Subscribe to Updates
Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.
Author: Ана Василевска
На 5 октомври 2021 година, Независната комисија за сексуална злоупотреба во Француската католичка црква го објави својот извештај. Нејзините откритија беа застрашувачки. Од 1950 до 2020 година, повеќе од 330.000 малолетници биле жртви на сексуална злоупотреба од страна на свештеници или мирјани во рамките на Црквата. Како одговор, беа создадени две независни тела за да се занимаваат со репарации: Националното тело за признавање и репарација, и Комисијата за признавање и репарација. Повеќе од една година подоцна, дали жртвите успеаја да најдат мир? Далеку од тоа, вели една од жртвите Ненси Кутурие. Таа била нападната и силувана како дете и била…
Бројот на загинати во самоубиствениот бомбашки напад што се случи вчера наутро во во џамија во северозападен Пакистан, до денес се искачи на 88 , соопштија официјални лица за Еуроњус. Нападот на сунитска џамија во голем полициски објект беше еден од најсмртоносните напади врз пакистанските безбедносни сили во последниве години. Повеќе од 300 верници се молеле во џамијата во градот Пешавар, , кога бомбашот го активирал елекот со експлозив. Експлозијата одекнала низ џамијата, при што загинале и беа повредени голем број луѓе, а исто така е разнесен и дел од покривот. Тоа што останало од покривот потоа паднало, повредувајќи многу…
САД ги повикуваат Бугарија и Северна Македонија да ја деескалираат својата реторика и брзо да ги решат билатералните спорови. Ова за Гласот на Америка го соопштиле од Стејт департментот, одговарајќи на прашањето како ја коментираат одлуката на Бугарија да го повлече бугарскиот амбасадор од Скопје. „Иднината на Северна Македонија е во ЕУ. САД продолжуваат да ја поддржуваат целосната евроатлантска интеграција на земјата“, се вели во изјавата од Стејт департментот. Бугарија минатата недела го повлече амбасадорот по нападот на секретарот на бугарскиот клуб „Борис Трети“ во Охрид. Шефот на бугарската дипломатија Николај Милков тогаш најави дека нивниот амбасадор ќе остане во Софија…
Борјан Јовановски Новиот претседател на Чешка, Петр Павел е роден на 1 ноември 1961 година. Неговиот татко е воено лице, причина повеќе Павел да заврши средно воено училиште а потоа да дипломира на воениот универзитет во Вишков, каде што стана член на чехословачката комунистичка партија. Дипломира во 1983 година. Брзо потоа раководи со елитен вод за воздушно извидување во Простјов. Потоа, во 1988 година, Павел беше избран за постдипломска обука за разузнавање на воената академија во Брно. Неговата рана комунистичка припадност впишана во биографијата, ќе го прогонува Павел за време на претседателските избори. Во своја одбрана, тој вели дека се…
Шефот на финската дипломатија Пека Хависто денеска изјави дека Финска планира да се приклучи на НАТО во исто време со Шведска. „Нашата силна желба е заедно со Шведска да влеземе заедно во НАТО“, посочи Хависто. Тој додаде дека Самитот на НАТО во Вилнус во јули сè уште е „важна пресвртница“ и оти се надева дека двете земји дотогаш ќе бидат членки на Алијансата. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган претходно стави до знаење дека Анкара може да се согласи Финска да влезе во НАТО пред Шведска, а причината се зголемените тензии со Стокхолм. Истиот став денеска го потврди и турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
Наставниот кадар е многу важен елемент, а 2022 година не беше лесен период, оцени министерот за образование Јетон Шаќири на годишната конференција „Година за нови можности“. „Не беше лесно особено во настојувањето за повисоки плати, но со поддршката од Владата направивме добар чекор во насока на повисоки плати во секторот. 15 проценти кои ги постигнавме во 2022 година, но секогаш и понатаму ќе работиме за подобри условви на сите што работат во основно и средно образование. Освен платата што е мотивација, мотивација се и добрите услови во училиштата, Тоа ни е важен приоритет. Во повеќе од 100 училишта низ целата…
