сум среќна што
оваа година со Гете-медалот го наградуваме енергичниот и неуморен ангажман
на овие три жени “.
Томас Оберендер, претседател на комисијата за доделување на Гете-
медалјата, изборот на добитниците го објаснува вака: „Заедничко им е што тие
се основачки и раководителки на фестивали, здруженија или медиуми кои ги
уриваат јазичните и мисловните бариери и поставуваат револуционерни
импулси во однос на културната политика. Тие се пронаоѓачки на креативни
формати за настани и веќе неколку децении ја рефлектираат локалната
социјална и политичка ситуација во Латинска Америка и Источна Европа на
храбар и иновативен начин“.

Гете институт Искра Гешоска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 18, 2026

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

ВЕСТИ May 18, 2026

Советот на Европа направи нов институционален чекор кон формирање Специјален трибунал за злосторството агресија против…

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026

И Виница во протестниот марш на кочанските родители за правда за ужасот во „Пулс“

May 16, 2026
ТИКЕР

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.