Author: Ана Василевска

Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ денеска изјави дека европскиот план за патот за нормализација на односите меѓу Србија и Косово, прифатен во Брисел,  е празвно обврзувачки иако во Охрид не беше потпишан. Тој, уште оцени дека Приштина не сака да го потпише договорот, туку да ги протера Србите од Косово. „Интересот на Приштина не е да го спроведе мировниот договор, интересот на Приштина е да ги протера Србите од Косово“, рече Дачиќ во изјава за телевизијата Прва. Тој додаде дека Приштина им дала ултиматум на Србите од северот на Косово дека „треба да прифатат пререгистрација (на автомобили) или да…

Read More

По прашината која се крена околу сместувањето на новооформираната  културна институција „ЗЏМ Биг Бенд Оркестар“ во просториите на Филхармонија, на предлог и одлука на министерката  за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, а на што се спростиставија дел од вработените на Филхармонија, од ЗЏМ реагираат: „Во контекст на едноставно објаснување на настаната ситуација, по одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија, сакаме да појасниме неколку точки. Најпрво, би сакале да изразиме благодарност на одлуката на Министерството и Владата за времено сместување на Оркестарот во просториите на Филхармонија и воедно да се заблагодариме за огромната…

Read More

Пишува: Борјан Јовановски Францускиот претседател Емануел Макрон отвори  големи прашања за трансатлантските односи, Тајван и концептот за „стратешка автономија“ за ЕУ по неговата минатонеделна посета на Кина. Макрон на средба со новинари од повеќе европски медиуми ја нагласи потребата Европа да развие независни капацитети што ќе и овозможат на ЕУ да стане „трета суперсила“ во светот – заедно со САД и Кина. „Најголемиот ризик“ со кој се соочува Европа, рече тој, е тоа што евроспкиот блок „се заглави во кризи кои не се наши и спречуваат да се изгради стратешка автономија“. Во врска со трансатлантските односи  Макрон изјави  дека „парадоксот…

Read More

Мандатот на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг истекува на 30 септември годинава, а се очекува името на неговиот наследник да биде познато до самитот на НАТО на 11 и 12 јули. Шведските весници Афтонбладет и Дагбладет пишуваат дека земјите од Источна и Централна Европа долго време се чувствуваат запоставени во распределбата на клучните позиции во Европската Унија и НАТО. Медиумите посочуваат дека сега се отвора простор за актуелниот романски претседател Клаус Јоханис, естонската премиерка Каја Калас и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Но, мандатот на романскиот претседател истекува дури во ноември 2024 година, а Калас се смета за премногу непријателски…

Read More

ЈОЗЕФ ЈОФЕ / Project Syndicate Кога Финска ја надмина последната пречка за членство во НАТО минатата недела, големите Западни весници ја закопаа приказната. Сепак, министерот за надворешни работи, Пека Хависто, со право ги прослави „овие историски денови“ – крајот на 75 години неутралност. Започнувајќи од оваа недела, Финска е формално приклучена, а Шведска, уште една вечно неутрална земја, наскоро ќе следи, откако Турција ќе престане да го блокира нејзиното членство. Зошто овие две земји би навалиле кон Алијансата која францускиот претседател Емануел Макрон ја дијагностицира како „мозочно мртва“ пред само четири години, а која поранешниот американски претседател Доналд Трамп ја сметаше за „застарена“ во 2017 година? Мудроста на британскиот духовит човек од осумнаесеттиот…

Read More

Бугарија не сака да се меша во внатрешните работи на Република Северна Македонија. Уставните измени и носење други закони секоја држава треба да ги решава согласно внатрешната практика. Не е точна интерпретацијата дека ние сме сакале да учествуваме во тој процес, изјави бугарскиот технички премиер Галаб Донев во интервју за бТВ. Донев, како што пренесе БТА, потсети дека земјава презела ангажман да ги вклучи Бугарите во Уставот заедно со сите останати наброени народи, со што, како што рече, ќе им бидат гарантирани нивните права. Според него, нормално е Република Северна Македонија да ја исполни преземената обврска, којашто не е само…

