Author: Ана Василевска

Бројот на убиени новинари минатата година е за 50 отсто поголем во споредба со 2021 година, а најголем број жртви се регистрирани во Хаити, Украина и Мексико, се наведува во најновиот извештај на Комитетот за заштита на новинарите (ЦПЈ). Во 2022 година убиени се 67 медиумски работници, што е најсмртоносна за новинарите од 2018 година. Најмалку 41 од нив биле убиени додека поради нивната работа, додека се уште се истражуваат мотивите за другите 26. Во Украина убиени се 15 медиумски работници, во Мексико 13, а на Хаити седум. На Хаити, некои загинаа од улични банди, а најмалку двајца новинари беа…

Read More

По средбата со претседателката на Грција Катерина Сакеларопулу, лидерот на опозициската партија СИРИЗА, Алексис Ципрас, побарал оставка од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, кого го нарекол „премиер на прислушувањата“, објави грчката новинска агенција АНА-МПА. Ципрас рекол дека се сретнал со Сакеларопулу за да ја изрази неговата загриженост за „прекршувањето на владеењето на правото“, а во изјавата за медиумите по средбата посочил дека „податоците од Службата за заштита на приватност на комуникациите (АДАЕ) потврдуваат дека Националната служба за разузнавање која е во одговорност на премиерот под изговор дека станува збор за национална безбедност ја прекршила приватноста на комуникациите и прислушувал разговори на…

Read More

Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од Кавадарци за кривично дело – Насилство од член 386 став 6 во врска со став 1 од Кривичниот законик, информираат од ОЈО. Како што информираат од ОЈО, откако насилникот претходно повеќе пати ѝ пишувал пораки преку апликацијата „Вибер“ во кои ѝ се заканувал дека ќе ја повреди и ќе ја убие оштетената со која порано бил во љубовна врска затоа што му кажала дека веќе не сака контакт со него, на 16 јануари, осомничениот дошол од Кавадарци каде што живее, со неговото возило и го паркирал…

Read More

Шпанската влада свика втор итен состанок на експерти за семејно насилство за помалку од еден месец, по убиствата на шест жени и една млада девојка од почетокот на јануари. Владата во Мадрид ја разгледува идејата да ги информира злоупотребените жени за тоа дали нивните партнери се осудени за кривични дела насилства, објави Гардијан. Шпанскиот кризен штаб за решавање на проблемите поврзани со насилството последен пат се состана по убиствата на 11 жени во декември минатата година. „Во јануари досега се убиени шест жени и едно осумгодишно девојче од сексистичко насилство.„Министерството свикува состанок на кризниот комитет во петок за детално да…

Read More

Номинациите за овогодишните „Британски музички награди“ (Brit Awards) предизвикаа лавина коментари на интернет, откако ниту една жена не беше номинирана во категоријата „Најдобар изведувач“. Во трката за тоа признание се Стормзи, Централ Си, Фред Аген, Џорџ Езра и Хари Стајлс. „Брит-наградите“ одлучија да ги укинат родовите категории од 2021 година, заради поголема „инклузивност“, што беше поттикнато и иницирано од пејачите Сем Смит, Вил Јанг и неколкумина други. Сем Смит, кој се изјасни како небинарен во 2019 година, па таа година автоматски беше исклучен од категоријата за најдобар машки изведувач, и покрај тоа што беше успешен уметник кој, според многумина, заслужи…

Read More

Неколку високи украински функционери во вторникот најавија оставки поради штетен корупциски скандал. Извештаите за непристојни игри во високите канцеларии во Украина се појавија во текот на викендот, околу незаконските плаќања на замениците министри и пренапумпани воени договори. Заменик-министерот за одбрана Вјачеслав Шаповалов, заменик-шефот на претседателската администрација Кирило Тимошенко и заменик-јавниот обвинител Олексеј Симоненко се меѓу службениците кои поднесоа оставки. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека се вршат кадровски промени на високи и пониски нивоа. Сепак, скандалот може да го намали западниот ентузијазам за владата во Киев, која има долга историја на несигурно владеење, особено во време кога бара поголема воена…

