Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ИЗБОР) Албански медиуми: Во ОН денеска се расправа за Косово; 24 години од масакрот во Меја; Велика Британија врати над 100 Албанци

0
By Ана Василевска on April 27, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, April 27, 2023 13:22

Советот за безбедност на Обединетите нации денеска попладне ќе го разгледа новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за работата на мисијата на ОН (УНМИК) на Косово, денеска се одбележува Денот на исчезнатите, на 24 годишнината од масакрот во Меја, Ѓаковица. Над 100 Албанци што избегале во Велика Британија со сплавови, денеска ќе бидат вратени на аеродромот Ринас во Тирана.

Ова се дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

КОСОВО

Коха: Советот за безбедност на ОН денеска расправа за Косово

„Советот за безбедност на Обединетите нации во четврток попладне ќе го разгледа новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар Антонио Гутереш за работата на мисијата на ОН (УНМИК) на Косово.

Во извештајот кој ги опфаќа активностите на УНМИК и развојот на настаните од 16 септември 2022 година до 18 март 2023 година, Гутереш го поздрави договорот за нормализирање на односите меѓу Белград и Приштина и анексот за негово спроведување со посредство на Европската унија во Охрид.“, пренесе Коха.

ИНА: Денеска се одбележува Денот на исчезнатите, нивната судбина се уште е отворена рана за семејствата

„Денеска се навршуваат 24 години од масакрот во Меја во Ѓаковица, каде на 27 април 1999 година беа убиени 376 лица.

Пред 22 години, српските сили ги опколија Река е Ќеке и Лугу е Чарагојес во околината на Ѓаковица.

За неколку часа беше извршена најгрозоморната егзекуција и најголемиот масакр во војната на Косово во 1998-1999 година.Во планирана акција беа отсечени сите патишта, а во правец на Меја се отворени само два патни правци. Собирот на момчиња и мажи во групи на возраст од 15 до 60 години започна во раните утрински часови.“, пренесува ИНА.

Перископи: Специјалниот суд редовно поднесува извештаи до ОН, но не и до државата Косово

„Иако е формиран од Собранието на Република Косово, Специјалниот суд известува за својата работа до ОН во Њујорк, до генералниот секретар Антонио Гутереш и преку него до Советот за безбедност, како и до земјите-членки, од кои Србија е исто така член . Извештајот ќе биде разгледан на седницата на Советот за безбедност на 27 април 2023 година, на која вообичаено учествува и претседателот Вјоса Османи.

ОН не ја признаваат државата Косово, ниту неговиот генерален секретар, ниту Советот за безбедност, поради противењето на Русија и Кина, кои и понатаму се блиски сојузници на Србија.“, пренесе Перископи.

АЛБАНИЈА

Визион Плус: Избегаа во Англија со сплавови/ Над 100 Албанци ќе бидат вратени, се очекува да пристигнат во Ринас

„Овој четврток околу 13:00 часот се очекува во Ринас да пристигне авион од Англија со над 100 вратени Албанци.

Познато е дека Албанците заминале во британската држава со сплавови и биле засолнети во кампови.“, пренесе Визион Плус.

НОА: Инспиративна приказна за свештеникот кој се обидува да ги одржи во живот селата испразнети од емиграцијата

“Скриен меѓу многуте ридови, за да се стигне до Качинари, на само 23 километри од градот Решен, потребно е повеќе од еден час, на пат кој никогаш не видел асфалт…

Заборавени од политиката и властите, единствен посетител на овие длабоки предели е католичкиот свештеник Дом Ѓерѓ Мета. Тој доаѓа секоја сабота да им даде храна за душата на неколкуте преживеани што останале во земјата на предците и со себе ја зема сета нивна борба за опстанок.“, пишува меѓу другото во сторијата објавена во НОА.

КОЛУМНА

Панорама: Зошто Албанците не соработуваат?

„Ако ја погледнеме историјата на Албанија, ќе забележиме колку пати интересите на земјата се оддалечиле од нивните, албанските лидери го избрале второто, жртвувајќи ја земјата. На ист начин се однесуваа и кон ветените проекти: без двоумење ги напуштија во името на своето. Тоа се случуваше и кога интересите на државата го бараа синдикатот како соработка.“, извадок од колумната „Зошто Албанците не соработуваат?“, од авторот Фатос Лубоња, објавена во Панорама.

Д. Тахири

Извор Цивил Медиа

Избор од албански медиуми Косово ОН
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.