Author: Ана Василевска
Министерот за надворешни работи на Полска, Радослав Сикорски денеска изјави дека од рускиот амбасадор во Варшава, кој беше повикан во Министерството за надворешни работи, ќе биде побара да објасни како руските крстосувачки ракети насочени кон Украина упаѓаат во полскиот воздушен простор. „Тоа е веќе (не знам) кој по ред таков инцидент. Тоа е апсолутно недозволиво. Ќе бараме објаснување, но секако ќе добиеме некаква демагогија“, изјави Сикорски за полските медиуми. Во раните зори вчера, за време на силниот напад на Украина, руска крстосувачка ракета насочена кон областа околу Лавов, во близина на границата на Украина со Полска, навлегла 39 секунди, околу…
Премиерот Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорот на Италија во земјава Андреа Силвестри, на која е истакнато големото и искрено пријателство помеѓу двете земји создадено во 30-те години од воспоставувањето на дипломатските односи помеѓу државите, соопшти владината прес-служба. Џафери и Силвестри констатираа дека Северна Македонија и Италија имаат високо развиени билатерални односи и се доверливи партнери во НАТО Алијансата. Италијанската Република, како што беше посочено, е силен и голем поддржувач на Република Северна Македонија во сите демократски и реформски процеси. Посебно се потенцираше значајната улога на Италијанската Република во евроинтеграциите на Западен Балкан и конкретно на Северна Македонија во…
„Во тој случај сите бевме потресени, тоа е еден таков немил настан што во последните 30 години не паметиме како граѓани, но во целата таа неубава случка која се случи македонската полиција постапи професионално, навремено и брзо“ рече дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев во утринската програма на Клан во врска со убиството на Вања. Тој додаде дека во рок од неколку дена беа спроведени и нарачателите и луѓето кои го спроведувале. „Ова што го зборувам не е од политичка гледна точка или некого да бранам ова го зборувам и по извештајот кој го нарача Панче Тошковски во…
Во Брисел со посредство на ЕУ почна трилатералната средба на главните преговарачи во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, на која присуствуваат и експерти, јави дописникот на МИА од Белград. Делегацијата од Белград, предводена од директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ и делегацијата од Приштина, предводена од Бесник Бисљими, започнаа разговори без претходни одвоени билатерални средби со европскиот посредник Мирослав Лајчак. Тема на разговор треба да биде одлуката на Приштина за готовинските трансакции, оптекот, односно за забраната за користење динари на Косово. Претходната средба како дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина се…
„Во Македонија не постои друга поделба освен тоа дали си за европска Македонија, за европски вредности, европеизација или си против тоа“. Ова е констатацијата од изјавата за „Фронтлајн“ на Ерол Ризаов, новинар и публицист со долгогодишно искуство во журнализмот, запрашан за предностите и слабостите на двајцата главни ривали за претседателската трка, социјалдемократот Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова од конзервативната десница. – Стево Пендаровски, сегашниот претседател, има кристално јасна и конзистентна позиција подолг период. Уште од неговата прва појава во политичката сцена, како советник во кабинетите на тогашните претседатели Бранко Црвенковски и Борис Трајковски, имаше јасна определбата и особено од…
Јавниот обвинител Башким Бесими е избран за нов член на Советот на јавните обвинители, од редот на јавните обвинители од подрачјето на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија. Од вкупно 12 јавни обвинители од републичкото Јавно обвинителство со право на глас на изборите одржани во петокот за Бесими гласале шест, додека останатите кандидати Наум Паноски добил четири и Ферат Елези два гласа. Советот е составен од 11 члена, од кои по функција член е републичкиот Јавен обвинител, шест члена ги избираат јавните обвинители на непосредни избори и четворица членови ги избира Собранието. Мандатот на избраните членови на Советот трае четири…