Read More

Едвин Вагенсвелд, водачот на холандското движење Патриотски Европејци против исламизацијата на Западот (ПЕГИДА), викендов во Хаг го искина Куранот.Вагенсвелд на својот Твитер-профил сподели видео на кое го кине Куранот пред зградата на Парламентот во Хаг.За време на инцидентот бил сам и се се одвивало под полициска заштита. Тоа му било дозволено под услов да не го запали Куранот по примерот на саботниот инцидент во Шведска, објави турската агенција „Анадолија“. Во продолжение на споделеното видео се гледа како искинатите страници од Куранот се запалени во тава, на друга локација. Овој инцидент се случи веднаш по оној од  инцидентот во саботата во…

Read More

Северна Македонија имаше импресивен почеток на процесот на скрининг кој започна минатата година. Домашните реформски напори се клучни за продолжување на овој напредок, со вистинска посветеност на сите засегнати страни, како и со национална сопственост, отчетност, транспарентност и професионалност. Реформите во областа на судството и владеењето на правото се клучни за регионот како целина, како и за Северна Македонија, вели во интервју за Локално шведската амбасадорка во земјава, Ами Ларсон Џаин. Пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ е поддржано од Шведска, вели таа, и она што останува суштинско е домашната реформа, која ќе започне и ќе заврши со кластерот фундаментите…

Read More

Бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година е намален за 4,3 проценти во споредба со 2021, информира на денешниот брифинг министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска. Новоевидентирани жртви на семејно насилство за 2022 година, согласно податоците од центрите за социјална работа, се 1 543 лица, од кои најголем дел се жени – 1 074, мажи – 252 и 227 деца. За споредба, во 2021 година, бројот на жртви на семејно насилство бил 1 608. Најголем број на жртви, како што информира министерката, има во Скопскиот регион, односно 530 жртви, а најмалку во Североисточниот регион – 60.…

Read More

Доколку се водиме според напредокот кој се случи во 2022 година, имаме причина да бидеме оптимисти за глобалната насока на патување кога станува збор за истополовите врски, велат ЛГБТК активистите. Во втората половина од годината, имаше наплив на движења за декриминализирање на истополовата интимност во Сингапур, Сент Китс и Невис, Барбадос и Антигва и Барбуда. Ова беа некои од последните земји со историја на закони од колонијалната ера кои сè уште забрануваат таква активност. „Се чувствува доаѓањето на некаква пресвртна точка“, вели Нила Гошал, виш директор за право, политика и истражување во невладината организација за глобално застапување Outright International. Ваквиот…

Read More

„Апасиев и Мицкоски водат мртва трка во национализам и кој повеќе се додвори на националистичките гласачи, наместо да се во трка на идеи за иднината на државата“ изјави потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев во „Топ тема“ на Телма. Тој додаде дека Апасиев предничи во освојувањето на националистичките гласови со неговите  ултранационалистички и десничарски настапи, кои честопати вклучуваат и вртење кон црквата и историјата, нешто што е смешно за партија што се вика Левица. „Мицкоски го следи темпото на Апасиев и во некои изјави е дури и порадикален за да стигне до ова гласачко тело, затоа велиме дека тој е заложник.…

Read More

Бугарските пратеници денеска нема да дебатираат за односите со Северна Македонија затоа што министерот за надворешни работи Николај Милков не дојде во Народното собрание поради други обврски. Расправата за Северна Македонија и, како што беше најавено, последниот физичкиот напад врз бугарски државјанин во Охрид, е тргната од дневниот ред на денешната собраниска седница. Потпретседателот на бугарскиот парламент Росен Жељазков на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека поради службено патување на Николај Милков надвор од државата, дебатата мора да биде одложена. Предлогот за ставање на оваа точка на дневниот ред на денешната седница беше на барање на…

Read More