Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Посетата на Макрон на Кина предизвикува тензија во стратешките односи на Европа и САД

0
By Ана Василевска on April 10, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
Емануел Макрон во Кина
Емануел Макрон во Кина
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2023 09:21

Пишува: Борјан Јовановски

Францускиот претседател Емануел Макрон отвори  големи прашања за трансатлантските односи, Тајван и концептот за „стратешка автономија“ за ЕУ по неговата минатонеделна посета на Кина.

Макрон на средба со новинари од повеќе европски медиуми ја нагласи потребата Европа да развие независни капацитети што ќе и овозможат на ЕУ да стане „трета суперсила“ во светот – заедно со САД и Кина. „Најголемиот ризик“ со кој се соочува Европа, рече тој, е тоа што евроспкиот блок „се заглави во кризи кои не се наши и спречуваат да се изгради стратешка автономија“.

Во врска со трансатлантските односи  Макрон изјави  дека „парадоксот би бил тоа што, Европа завземена од паника, верува дека е само следбеник на Америка“.

Што се однесува до едно од најжешките прашања во амарикаснко кинеските односи како што е Тајван , кој САД ветија дека ќе го бранат Маркон  вели дека Европа треба да биде мошне внимателна.

На прашањето што Европејците треба да сторат во врска со Тајван  Макрон одговара со прашање кое ги разбуди страстите во Вашингтон.

„Дали е „во наш интерес да ја забрзаме кризата на Тајван? Не. Најлошото нешто би било да мислиме дека ние Европејците мора да се идетификуваме со САД на оваа тема и да наспроти кинеската претерана реакција“.

На ваквиот став на Макрон од Вашингтон веднаш пристигна реакција исто така во форма на прашање.

Како одговор на коментарите на Макрон, американскиот сенатор Марко Рубио, републикански член на Комитетот за надворешни односи на Сенатот, објави видео во кое вели: „Ако ставот на нашите сојузници ее дека нема да избираат страни меѓу САД и Кина поради Тајван, можеби и ние не треба да избираме страни. Можеби во основа треба да кажеме дека ќе се фокусираме на Тајван и заканите што ги претставува Кина, а вие момци повелете  справете се со Украина“. Во својата изјава на крајот Рубио прашува “Дали Макрон зборува за Макрон или дали Макрон зборува за Европа?”

Ова прашање на Рубио вчера се рашири низ европските престолнини.

„Тешко е да се види како ЕУ беше зајакната со посетите“ на Макрон и претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Кина минатата недела, изјави за Полтико еден дипломат на ЕУ под закрила на анономност.

„Кина не мрдна ниту една педа во однос на прашањата за  нејзиниот став кон Украина” вели овој европски дипломат.

Сари Архо Хаврен, професор во Центарот за безбедносни студии  Џорџ  Маршал, експерт за  Кина, вели дека  Макрон му го дава на Кси токму она што тој го посакуваше : кинеската економија да биде посилна, но и поделба на Европа која треба да биде  послаба во очите на Пекинг.  Во однос на ставот на Маркон дека Европа треба да биде трета супер сила заедно со САД и Кина професорот Хаврен вели:

„На Европа и недостасуваат речиси сите атрибути на супермоќ, освен големиот единствен пазар“.

Ноа Баркин, виш советник  во GMF ( Германски маршал Фонд) во врска со овие ставови на Макрон вели дека францускиот претседател  се залага за визија за светот што не се споделува во другите европски метрополи. “Притоа, тој ризикува да ја подели Европа и да ги искомплицира односите со најтрансатлантската американска администрација што сме ја виделе во многу години“ изјави Баркин.

Во одбрана на Макрон истапи поранешниот француски амбасадор во САД  во Твитер дебата на ова прашање вели дека трансатлантската заедница олицетворена во НАТО нема мандат во Азија

„Макрон не го кажа тоа a нашиот сојуз не ја покрива Азија“, напиша поранешниот француски амбасадор во САД.

По оваа посета на Макрон На Кина и неговите ставови за односите со САД јасно е дека на повидок е жешка дебата за тоа дали сојузот на Европа со Соединетите Држави е ограничен на Европа и нејзиното соседство или се протега на азиско-пацифичкиот регион?

 

Емануел Макрон Кина Тајван трансатлански односи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
shortcut
ФОКУС
May 26, 2026

Албанија незапирливо кон ЕУ – ја отвора и последната фаза од преговорите

ВЕСТИ May 26, 2026

Албанија влегува во нова, финална фаза од преговорите со Европската Унија.

Собранието усвои ново државно задолжување од 260.000.000 евра

May 26, 2026

САД извршија нови напади врз Иран – Техеран се заканува со построг одговор

May 26, 2026

САД го нападнаа Иран – велат во превентивна самоодбрана

May 26, 2026
ТИКЕР

Петнаесетмина повредени во Белград откако трамвај излетал од шините и се забил во зграда

May 25, 2026

Бомба разнесе воз со воен персонал во Пакистан

May 24, 2026

Германски пензионер бил монструзоно мачен до смрт – осомничени се државјани на БиХ, Србија и Македонија

May 23, 2026

Критична состојба во Калифорнија поради закана од експлозија на хемикалија – евакуирани 40 илјади граѓани

May 23, 2026

Јанез Јанша избран за премиер на Словенија

May 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.