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ѝ соопшти на својата партија Национално-либералното движење (ЛИКУД) дека нема да се откаже од нацрт-законот со кој на ултраортодоксните Евреи им се дава ослободување од регрутирање во израелските одбранбени сили. Нетанјаху го најави ова поради најавата на членот на воениот кабинет Бени Ганц дека ќе ја напушти владата и дека неговата партија Национално единство ќе ја напушти коалицијата доколку законот биде усвоен, пишува „Џерусалим пост“. Ултраортодоксните воено способни мажи во Израел со децении можеа да го избегнат регрутирањето со запишување за студенти во Јешива за проучување на Тората и со добивање повторено едногодишно одложување на…
Активностите на учесниците на двојните избори за претседател на 24 април и за пратеници на 8 мај се интензивираат. Најголемите политички партии викендов ги презентираа програмите за парламентарните избори, а дел ги промовираа и носителите на листите за пратеници, како и претседателските кандидати. Денеска се очекува да биде познат и редоследот на кандидатите за претседател на избирачкото ливче. Државната изборна комисија напладне ќе изврши ждрепка за утврдување на редоследот во единствената листа на кандидати за претседател на државата, а потоа и ждрепка за распределба на рекламните паноа и билборди. Роковите за изборните дејствија течат, донесени се одлуки за едукација на…
Музичката сцена и целата македонска јавност со неверување и длабока жалост вчера ја прими веста за смртта на Мирко Попов, еден од највлијателните и најуспешни скопски диџеи, музичари, композитори, текстописци, издавачи и продуценти. Попов е роден во 1972 година во Скопје. Израснат во Градски ѕид, како што и самиот велеше во неговото „кучкар маало“, почнува да купува плочи и ја засакува музиката уште од основното училиште, што логично резултираше со првите роденденски диџеј сетови во раните 80-ти години на 20тиот век. Неколкуте авангардни музички револуции во 80-тите, но и неверојатно високиот квалитет на поп музиката од тоа време помагаат да…
Американскиот лендер без посада кој стана првото приватно вселенско летало на Месечината „засекогаш се исклучи“, соопшти компанијата што го изгради. Intuitive Machines со седиште во Хјустон викендов соопшти дека вселенското летало, наречено Одисеј, не се пријавило дома минатата недела кога се предвидувало дека неговите соларни панели ќе добијат доволно сончева светлина за да го вклучат радиото. Лендерот се спушти на Месечината под нестабилен агол на 22 февруари, но сепак успеа да заврши неколку тестови и да испрати фотографии пред да заврши неговата мисија една недела подоцна, затоа што влезе во повеќенеделна лунарна ноќ. Intuitive Machines се надеваше дека лендерот ќе…
Разговорите меѓу одговорните на железничките станици на денот на железничката несреќа кај Темпи на 28 февруари 2023 година, објавени тогаш во грчките медиуми биле монтирани за, веројатно, да се зајакне тврдењето дека причината за судирот на двата воза е човечка грешка, објави весникот „То вима“, текст што предизвика низа реакции во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Лидерот на СИРИЗА Стефанос Каселакис побара од грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да си поднесе оставка, додека пак преседателот на ПАСОК Никос Андрулакис ги повика опозициските партии да ја поддржат неговата иницијатива за доставување предлог за гласање недоверба на Владата. Веднаш по несреќата…
Украина би можела да добие неочекувана добивка од 1 милијарда евра од имобилизираните руски средства веќе во јули, изјави шефицата на Европската комисија Урсула фон дер Лајен. Соопштението дојде доцна синоќа , откако 27-те лидери на блокот го поддржаа предлогот на Брисел да и се даваат на Украина до 3 милијарди евра годишно камати од руските средства кои се замрзнати во депозитари во земјите-членки на ЕУ. Огромното мнозинство од профитот ќе се искористи за вооружување и опремување на украинските вооружени сили, бидејќи тие продолжуваат да се спротивставуваат на руската агресија. „Постои силна поддршка за користење на неочекуваните профити или приходи…