Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Шмит упати последен апел за формирање на влада на ФБиХ

0
By Ана Василевска on April 7, 2023 ВЕСТИ, РЕГИОН
Кристијан Шмит
Кристијан Шмит
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, April 7, 2023 13:36

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Кристијан Шмит денеска упати апел до политичарите во Федерацијата Босна и Херцеговина да формираат влада.

Тој наведе дека ако не биде постигнат договор тој е подготвен да реагира.

„Ова е последен повик за да се вразумат политичарите“, истакна Шмит.

Тој истакна дека лично е решен да се погрижи граѓаните на ФБиХ да имаат влада без разлика на нивната политичка, национална или верска припадност.

„Очекувам ова прашање наскоро успешно да биде решено, нема да има дополнителен повик“, рече Шмит.

Вчера беше крајниот рок ФБиХ да формира влада по општите избори одржани на почетокот на октомври минатата година, но тоа не се случи.

Согласно Уставот на ФБиХ за формирање влада се бара согласност од претседателот на ФБиХ и од двајцата потпретседатели.

Претседателката на ФБиХ Лидија Брадара (ХДЗ БиХ) и Игор Стојановиќ (СДП) дадоа согласност за формирање ентитетска влада, додека бошњачкиот потпретседател Рефик Лендо (СДА) не даде согласност, истакнувајќи дека Партијата за демократска акција, која на минатогодишните општи избори освои најмногу пратенички места во Претставничкиот дом на Парламентот на ФБиХ и има мнозинство во Бошњачкиот клуб, треба да биде на власт.

БиХ Влада на БиХ Кристијан Шмит
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 15, 2026

Иранските медиуми објавија детали од договорот меѓу САД и Иран

ВЕСТИ June 15, 2026

Иранските државни медиуми објавија нацрт-договор од 14 точки, иако ниту една страна официјално не го…

Иран поделен за договорот со САД – протести, обвинувања за капитулација

June 14, 2026

Трамп: Утре ќе потпишеме договор со Иран, Ормутскиот теснец повторно ќе биде отворен

June 13, 2026

Трамп: Не знам дали слушнавте – денеска ја завршивме војната со Иран

June 12, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.