Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кој е Петр Павел?: Генералот кој го победи Аркан е новиот претседател на Чешка

0
By Ана Василевска on January 30, 2023 ПОЛИТИКА, СВЕТ
Петр Павел фото Би-Би-Си
Петр Павел фото Би-Би-Си
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, January 30, 2023 15:51

Борјан Јовановски 

Новиот претседател на Чешка, Петр Павел е роден на 1 ноември 1961 година. Неговиот татко е воено лице, причина повеќе  Павел да заврши средно воено училиште а потоа да дипломира на воениот универзитет во Вишков, каде што стана член на чехословачката комунистичка партија.

Дипломира во 1983 година. Брзо потоа  раководи со елитен вод за воздушно извидување во Простјов. Потоа, во 1988 година, Павел беше избран за постдипломска обука за разузнавање на воената академија во Брно.

Неговата рана комунистичка припадност впишана во биографијата, ќе го прогонува Павел за време на претседателските избори. Во своја одбрана, тој вели дека се согласил да стане член,  само за да може да биде шеф на специјалната извидувачка падобранската едница.

Од 1991 до 1993 година, Павел служел во одделот за воено разузнавање на Армијата, учествувајќи во мисијата на УНПРОФОР. За време на оваа мисија во јануари 1993 година, Павел учествуваше во акцијата што ќе му ја донесе Легијата на честа на Франција, кога неговата единица помогна да бидат спасени 50 француски војници од опкружувањето на паравоените формации кои ги преводи Аркан.

Павел беше награден за неговата работа во УНПРОФОР и од претседателот Вацлав Хавел, кој го одликуваше со Чешкиот медал за храброст.

Во 2002 година, Павел беше унапреден во бригаден генерал и ќе продолжи да зазема водечки позиции во чешката Армија, Министерството за одбрана и на различни меѓународни позиции. Во 2012 станува началник на Генералштабот на чешката армија по што во 2014 ќе биде номиниран од владата за претседател на Воениот комитет на НАТО. Петр Павел, така станува првиот генарал од Источна Европа кој ќе застане на така висока позиција во НАТО.

Павел ја имаше втората највисока позиција во НАТО алијансата во период од три години, а набргу потоа се повлече од активна служба.

Павел беше предложен како можен кандидат за претседател веќе за време на неговото назначување во НАТО, а шпекулациите за неговата можна идна кандидатура повторно се појавија набргу откако го објави своето пензионирање во 2018 година. Сепак, Павел чекаше до септември 2022 година пред официјално да објави дека ќе се кандидира за претседател. Неговото изборно мото беше: „Да го вратиме редот и стабилноста“. За да се квалификува како кандидат, Павел требаше да собере или доволен број потписи од членовите на чешкиот парламент или најмалку 50.000 потврдени потписи од јавноста. Тој го избра второто и го собра потребниот број за помалку од еден месец .

Пензионираниот, според различни аначлитичари, беше еден од главните кандидати кои беа цел на дезинформации поврзани со изборите. Кампањата на лажни вести зад која стоеа проруските структури, го опишуваше  како прозападно обучен шпион кој ќе ја направи Чешка сателит на Соединетите Држави.

Откако тесно победи  во првиот круг на изборите во средината на јануари, военото минато на Павел стана цел на она што многумина го гледаа како сурова кампања на неговиот противник Андреј Бабиш.

Поранешниот премиер Бабиш се обиде да се позиционира како кандидат за мир, сугерирајќи дека, како војник, Павел ќе ја вовлече Чешка во конфликт.

Оваа стратегија на популистот Бабиш се покажа како контраефективна , а предизборните анкети покажаа дека предноста на Павел пред неговиот противник се зголеми наместо да се намали. Овој пораст на бројките веројатно ги охрабри Дануше Нерудова и Павел Фишер, двајца кандидати кои заедно добија повеќе од 20 отсто од гласовите во првиот круг од изборите да му дадат подршка на Петр Павел.

Петр Павел треба да ја преземе функцијата во март, на местото на актуелниот шеф на државата Милош Земан. За разлика од неговиот претходник, Павел се очекува да живее во својот дом во селото Черноучек во Западна Бохемија. Сепак, тој изјави дека планира да работи во Прашкиот замок, а кога ќе биде потребно, ќе спие во традиционалната резиденција на шефот на чешката држава.

Во моментов, Петр Павел е во брак со својата втора сопруга Ева, која исто така е војник од кариера. Има два сина од првиот брак. Павел е страстен мотоциклист и како што вели, горд  сопственик на Jawa 350, една  од иконите на  мотоцикли во некогашна  Чехословачка.

НАТО нов претседател Петр Павел Чешка
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.