Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Реакција на ЗЏМ: Седум години работиме во просториите на Филхармонија, никого не сакаме да узурпираме

0
By Ана Василевска on April 10, 2023 ВЕСТИ, КУЛТУРА
ЗЏМ Филхармонија
ЗЏМ Филхармонија
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, April 10, 2023 10:11

По прашината која се крена околу сместувањето на новооформираната  културна институција „ЗЏМ Биг Бенд Оркестар“ во просториите на Филхармонија, на предлог и одлука на министерката  за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска, а на што се спростиставија дел од вработените на Филхармонија, од ЗЏМ реагираат:

„Во контекст на едноставно објаснување на настаната ситуација, по одлуката објавена од страна на Министерството за култура и Владата на Република Северна Македонија, сакаме да појасниме неколку точки. Најпрво, би сакале да изразиме благодарност на одлуката на Министерството и Владата за времено сместување на Оркестарот во просториите на Филхармонија и воедно да се заблагодариме за огромната поддршка од колегите од регионот и целата македонска јавност.

Нашата индивидуална соработка со членовите на Филхармонија е многу подолга, но со биг бендот, конкретно во овие простории, ние работиме веќе 7 години и во овој период не сме наишле на проблеми од било каква природа.  За време на припремите и пробите никогаш не добивме забелешки дека овие активности на било каков начин ја попречуваат работата на Филхармонија. Напротив, пробите се правеа тогаш кога во просториите, поточно во една просторија, немаше други активности од оркестарот и ансамблите на Филхармонија, или не беа користени за друг тип приватни настани.“, се вели во соопштението до јавноста.

Според нив, од неформалните разговори со колеги и пријатели од Филхармонија, доаѓаат  до сознанија дека можеби целиот концепт за нивното евентуално работење во зградата на Филхармонија е погрешно претставен, па оттаму произлегуваат и сите неосновани реакции.

„Тврдењата дека Оркестарот за џез музика брои 50-60 музичари се потполно погрешни. Секој џез биг бенд ансамбл е составен од 17 – 20 музичари. Тврдењето дека на музичарите од Филхармонија ќе им бидат узурпирани гримиорните е исто така неосновано. Можеме да гарантираме дека ова никогаш не било земено во предвид, ниту пак некогаш ќе се случи. Погрешно е и тврдењето дека ќе узурпираме простор во веќе постоечкиот дел на административниот дел на зградата, затоа што тоа е невозможно да се случи и би ја попречило и нашата работа. Одржувањето на пробите во зградата би се реализирало исклучиво во малата или големата сала, во термините кога овие простории се слободни. Концертите исто така би се случувале во денови кога Филхармонијата нема програма.“, појаснуваат тие.

Тие се надеваат дека ќе се смират страстите и ќе продолжат да соработуваат со колегите и во иднина.

„Ги даваме овие појаснувања со цел да помогнеме во тековниот процес, и да ја објасниме  целата ситуација која изгледа дека е излезена од вистинскиот контекст, со надеж дека ќе следи процес на смирување на страстите помеѓу колегите и пријателите со кои работиме заедно долг временски период, а сакаме да продолжиме да соработуваме и во иднина.“

Тие очекуваат дека министерството за култура ќе продолжи со активностите до конечно оформување на институцијата, со цел поскоро започнување на нивната официјална концертна дејност.

А. В. 

 

Бисера Костадиновска - Стојчевска ЗЏМ Македонска филхармонија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

Крим повторно на светската агенда: Самит во Њујорк за репресијата, милитаризацијата и деокупацијата

September 22, 2026

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.