Author: Ана Василевска

Џек Тешеира, кој наводно објави стотици доверливи разузнавачки документи за воените дејствија  во Украина, размислувал да започне пукање и да постави комбе за атентат, покажува судското вештачење на документите. Американскиот државјанин кој се соочува со обвиненија за објавување доверливи документи за тековната инвазија на Украина се чини дека си поигрувал со идејата да се вклучи во масовно пукање, откриваат судските документи. Според пораките што ги испратил во групата за разговор, објавени во предлогот на обвинителите во Бостон за продолжување на неговиот притвор, 21-годишниот Џек Тешеира рече дека ако го направи тоа по свое, ќе „убие  тон луѓе“ затоа што тоа…

Read More

Се вели дека Шпанецот Хуан Карлос добил четврта ќерка од вонбрачна врска. Имено, една нова книга тврди дека се крева капакот на јавната тајна во шпанскиот кралски двор. Кога Хуан Карлос ја напушти Шпанија по брзата, но контроверзна посета минатата недела, кралското семејство здивна што помина без никакви инциденти. Но, малкумина знаеја дека следниот скандал за Домот на Борбон е веднаш зад аголот. И покрај тоа што помина неколку илјади километри помеѓу палатата Зарзуела и неговиот нов дом во самонаметнат егзил во Абу Даби, Хуан Карлос успеа уште еднаш да биде во центарот на вниманието. Овој пат можеби штотуку беше…

Read More

Доколку Асен Василев и Кирил Петков учествуваат во новиот владин кабинет, ние ќе понудиме наши видни личности, како Дељан Добрев, Томислав Дончев…., изјави лидерот на коалицијата „ГЕРБ-СДС“ и поранешен бугарски премиер, Бојко Борисов, по неколкуте дена преговори со второпласираната коалиција на последните парламентарни избори “„ПП-ДБ“, што се чинеа за плодни, затоа што е усогласена законодавната програма, а во моментов се преговара и за владината програма и личностите кои ќе бидат застапени во неа. На овој начин, Борисов одговори на новинарско прашање дали Василев и Петков се прифатливи за ГЕРБ-СДС во евентуалниот владин кабинет, за што веќе има шпекулации по медиумите.…

Read More

Денеска се навршуваат шест години од „крвавиот четврток“ кога толпа граѓани, насилно упадна во Собранието и ги нападна пратениците на СДСМ во обид да спречат промена на власта. Снимките што таа вечер доаѓаа од собранискиот прес-центар ја вознемирија домашната но и светската јавност. Денес, шест години подоцна, за овој случај осудени се 15 ина лица за сторено кривично дело „терористичко загрозување на уставниот поредок“ додека за нарачателите Апелација говрати судењето на почеток откако претходно кривичниот суд ги осуди на вкупно 25 години затвор екс-спикерот Трајко Вељаноски, поранешните министри Спиро Ристовски и Миле Јанакиески, како и поранешниот директор на УБК, Владимир…

Read More

Седницата на Судскиот совет на која треба да се гласа нов претседател е закажана за 2 мај во 11 часот. Заменик-претседателот на Советот Селим Адеми, кој вчера со седум гласа ја разреши претседателката Весна Дамева без присуство на сите членови на ова тело, денеска побара одлагање за неколку дена, поради, како што рече, важноста на прашањето, како што е избор на нов претседател, за кое би било добро присуство на сите 13 членови. „Денеска беше закажана 439 седница, но веќе дебатиравме дека кога се прави избор на претседател на Судски совет, добро е и пожелно сите 13 члена да бидат…

Read More

Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати. Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби, соопштија од Министерството по денешниот протест на вработените во Филхармонија поради одлуката за вдомување на Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата. Од Министерството посочија оти веруваат дека филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на нивната НУ, никој немал никаква заднинска намера. -Нема логика Министерството за култура, под чија надлежност се сите национални установи, значи и…

Read More

Американските тајни служби се уште ја шпионираат германската влада иако американската администрација најави крај на шпионските активности по скандалот со прислушувањето во 2013 година, објавија денеска германските медиуми. „Американските тајни служби ги шпионираа германските владини тела дури и по скандалот со шпионирањето германски политичари во 2013 година“, известуваат јавниот сервис АРД и неделниот весник Цајт, повикувајќи се на документи кои неодамна станаа јавни, од т.н. афера „Пентагон-Ликс“. Германските медиуми дојдоа до документи од кои евидентно е дека американските тајни служби го шпионирале германското Министерство за одбрана. Поточно, станува збор за односите меѓу Германија и Кина на полето на воената соработка…

Read More

Вработените во Филхармонија на Северна Македонија денеска преку мирен протест што го организираа свирејќи на своите инструменти пред Министерството за култура, го искажаа незадоволството од владината одлука новоформириот Национален џез-оркестар да биде сместен во нивните простории. Според претседателот на Синдикатот на Филхармонија, Владимир Лазаревски, вработените во Филхармонија неправедно се ставени во ситуација да се бранат од оние кои треба да ја штитат оваа институција. Затоа, како што рече, одлучиле да се спротистават со мирни протести, се до конечна промена на оваа одлука. Вработени во филхармонија на протест – Со протестот сакаме да го изразиме незадоволството кое се акумулираше од носењето…

Read More

Најосновните трошоци за живот, како што се домувањето и комуналните услуги, се зголемиле четири пати побрзо од платите низ Европската унија минатата година, покажуваат податоците на Евростат објавени на веб-страницата на Обединетите гранкови синдикати „Независност“. Цената на работната сила на час пораснала во просек за 4,4 отсто во земјите од Европската унија во 2022 година, покажуваат најновите податоци на европската статистичка служба Евростат. Кога ќе се спореди растот на платите со стапката на инфлација од 9,2 отсто во ЕУ минатата година, произлегува дека зголемувањето на платите минатата година компензирало само половина од зголемувањето на трошоците на живот. Јазот меѓу платите…

Read More

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска попладне ќе го разгледа новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за работата на мисијата на ОН (УНМИК) на Косово, денеска се одбележува Денот на исчезнатите, на 24 годишнината од масакрот во Меја, Ѓаковица. Над 100 Албанци што избегале во Велика Британија со сплавови, денеска ќе бидат вратени на аеродромот Ринас во Тирана. Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС. КОСОВО Коха: Советот за безбедност на ОН денеска расправа за Косово „Советот за безбедност на Обединетите нации…

Read More

Потесетување на најкрвавиот датум во поновата македонска политичка историја, 27 април 2017 година. Денот кога на долен, примитивен и најбрутален начин имаше обид да се линчува демократијата по цена на човечки животи. Повеќечасовниот ужас во собраниската зграда, за многумина значеше вистинска борба да се остане жив. Затекнати на работното место, новинари и медиумските работници беа распнати меѓу доследнста да известуваат во невозможните услови при упадот на толпата во Собранието и да го сочуваат сопствениот живот. Траумите и нивната голгота продолжија и подоцна, кога многумина од нив не успеаја да ја истераат првадата на суд. Некои од овие постапки ќе се…

Read More

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) соопшти дека очекува вклученост и реакција од сите релевантни државни субјекти за случајот со разрешувањето на претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева. „Имајќи ја предвид позиционираноста на Судскиот совет како највисок орган на судската власт, кој треба да се залага за бескомпромисно почитување на принципот на владеење на правото и за обезбедување на независноста на судската власт како трет столб на власта, Државната комисија изразува сериозна загриженост за случувањата на седницата на Судскиот совет, од кои во медиумите беа презентирани и видео записи“, се наведува во денешното соопштението на ДКСК. Комисијата ги потсетува…

Read More