Капитални инвестиции во културата не се оние ако инвестирате во театар чии темели се потонати во вода, изградба на споменици на кои ќе се плашите да им го изговорите името, или ако го преслечето минатото. Тоа е скрнавење а не инвестиција, рече министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска на денешниот панел насловен „Капитални и инфраструктурни проекти за подобар квалитет на живот и развој на културата во услови на криза“ како дел од владината годишна конференција „Година на нови можности“, што денеска и утре се одржува во хотелот „Александар палас“. Според Костадиновска-Стојчевска влогот во културата е влог во нашата потпора а…
Арсовска стави клуч на салата, ракометарите на Македонија Ѓорче Петров тренираат по улици и паркинзи
Вистинска голгота преживува ракометниот клуб Македонија Ѓорче Петров од истоимената скопска населба откако во вториот дел од ракометната македонска прва лига останаа без сала за своите тренинзи и натпревари. Спортската сала во средното училиште Кочо Рацин која со години ја употребуваа, веќе не им е достапна, откако градоначалничката Данела Арсовска и Град Скопје решија да ја стават вон употреба затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари, иако салата со години ги задоволува условите за одржување на тренинзи и натпревари. Револтот кај љубителите на ракометот и кај ѓорчепетровци е огромен, а…
Американската Амбасада во Турција денеска ги предупреди Американците за можни терористички напади врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва во Истанбул, што е второ вакво нејзино предупредување во последните четири дена, особено по палењето на Куранот на неколку места во Европа. Американската Амбасада предупреди на можни одмазднички терористички напади во областите на Истанбул каде што често има западни туристи, особено во областите Бејоглу, Галата, Таксим и Истиклал. Неколку амбасади во Анкара, вклучително и на САД, Германија, Франција и Италија, во петокот издадоа предупредувања за можни напади на места за богослужба, по одделните инциденти во кои беа палени Курани во Шведска, Холандија…
Министерството за култура, во соработка со Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, распиша конкурс за откуп на необјавен и непоставуван македонски драмски текст. Како што соопштија од Министерството, целта на конкурсот е афирмација на современата македонска драма и збогатување на фондот на драмски текстови од македонски автори. Право на учество имаат сите автори, државјани на Северна Македонија, кои може да конкурираат со најмногу два македонски драмски текста кои не биле објавени ниту поставени на сцена претходно. Приоритет ќе имаат текстовите кои поттикнуваат и промовираат млади домашни драмски автори, текстови кои ја афирмираат современата македонска драма, иницираат зголемено учество на…
Љубчо Георгиевски во гостувањето емисијата кај Васко Ефтов рече дека во негово време Борис Стојменов, Марјан Ѓорчев и Никола Груевски немаат една банка донесено во ВМРО-ДПМНЕ. „Стојменов беше неспособен и сите работи ги тераше за себе. Ми зборуваа за него дека е антиреформатор. Од светска банка и ММФ три пати ми кажаа дека не се работи со него. Монополизирал кај него да се печати се од министерствата, истакна Георгиевски.
Лидерот на „Движењето Европа сега“ Милојко Спајиќ ќе биде кандидат на претседателските избори во Црна Гора, објави движењето и ги повика сите партии кои ја споделуваат нивната визија за земјата да ја поддржат кандидатурата на Спајиќ. „Сега, по пошироки консултации, Претседателството на „Движењето Европа сега“ едногласно одлучи на претстојните претседателски избори да се кандидира за Спајиќ, се вели во соопштението, пренесува МИНА. Како што се додава, одлуката на Претседателството ќе биде испратена до Главниот комитет на верификација. Од тоа Движење велат дека релевантните и кредибилни истражувања на јавното мислење кои се направени, јасно покажуваат дека претседателот на „Движењето за Европа…