Read More

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен најави можна контраофанзива на Украина во наредните недели. Во интервју за францускиот весник „Вест-Франс“ оваа недела, Блинкен изнесе мислење дека за бројни пријатели и партнери на Украина во светот, вклучително и САД, има две цели во Украина. „Првата цел е да направиме се што е можно за да и помогнеме на Украина да ги врати териториите што Русија ги зазеде, вклучително и со контраофанзива, која се очекува во следните недели“, рече Блинкен. Според него, втората цел е да и се помогне на Украина „да ги изгради своите среднорочни и долгорочни капацитети за одвраќање на каква…

Read More

„Ветерната приказна“ е дел проектот Патиштата на хероите поддржан од програмата Креативна Европа на Европската унија. Промоцијата на изданието „Ветерната приказна“ на Ника Гавровска придружена од изложба на илустрациите за книгата на Наташа Андонова ќе се одржи на 12-ти април 2023 година (среда) во 19:00 часот во Мултимедијалниот центар Мала станица на Националната галерија на Република Северна Македонија. „Свет на густа памучна магла. Малата Верта и нејзиниот дедо живеат во светилникот на Ветерниот залив, а Ветерот никаде го нема, освен во приказната што дедо ѝ секоја вечер ѝ ја раскажува, приказната за денот кога Ветерот исчезнал. Тоа е истата приказна…

Read More

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит денеска упати апел до политичарите во Федерацијата Босна и Херцеговина да формираат влада. Тој наведе дека ако не биде постигнат договор тој е подготвен да реагира. „Ова е последен повик за да се вразумат политичарите“, истакна Шмит. Тој истакна дека лично е решен да се погрижи граѓаните на ФБиХ да имаат влада без разлика на нивната политичка, национална или верска припадност. „Очекувам ова прашање наскоро успешно да биде решено, нема да има дополнителен повик“, рече Шмит. Вчера беше крајниот рок ФБиХ да формира влада по општите избори одржани на почетокот на…

Read More

Во овие три години колку што сме дел од најмоќниот воено политички сојуз  покажавме дека Северна Македонија е подготвена да го даде својот придонес во колективната безбедност, во гаранцијата за стабилноста на секоја членка на НАТО и во гаранцијата за безбедноста на секој граѓанин на Сојузот, порача министерката за одбрана Славјанка Петровска на отворањето на првиот Одбранбен форум 2023. Денеска, додаде, сме кредибилна членка на НАТО со рамноправен придонес во Сојузот кој веќе брои 31 земја. „Ние сме составен дел  од Алијансата и од нас како и од сите останати земји-членки зависи колку НАТО ќе одговори на својата задача –…

Read More

Албанскиот премиер Еди Рама ја оцени како скандалозна одлуката на Арбитражниот суд со која Албанија на италијанскиот бизнисмен Франческо Бечети треба да му исплати отштета во износ од 110 милиони евра, најавувајќи „жестока реакција и можно напуштање на надлежностите на судот“.   Во изјава по седницата на Владата, на новинарско прашање за случајот „Бечети“, шефот на албанската влада одговори дека од следната недела ќе ја анализираат можноста за целосно напуштање на надлежноста на судот, додавајќи дека Бечети, за кого нагласи дека е осуден измамник на 17 години затвор за измама на албанската држава, до сега не добил ниту еден лек од албанската…

Read More

Министерот за одбрана на Босна и Херцеговина, Зукан Хелез изјави дека неговата земја сигурно ќе стане членка на НАТО, а политичарите кои не го сакаат тоа нема да можат да го блокираат тој процес. Toj во интервју за сараевскиот весник „Ослобоѓење“ истакна дека во НАТО постои цврста одлука БиХ да стане членка. „Луѓето од НАТО се подготвени да и помогнат на БиХ да биде прифатена во Алијансата што е можно поскоро. Овие политичари кои се повлекуваат на страна, кои имаат негативна реторика, нема да бараат многу. Тие можат само да зборуваат, а ние си ја работиме нашата работа и БиХ…

Read More