Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Намален бројот на жртви на семејно насилство, најголем дел се жени а сторителите мажи

0
By Ана Василевска on January 24, 2023 ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, January 24, 2023 13:23

Бројот на жртви на семејно насилство во 2022 година е намален за 4,3 проценти во споредба со 2021, информира на денешниот брифинг министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Новоевидентирани жртви на семејно насилство за 2022 година, согласно податоците од центрите за социјална работа, се 1 543 лица, од кои најголем дел се жени – 1 074, мажи – 252 и 227 деца. За споредба, во 2021 година, бројот на жртви на семејно насилство бил 1 608.

Најголем број на жртви, како што информира министерката, има во Скопскиот регион, односно 530 жртви, а најмалку во Североисточниот регион – 60. По Скопскиот, најголем број жртви има во Пелагонискиот регион, односно 241 жртва.

Најпријавувано е психолошкото насилство, потоа физичко насилство, има шест случаи на сексуално насилство, како и економско насилство.

Во делот на типот на насилството најголем дел од жртвите биле жртви на психолошко насилство – 1 051 жртва, после психолошкото насилство доаѓа физичкото насилство со 846 жртви. Имаме пријава на сексуално насилство од страна на шест жртви и 25 жртви се жртви на економското насилство, информира Тренчевска.

Согласно податоците, како сторители на семејно насилство се евидентирани 1.382 лица, од кои најголем дел се мажи, односно 1.258, а 114 се жени.

Од страна на центрите за социјална работ до граѓанските судови се поднесени 2.095 барања за привремени мерки за заштита на жртвите на насилство, а од страна на граѓанските судови се изречени 1.823 привремени мерки за заштита. Во сите плански региони имаме отворени советувалишта за жртви на насилство, имаме отворено советувалиште за насилници и имаме отворено шелтер центри за сместување на жртви на насилство. Во 2022 година имаме 83 жртви коишто се сместени во шелтер центри во државата, заклучи Тренчевска.

Жени жртви на семејно насилство министерство за труд и социјална политика семејно насилство
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Мицкоски во маѓепсаниот круг на европските интеграции

October 18, 2026

Од бразилски ритми и електронски експерименти до француска џез-авангарда: Завршна вечер на 45. Скопски џез-фестивал

October 18, 2026

Шест кандидати за градоначалник во Брвеница во трка за гласовите на 16.256 избирачи

October 18, 2026

Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

October 17, 2026

Студентски протести и судири со полицијата во Албанија и Италија

October 17, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.